Home Blog Page 4288

Лекарите од Осми Септември протестираа поради инцидентот од минатиот петок

Над 200 лекари од Општата градска болница „8 Септември“, денеска од 13 до 14 часот протестираат пред болницата. Лекарите протестираат за да изразат револт од инцидентот кој се случи во петокот кога роднини и пријатели на лице што почина од срцев удар кршеа се пред себе во болницата.

Простестот беше подржан и од директорот на болницата Сашо Стојчев.

„Ние само бараме да се почитува белиот мантил. Не може секој да им се заканува на лекарите и да ги навредува. Ова станува неиздржливо, од ден на ден е се полошо“ , изјави Стојчев.

Инаку пред три дена околу 30 луѓе го демолираа влезот на Градската општа болница „8 септември“ во Скопје, откако од болницата  им соопштиле дека нивниот роднина починал. Човекот бил на 40 годишна возраст и во болницата му вршеле реанимација која траела 40 минути. Групата луѓе заедно со лице од обездувањето кој бил роднина на починатиот, почнале да кршат се околу себе, а потоа го земале починатиот за да не му прават обдукција и си заминале.

Оган скап живот: Потрошувачката кошница во септември беше 32.263 денари

Потрошувачката кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија во септември изнесувала 32.263 денари за едно четиричлено семејство.

Најмногу од парите или 13.345 денари се за храна и пијалоци по што следуваат средствата што се трошат за плаќање на комуналии, опрема за домот и одржување, односно за оваа намера отпаѓаат 10.468 денари. За хигиена се потребни 2.272 денари, за превоз 2.339, а за обувки и облека 2.087 денари. Од вкупните средства во потрошувачката кошница за културни активности се одвојуваат 1.070 денари, а за одржување на здравјето 678 денари.

Потрошувачката кошница во септември е повисока за 0,32 проценти во однос на август, а во споредба со септемрви минатата година е повисока за 0,09 проценти.

Минималната синдикална кошница, која ја пресметува Сојузот на синдикатите на Македонија, во себе ги вклучува неизбежните и неопходни групи на производи и услуги што му се потребни на едно четиричлено семејство.

Реал времето ќе го смета пред и после него: Роналдо „крал“ до 2021!

Како и што беше најавено, Кристиано Роналдо денес и официјално стави потпис на нов договор со Реал Мадрид и се обврза на верност кон „кралскиот“ клуб до 2021 година кога ќе има 36 години.

Роналдо со новиот договор стана најплатен фудбалер во светот и ќе заработува 21 милион евра по сезона, но истакна дека ова нема да биде неговиот последен договор бидејќи планира да игра до 41 година.

„Сакам да изразам благодарност до Реал како клуб, Мадрид како град, до соиграчите, семејство и сите луѓе кои ми помогнаа да стигнам до ова ниво. Реал е клубот на мојот живот, на моето срце, сега потпишав договор на уште пет години, но верувам дека ова не е последниот мој договор. Тоа нека им биде јасно на сите, јас сакам да играм до својата 41-ва година. Во наредните пет ќе продолжам во истиот ритам како и до сега“, изјави Роналдо.

Роналдо на потпишувањето на договорот беше во друштво со неговата мајка Долорес и претседателот Флорентино Перез.

„Ти си еден од најдобрите играчи кои Реал ги имал во својата историја. Ти си симбол на најголемиот клуб на планетата. Ти си икона на овој клуб и времето овде ќе се рачуна пред и после Кристиано Роналдо“, истакна Перез.

Виц: За пред жената

Разгледува маж производи во една продавница за рибарска опрема и влегува еден пар. Мажот и покажува на жената една јадица и вели:
Жено, ваква јадица сакам да ми купиш за подарок.
Сопругата го прашува продавачот:
Колку чини?
1000 денари.
Потоа го прашува мажот:
Не е ли малку скапа драги?
Скапичка е но затоа пак е многу квалитетна.
Сопругата ја плаќа јадицата и излегуваат. Муштеријата кој дотогаш разгледуваше се стрчува по иста таква квалитетна јадица, но продавачот го пречекува со зборовите:
Извинете, јадицата чини 6000 денари. Човекот дојде пред 1 час и остави 5000. Останатите 1000 беа за пред жена му.

Виц: Како е инструкторот?

Докторе, како е инструкторот?
Многу лошо, само што се разбуди од кома, има скршени ребра, целиот е со набиеници. Со други зборови, нема да оздрави во скоро време.
А може ли да разговарам со него?
Нема шанси. Ако сакате нешто да го прашате, кажете, јас ќе му пренесам.
Па, прашајте го дали сум положила градска.

18-годишно момче претепано до бессознание од група малолетници

Вчера во 1.05 часот во Единицата за информирање и командување, Скопје, граѓанин пријавил дека во Скопје на ул. Бит Пазарска лежело машко лице во безсознание.

Како што информираа од полицијата констатирано било дека се работи за  К.С.(18 ) од скопското село Визбегово.

Од страна на Итна медицинска помош момчето било пренесено во Ургентен центар и моментално се наоѓа на КАРИЛ, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност.

Имeно, велат од полициајта, К.С. бил физички нападнат од страна на двајца четиринаесетгодишни малолетници од Скопје.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

50.000 лезбијки на едно место: Најлудата лезбијска забава на светот (видео)

’70-те години од минатиот век, во Палм Спрингс, почна да се одржува женски голф турнир кој со тек на време стана најголемата и најмасовна лезбијска забава на светот. Екипата на Vice истражуваше како овој спортски настан се претвори во центар на светот за жените кои преферираат љубовници од истиот пол, а Кенан МекВилијам отпатува таму за на лице место да провери што се случува кога на едно место ќе се соберат 50.000 лезбијки од цел свет.

Бидејќи ниту една од нејзините геј пријателки не сакала да оди со неа, Кенан во Палм Спрингс се упати сама и се смести во хотел со уште неколку илјади жени.

„Dinah Shore Weekend името го добил според жената која го организирала првиот голф турнир за жени, а бидејќи голфот се смета за геј спорт, со тек на време на овој настан почнаа да се собираат сè повеќе и повеќе жени“, вели Сабрина Џејлс, стенд-ап комичарка и писателка која секоја година оди во Палм Спрингс.

„Чувството да дојдеш меѓу оние кои се слични на тебе, со кои делиш исти интереси и начин на живот, е одлично. Кога прв пат стигнав овде, помислив дека сите овде сме заедно во проектот за разочарување на нашите родители“, вели Сабрина.

A video posted by Broadly (@broadly) on

„Штедиме пари и држиме диети за покрај базените да изгледаме што подобро“, вели една девојка во изјава за новинарката, објаснувајќи дека сексуалната енергија во Палм Спрингс е неверојатна.

A photo posted by LIT (@lit_circle) on

„Изгледот не е важен. Важен е контактот со очите, секоја жена е убава на свој начин“, вели друга учесничка која се забавуваше заедно со споменатата новинарка.

Ангеловски: Против Шпанија ќе играме со 3-5-2 формација!

Македонските фудбалски репрезентативци денес ги започнаа подготвките за квалификацискиот натпревар против Шпанија, кој ќе се одигра на 12-ти ноември во Гранада.

Селекторот Ангеловски за мечот со Шпанија повика 21 фудбалер, од кои осуммина се играчи на селекцијата до 21 година, која минатиот месец избори пласман на Европското првенство.

„Шпанија не го менува стилот на игра, тој е заснован на начинот на кој се работи во двата најголеми клуба Реал и Барселона. Таа техничко-тактичка супериорност ја пренесуваат и во репрезентацијата. За мене Шпанија е меѓу четирите најдобри светски селекции, светски и европски првак, но против секого може да се игра. Треба само да го дадеме максимумот. Јас никогаш не велам дека ‘нема што да загубиме’, ова е натпревар од кој може многу да добиеме. Без разлика како ќе се одвиваат настаните на теренот посакувам мојот тим да одигра одважно, да верува во себе“, изјави Ангеловски за „Макфакс“ и потврди дека ќе игра со 3-5-2 формација.

„Начинот на кој игра Италија мора да ни биде показател како да се стремиме да се одвиваат настаните на тој натпревар и да се надеваме дека ќе ни донесе убави моменти. Италија со години е најголем проблем за Шпанија, и на првиот меч за око шпанската игра беше доминантна, но тој натпревар заврши 1-1. Една од причините поради која се одлучив да играме 3-5-2 е Италија, во група во која се тие мораш да играш во систем доколку сакаш да бидеш рамноправен. Значи доколку сакаш да направиш нешто против Шпанија треба да се игра тој систем, бидејќи тие тешко играат против тој систем“, заклучи селекторот.

Лилјана Поповска се откажа од добитно пратеничко место – друг од ДОМ ќе оди на нејзина позиција

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска денеска на прес-конференција информираше дека се откажува од добитното пратеничко место на листата на СДСМ.

Се откажувам од пратеничкото место, а за ова ќе го известиме и СДСМ. Ќе се борам со подеднаква страст од друга позиција која сега се смета за недобитна. Се имам откажано од повеќе функции досега. Никогаш не сум жалела за моите постапки, нема ни сега, рече Поповска.

Поповска кажа дека по Централниот и Извршниот одбор на партијата, ќе каже на коалициониот партнер СДСМ кој ќе стои на таа позиција.

Кандидатурата на Поповска наиде на жестоки реакции во јавноста по вчерашната одлука на СДСМ таа да добие загарантирано пратеничко место во втората изборна единица.

Скоро две години не ја миеше косата со шампон – еве го ефектот од тој експеримент

Кејли Томас имаше проблеми со мрсна коса и беше убедена дека скапите шампони ќе ги решат нејзините маки, па на разни препарати за коса потроши вистинско мало богатство. Сепак, и после такви скапи третмани, следниот ден нејзината коса беше мртва и мрсна.

Во такви за неа трауматични моменти, таа одлучила целосно да ја истрижи својата коса и да ја остави да порасне одново, во целосно природно издание, но ниту тоа не беше решение за нејзиниот проблем. Откако ги прочитала советите од една блогерка специјализирана за оваа проблематика, а која не користела шампон две години, Кејли одлучи и таа да го проба тој рецепт. Резултатите биле импресивни.

„Најважно е да бидете истрајни, дури и во оние моменти кога ви се чини дека косата ви е во најлоша состојба“, вели Кејли. Бидејќи таа не можела да издржи да не ја измие косата на некаков начин, прочитала дека глината може да биде од помош, но иако е одлична за детоксикација, таа е остра за косата, па тоа не е долгорочно решение.

Кејли денес, како алтернатива, користи мешавина од тревки во прав, а најважно е дека тоа средство за чистење во себе не содржи никакви хемикалии. Откако престана да користи шампон, Кејли заклучи дека нејзината коса побрзо расте, а добила и на дебелина и волумен на влакното.