Home Blog Page 4290

Меси испиша историја – целиотс свет му аплаудира!

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси на мечот со Севиља постигна уште едно импресивно достигнување со дресот на Каталонците.

Имено, Аргентинецот се запиша во листата на стрелците на мечот со Севиља, а тоа воедно беше неговиот 500-ти во каталонскиот дрес.

Уште минатата сезона Меси стана најдобар стрелец на клубот на сите времиња. Постигнувањето е уште поимпресивно, со оглед дека тој ги постигнал своите 500 гола во 592 натпревари, а освен тоа има направено и 268 асистенции.

Последната од нив, исто така, дојде против Севиља, кога тој го изработи победоносниот гол на Луис Суарез.

Добри вести: Окото на Ван Перси е во ред!

Поранешниот холандски репрезентативец, Робин Ван Перси се чувствува добро и видот не му е загрозен, откако го повреди левото око на натпреварот помеѓу Фенербахче и Акхисар.

Ван Перси доби силен удар во окото што предизвика сериозно крварење. Веднаш го испративме кај офтамолог, кој по прегледите нé информираше дека повредата не е сериозна“, изјави клупскиот доктор на Фенербахче.

Поранешниот фудбалер на Феенорд, Арсенал и Манчестер Јунајтед во еден дуел доби силен удар во левото око, што предизвика обилно крварење и страв дека видот на левото око му е загрозен. Сепак, дополнителните прегледи покажале дека повредата не е сериозна.

Гол од 110 милиони евра – „му легна на нога за сите пари“

Голот на Погба против Свонси ќе се памети долго.

Еве ги сите голови од мечот Свонси-Манчестер Јунајтед.

„Во здраво тело, здрав дух“ – порачува Џенифер Лопез

Латино ѕвездата во последно време сака што повеќе да се експонира во јавноста, па секси селфи фотографија од спалната соба е само еден од начините да го направи тоа.

A photo posted by Jennifer Lopez (@jlo) on

„Во здраво тело, здрав дух“ – вели Лопез. Сепак, сигурно не ја постираше фотката за да покаже дека „пука“ од здравје, туку за да собере што повеќе лајкови.

СПОДЕЛИ МУЗИКА: Оливие Либо со Барбара Карлоти – Le Petit Succès, шармот на француските ритми

Оливие Либо е француски музичар, продуцент, текстописец и гитарист, кој е еден од основачита на култниот музички бренд Nouvelle Vague. Овој пат, еве го во тандемски сингл проект со Барбара Карлоти – лесна и игрива песна за поубаво и повесело расположение.

Завршена конструкцијата на „Џејмс Веб“ – најголемиот вселенски телескоп во историјата

НАСА објави дека е завршена конструкцијата нанајголемиот вселенски телескоп некогаш направен од човекот, кој е нарачен „Џејмс Веб“.

Најмоќен телескоп во земјината орбита моментно е „Хабл“, кој е лансиран во 1990 година и се наоѓа на 500 километри од нашата планета. Преку него се дојде до многу сознанија и откритија извонредно полезни за науката.

Изработката на „Џејмс Веб“, која беше комплетирана вчера, започна во 1996 и се одвиваше во „Годард Спејс Флајт“ центарот во Мериленд. Целиот проект, сосе тестирањето и лансирањето, чини околу 9 милијарди долари.

Сега следуваат тестирања околу стабилноста и издржливоста од надворешни влијанија, како на пример – температурни промени. Пред лансирањето, „Џејмс Веб“ ќе биде монтиран на штит со големина на едно тениско игралиште

Новиот телескоп е предвидено да биде лансиран во октомври 2018, на 1,5 милиони километри од Земјата.

Нова светлина фрлена врз фотографскиот класичен убавец Leica

Германскиот производител на фотографска техника Лајка (Leica) со години е во криза, заради силната конкуренција и високите цени. Компанијата инвестира во истражувачка и развојна дејност, но дали ќе успее да се врати на врвот?

Дејвид Боуви имал еден, Скарлет Јохансон исто, а Лени Кравиц со својот направил цела книга – фотоапаратите Лајка се најпознатиот производ на водечкиот во минатото германски сектор за фотографска техника. И покрај тоа, од средината на 60-ите години до средината на минатата деценија, есенската компанија пропаѓа од една криза во друга.

– Годините меѓу 2001 и 2005 беа најтешките, раскажува Андреас Кауфман, мнозински сопственик и претседател на надзорниот совет на Leиca Camera AG.

– Во 2005 година, компанијата беше скоро пред банкрот, дополни тој.

7-11-leica1

Сега, компанијата со средна големина и околу 1.600 вработени има намера повторно да се искачи на врвот на теничкиот напредок – всушност, првпат по 20-ите години од минатиот век кога неговите фотоапарати предизвикаа револуција во фотографијата со распространувањето на 35-милиметарскиот формат, кој се уште широко се користи.

Лајка одамна се бори со еден голем проблем – и покрај својата висока цена, фотоапаратите се многупати критикувани дека технолошки заостануваат. И покрај тоа што до средината на 50-ите години таа беше водечка на интернационалниот пазар, германската фотографска индустрија веќе многу години заостанува зад своите јапонски конкуренти. Главниот продукт на компанијата – моделот Лајка М, на пример, и до сега нема автофокус.

Кауфман влегол во Лајка во средината на минатата деценија.

– Помеѓу 2005 и 2009 година се преструктуриравме. Инвестиравме многу пари во истражувачка и развојна дејност, кои извесно време достигнуваа и до 12 проценти од приходите, се сеќава тој.

Во меѓувреме, резултатите од големите инвестици се отплаќаат – во последниве години Лајка на пазарот претстави мноштво нови модели и пет нови производни линии. Сега Кауфман и неговите колеги сакаат да си вратат дел од загубениот пазарен уддел во сегментот на професионалната фотографија.

7-11-leica2

Како конкуренција на потврдените огледално-рефлексни фотоапарати, се наметнаа фотоапаратите без огледала со електронски екрани. Во 2015, компанијата на Кауфман се вклучи на тој силно конкурентен пазар со Лајка СЛ. Со цена од 7.000 евра за апарат без објектив, производот е вообичаени поскап од тие на конкурентите, иако беше дочекан со позитивни оценки од љубителите на фотографијата.

– Ако направите пресметка, со годините еден систем на Лајка дури изглегува и ценовно профатлив, објаснува Кауфман. Фотоапаратите и објективите на Лајка имаат долг живот, а можат и да бидат продадени по високи цени.

Но, Лајка веќе никогаш нема да стане голема компанија.

– Претпоставуваме дека нашиот пазарен дел секогаш ќе остане под еден процент, оценува Кауфман, имајќи предвид дека компанијата продава нешто под 100.000 фотоапарати годишно. Продажбите на Никон и Канон се многукратно повисоки.

– Во меѓувреме, нашиот дел од пазарот порасна но најмногу затоа што пазарот за фотоапарати се намали, дополнува тој.

Причината: смартфоните изместија голем дел од аматерските фотоапарати. На почетокот на деценијата, секторот за фотографска техника се уште очекуваше дека во 2015 година ќе продаде 140 до 150 милиони дигитални фотоапарати. Всушност, според јапонската организација од оваа бранша, ЦИПА, биле продадени едвај 40 милиони.

И покрај намалувањето на пазарот, всушност постои побарувачка за поскапите модели.

– Просечната цена оди нагоре, посочува Константин Клаус од Сојузот на германската фотоиндустрија. „Делот на скапите апарати расте“, дополнува тој.

Пазарот на фотографска техника продолжува да се развива.

– Бројот на професионални уреди и нивната специјализација се зголемува, според Клаус.

Лајка веќе развива дејност и во другиот крај на спектарот – кај смартфоните.

Во германскиот град Вецлар компанијата гради истражувачка лабораторија заедно со кинескиот производител на мобилни телефони Хуавеј. Се очекува таму да работат 50 до 60 инженери и научници, подвелкува Кауфман.

Смартфоните веќе прават подобри фотографии отколку пред неколку години, но квалитетот на снимките се уште е далеку од идеален. Кауфман го објаснува идниот развој на настаните – повеќе објективи во еден уред.

– Според мене, иднината е на ареј-технологијата за мали сензори. Тоа се мноштво оптички системи кои работата заедно и секое од нив одговара само за еден аспект на снимката, на пример – една за длабочината, една за боите, една за контрастот, објасни тој.

Со лесен и брз лек за имунитет до поздрав организам против настинката

Она што најмногу ја ослабува способноста на организмот да се избори со болестите е едноличната исхрана.

Токму затоа најважно е редовно да консумираме овошје и зеленчук, особено она што е богато со витамин С и цинк,  бидејќи цинкот го намалува траењето на настинката, а го има во јагнешкото и свинското месо, во семките и во оревите, во житариците и во морските плодови.

Потребни ви се:

100гр суво грозје

150гр ореви

100гр бадеми

сок и кора од 2 органски лимони

100гр суви кајсии

100гр суви сливи

250-300гр мед

Сомелете го сувото грозје, оревите, бадемите и лимоновата кора, додајте го сокот од лимон, измешајте и ставете ги измелените суви сливи и кајсии. Измешајте и додадете мед. Ставете ја смесата во тегла и оставете ја да постои на темно место ден-два, па потоа преместете ја во фрижидер. За деца постари од 3 години се препорачува по една лажичка два пати дневно, а возрасните по една до две лажички три пати дневно.

Стопирана работата на пругата Македонија-Грција: Ќе фрчат тужби за бугарскиот конзорциум

Прекинати се сите работи на изградбата на пругата Битола – Кременица кон Грција. Бугарскиот конзорциум што победи на тендерот не ги почитуваше договорените работи.

Министерот за транспорт и врски, Владимир Мисајловски вели дека бугарската фирма што работеше не го почитувала договорот по што ќе биде активирана банкарската гаранција.

Компанијата не го испочитува договорот, а како Влада мора да го заштитиме државниот интерес. Многу внимателно разгледувавме со ЕУ, бидејќи овој проект се гради со пари од ИПА средства, па сега процесот е во раскинат договор, а секако ќе се испочитуваат законските прописи кои важат во Македонија, и кои оставаат простор за активирање на банкарска гаранција, изјави Мисајловски.

За изградбата на оваа делница предвидени се 20 милиони евра од ИПА фондовите.

Подизведувачите, компаниите од Македонија кои беа ангажирани да работат дел од пругата за бугарскиот конзорциум се жалат дека не добиле пари за сработеното.

Мисајловски најави нов тендер за избор на нова компанија што ќе ги доврши работите околу изградбата на пругата, но за тоа, вели, дека чека инструкции од ЕУ.

Пругата е долга 17 километри и требаше да биде готова пред два месеци.

Директорот на ФБИ: Нема да има обвинение против Хилари Клинтон

Директорот на ФБИ, Џејмс Комеи пред американскиот Конгрес изјави дека прегледуваето на новооткриените имејл пораки на Хилари Клинтон не го промениле заклучокот на Федералното биро од јули оваа година, односно дека не е покренато обвинение против кандидатката на Демократската партија за нејзината употреба на приватен имејл сервер кога била државен секретар на САД.

Републиканскиот конгресмен Џејсон Чафетц потврди дека Комеи го информирал Комитетот за надзор на Конгресот за неодамнешниот заклучок на ФБИ.

Писмото на Комеи до Конгресот на 28 октомври, во кое тој ги информира законодавците за новооткриените имејл пораки поврзани со употребата на приватниот сервер на Клинтон, доведе до превирања во претседателската трка против републиканскиот кандидат Доналд Трамп, пред гласањето на 8 ноември.

Во деновите што следеа анкетите на јавното мислење покажаа дека Клинтон губи значителен дел од предноста во однос на Трамп. Тој на неговите собири постојано ја критикува Клинтон за проблемот со мејловите, велејќи дека трба да биде обвинета за злоупотреба на класифицирани информации.