Home Blog Page 4289

Мурињо и Венгер се „тепаат“ за играч на Атлетико!

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер е сериозно заинтересиран за ангажман на централниот дефанзивец на Атлетико Мадрид, Хозе Гименез.

Гименез оваа сезона го загуби местото во стартниот тим бидејќи Диего Симеоне повеќе му верува на тандемот Годин – Савиќ, па многу европски гиганти се интересираат за младиот Уругваец.

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека „топчиите“ ќе мора да подготват 60 милиони евра за 21-годишниот фудбалер, за кого се интересира и менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо.

Договорот на Гименез со „јорганџиите“ истекува во 2018 година, а неговата откупна клаузула изнесува точно 60 милиони евра.

Медиумите на Островот се сигурни дека следното лето многу европски гиганти ќе се „тепаат“ за неговиот потпис, а најсериозни кандидати се секако Манчестер Јунајтед и Арсенал.

4,47 секунди – нов светски рекорд во решавање на Рубиковата коцка

20-годишниот гениј Матс Валк успеа да ја реши загатката за неверојатни 4,47 секунди. Тој е поранешен рекордер во решавање на 4×4 рубикова коцка, а исто така држи и голем број холандски и европски рекорди.

Ескимите и Индијанците имаат забегани олимписки дисциплини

На Native Youth Olimpics на Алјаска имаат навистина интересни и атрактивни. Една од нив е шутирање топче обесено на голема висина.

Хорор во Рим: Торнадо ја погоди околината на градот, Колосеумот поплавен

Околината на Рим беше погодена од силно торнадо и големо невреме, при што загинаа најмалку двајца луѓе, а повеќе се повредени.

Така, во местото Ладисполи, на 30 километри од Рим едно лице загинало кога врз него се урнал дел од зграда, а десетина се повредени. Според Corriere della Seara, 25 – годишен маж загинал кога над него се урнал дел од фасада.

Има голем број паднати дрва, и уништени продавници, но најголемите штети се на железничката станица, каде се урнала платформата.

Во населбата Чезано на северот на Рим загинал 74-годишен пензионер врз чиј автомобил паднало дрво од силното невреме. Луѓето објавуваат фотографии и видеа на социјалните мрежи во кои се гледа како торнадото минува покрај населеното место, рушејќи сè пред себе.

Оштетени се многу куќи и згради, а бурата што го предизвика торнадото исто така придонесе и за поплавени улици во Рим, додека училиштата денеска се затворени. Голем број објекти останале без покриви и надстрешници, додека некаде невремето уривало и ѕидови.

Во Рим едно од најмаркантните обележја на градот, Колосеумот е под вода.

Остануваат уште четири дена за пријавување на изборни кандидатски листи

До петок на полноќ, 11 ноември, политичките партии и независните кандидати ќе треба да ги достават листите на кандидати за пратеници. Досега само СДСМ и ДПА ги утврди кандидатските листи.

Според календарот на Државната изборна комисија на 11 ноември на полноќ истекува рокот за пријавување. До тогаш ќе трае и увидот во избирачкиот список, до кога за гласање треба да се пријават и македонските државјани кои живеат во странство. На први декември треба да се потпишат изводите од избирачкиот список.

Изборната кампања почнува на 21 ноември и ќе трае до 9 декември. Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 11 декември.

Видео: На Нејмар му се смее цел свет!

Нејамр е познат по тоа што често знае да ги посрамоти противниците со својот богат репертоар на фудбалски трикови, но на натпреварот против Севиља се избламира.

Имено, Бразилецот изведе катастрофално лош потег кој стана хит на социјалните мрежи и кој ги насмеа сите. Погледнете!

Конте купува Хрват и Аргентинец во јануари!

Челзи игра фантастично оваа сезона и до самиот крај ќе се бори за титулата во Премиер лигата, а менаџерот Антонио Конте веќе прави список на зимски засилувања.

Цеск Фабрегас не е во плановите на италијанскиот страгег, па веќе бара негова замена, а медиумите открија дека Конте сака да донесе двајцата фудбалери на „Стенфорд Бриџ“ во јануари.

Првиот е хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ кој беше мета на „сините“ уште во летниот преоден рок. Хрватот имаше тежок период во Интер од почетокот на сезоната, па се очекува „нероаѕурите“ да го продадат доколку пристигне добра понуда.

Другата желба е Хавиер Пасторе од ПСЖ. Аргентинскиот плејмејкер е желба на Конте уште од времето кога работеше во Јувентус, и смета дека ќе му донесе додатна креативност во средниот ред.

Челзи изгледа застрашувачки оваа сезона, а со овие две засилувања сигурно ќе биде главен кандидат за титулата во Премиер лигата.

А кој друг? Ибра го постигна 25.000-от гол во Премиер лигата

Манчестер Јунајтед конечно им се врати на победите и со 3:1 победи на гостувањето кај Свонси со головите на Погба и Златан Ибрахимовиќ.

Ибра постигна два гола, но првиот има особено значење и ќе биде запишан во историјата на Премиер лигата бидејќи беше јубилеен, 25.000-ти.

По мечот новинарите му соопштија дека е стрелец на јубилејниот 25.000. гол во Премиер лигата, а Златан во свој стил им одговори:

„Невозможно. Мислев дека тој гол е мој 25.000. во кариерата“, се пошегува Ибра.

Димитри Паје најави трансфер во јануари!

Вест Хем не игра добро оваа сезона, а се чини дека екипата на Славен Билиќ ќе биде во уште поголеми проблеми во јануари.

Имено, првата ѕвезда на тимот, Димитри Паје најави дека би можел да го промени клубот и тоа во зимскиот преоден рок.

Паје брилјираше на Европското првенство и многу европски гиганти покажаа интерес за неговиот потпис, но Французинот сепак остана во Вест Хем.

Меѓутоа, Паје не е задоволен во клубот и тоа се одразува на неговоте настапи оваа сезона, каде на 11 натпревари постигна само два гола и запиша пет асистенции.

„Ужасно влеговме во сезоната и не ја отфрлам можноста за заминување во зимскиот преоден рок. До сега ги бирав клубовите на основа на нивните спортски амбиции и цели. Се додека можам да играм на ова ниво ќе ги барам најдобрите клубови. Доколку ПСЖ ме сака треба само да ме контактира“, изјави Паје.

ПСЖ покажува најголем интерес за Паје, но во трката сигурно ќе се приклучат уште неколку европски гиганти.

Интер го избра новиот тренер, навивачите незадоволни!

Заврши сагата околу новиот тренер на Интер. Денес „нероаѕурите“ и официјално ќе го назначат Стефано Пиоли за наследник на Франк де Бур.

Изминативе денови главна тема на Апенините беше изборот на новиот тренер на Интер, особено поради фактот што неколку тренери беа дојдени во Милано на разговор со клубот, а во самото раководство имаше две спротиставени струи.

Иако се чинеше дека шпанскиот стратег Марселињо ќе биде новиот кормилар, сепак вчера стигна потврда дека раководството го избрало Стефано Пиоли бидејќи сакале италијански стратег.

Пиоли денес ќе потпише договор со „нероаѕурите“ до 2018 година, со клузула истиот да може да се раскине на крајот на сезоната.

Информацијата дека Пиоли ќе биде нов тренер не наиде на воодушевување кај фановите кои сметаат дека тој нема капацитет да води голем клуб и не може да биде долгорочно решение.

Новиот тренер на „нероаѕурите“ ќе дебитира во големото дерби против Милан кое на програмата е на 20-ти ноември, веднаш после репрезентативната пауза.