Home Blog Page 4287

Сопствениците на кучиња треба да го избегнуваат мешањето на кучешки и човечки бактерии

Повеќето сопственици на кучиња им дозволуваат на нивните миленици да ги лижат по усните и лицето.

Меѓутоа, бактериите кои се наоѓаат во усната празнина на кучињата премногу се разликуваат со оние во човековата и при нивниот спој може да дојде до различни заболувања.

Џон Оксфорд, професор по вирусологија и бактериологија на лондонскиот Универзитет „Квин Мери“, вели дека кучињата поголемиот дел од нивниот живот го поминуваат со нивните муцки закопани во валкани агли, како и под опашката и над фекалии на другите животни, што значи дека нивните усни и носната шуплина се полна со сите видови на вируси и бактерии.

Многу од овие бактерии се непознати на човековото тело, па тоа ги избегнува, но кај кучињата и мачките постојат бактерии кои можат кај луѓето да предизвикаат болести.

Некои од болестите кои можат да се поврзат со плунката на кучето се гастроентеритис и менингитис, пишува „Гардиан“.

Секојдневното милување со кучињата, како што пишува канадскиот ветеринарски магазин, не може да предизвика штета, но човековите и кучешките бактерии не би требало да доаѓаат во контакт.

Меѓутоа, при близок контакт со животните, ризик од заболувања, има кај луѓе со слаб имунитет.

Скок на цените на акциите по известувањето на ФБИ за Клинтон

Берзата во САД, Европа и Азија забележа пораст откако ФБИ изјави дека нема причина за кривично гонење на претседателската кандидатка Хилари Клинтон.

Исплашени од можноста републиканскиот кандидат Доналд Трамп да влезе во Белата куќа, инвеститорите ги намалија вредностите на акциите една недела откако директорот на ФБИ изјави дека почнува истрагата на ново откриени мејлови на демократската кандидадтка Хилари Клинтон.

До понеделникот клучните индекси на акциите во САД пораснаа за 1.5 процент или повеќе. Некои инвеститори веруваат дека Трамп драстично ќе ја промени трговијата ако стане претседател, заедно со регулативата и даноците, што ќе ја намали вредноста на американскиот долар.

Една петтина од фирмите ги навеле изборите како ризик за својот бизинис. Според анализата на Фактсет најзагрижени се за финансискиот, индустрискиот сектор и за потрошувачите.

Очекувањата на инвеститорите се дека Клинтон ќе ја остави статус кво ситуацијата, додека пак Трамп им е нестабилен и сметаат дека тој ќе придонесе за загрижувачки степен на неизвесност.

Неодамнешна анализа направена од страна на Вол Стрит Џурнал покажува дека мнозинството на донации за кампањите од страна на бизнисмените одат во корист на републиканските кандидати за Сенатот во САД.

Иако акциите пораснаа со растењето на шансите на Клинтон за победа, анализа на весникот покажа дека мнозинството на придонесите на бизнисите во кампањата отишле кај републиканските кандидати за американскиот Сенат. Ако републиканското мнозинство во сенатот стане малцинство, весникот вели дека најверојатно ќе донесе поголеми проверки и поголема регулатива на финансискиот сектор со демократите во мнозинство.

САД бираат претседател – кој ќе биде нов лик на најмоќното политичко место во светот?

Највлијателната земја во светот денес избира кој ќе ја предводи во следните 4 години – гласање, кое ќе остави свој белег на целиот преостанат свет. Различни анкети даваат предност од 3 до 5% на кандидатот на демократите Хилари Клинтон пред оној на републиканците Доналд Трамп.

Околу 2,5 милиони Американци ја искористија опцијата за рано гласање и веќе го дале својот глас. Одѕивот традиционално се движи околу 55-60%, а оваа година според официјалната статистика 19 милиони луѓе се изјасниле дека нема да одат на гласачките места – бидејќи не се заинтересирани за изборите или не им се допаѓаат кандидатите.

Би-Би-Си и Фајненшл тајмс го сумираат најважното за овој одлучувачки ден во САД.

Кој може да биде претседател

Техничките барања пред кандидатите се да се родени во САД, да наполнат 35 години и да живееле во земјата во последните 14 години.

Скоро секој претседател по 1933 година пред тоа бил сенатор, гувернер или со пет ѕвездички генерал. Пред конечните номинации во 2016 година да бидат потврдени, за функцијата се бореа 10 гувернери – актуелни или поранешни и 10 активни или поранешни сенатори.

Зошто датумот е 8 ноември

Изборите за претседател по традиција се во вторник, по првиот понеделник на ноември.

Причините датираат од времињата во кои САД била главно земјоделска земја и Конгресот проценил дека почетокот на ноември е соодветно за гласање – по бербата и пред да паднат зимските снегови.

Што се однесува до денот – вторник – причината е дека изборите за гласачите може да потрае едно деноноќие, за да се движат до местото за гласање, а верниците не сакаат да гласаат в недела. Во исто време среда традиционално бил пазарен ден за голем број на градови.

Зошто судирот е Хилари Клинтон против Доналд Трамп

Од февруари до јули се одржуваат серија на прелиминарни избори во секоја држава и во странство, за да се утврди кои ќе бидат кандидатите на двете најголеми партии – Демократската и Републиканската. Победникот од секој локално гласање добива одреди број “делегати” – партиски членови со право да гласаат за овој кандидат на т.н.. конвенции кои се одржуваат и во двете партии во јули.

Повеќе Држави освојува еден кандидат, ако повеќе делегати го поддржат на Конвенцијата.5151521

И Хилари Клинтон, и Доналд Трамп порано се наведени како фаворити за своите партии.

Во исто време тие се двајца од најнепопуларните претенденти во американската историја.

За време на конвенциите на партиите беа наведени и потпретседателите – сенаторот на Вирџинија Тим Кејн за демократите и гувернерот на Индијана Мајк Пенс за републиканците.

Скандали

Реномиран со својот остар јазик милијардер Доналд Трамп предизвика скандали уште во почетокот на кампањата. Прво тој ги нарече мексиканските имигранти “силувачи и криминалци”. Речиси немаше недела без името на републиканецот да биде без интервенција за полемика. Тој влезе во расправии со судијата за Мис “Универзум”, со водителот на “Фокс њуз” и муслиманско семејство на загинтл американски војник. Трамп мораше да објаснува зошто не ги открива своите даночни пријави.

За возврат угледот на поранешниот државен секретар Хилари Клинтон настрада поради обвинувањата дека има создадено предуслови за крадење на класифицирани информации заради користење на личен мејл сервер, додека била одговорна за надворешната политика на земјата. Се појавија прашања и околу хуманитарната фондација на семејството. А “Викиликс” објави пробиени пораки кои содржат непријатни разговори меѓу членовите на штабот.

Две изненадувања во последен момент

Најголем потрес за Трамп дојде на 7 октомври, кога на социјалните мрежи се појави негово видео од 2005 година, во кое милијардерот се изразува вулгарно за жените. Бесот кој следеше го принуди кандидатот на републиканците да се извини, но тоа не беше доволно да запре повлекувањето на поддршката на десетици партиски членови и шпекулации за иднината на партијата. Дополнителен удар нанесоа и последователните обвинувања на различни жени за сексуално вознемирување.

Октомври се покажа тежок и за кампањата на демократите. Само 11 дена пред изборите ФБИ соопшти дека ја обновува истрагата за пораките на Клинтон. Новите пораки беа откриени во лаптопот на сопругот на една од најблиските повереници на Клинтон. Два дена пред изборите директорот на службата Џејмс Коми соопшти дека не е отворено ништо лошо, немаше подигнување на обвинение против кандидатот на демократите.

Како ќе излегуваат во јавноста изборите денес

Кандидатот кој добил најмногу гласови во дадена држава, ја добива поддршката на држава.
Секоја држава испраќа одреден број електоратот во комисија, нарекувана “изборна комисија”. Таа е формирана од татковците-основачи на САД како компромисна варијанта меѓу директниот избор и можноста изборот за претседател да е целосно во рацете на Конгресот.

Електорат во колеџ се вкупно 538, така за победа се потребни 270 гласови. Тие не се обврзани да гласаат на истиот начин на кој и мнозинството од обичните гласачи, но во историјата на американските избори 99% од нив го почитуваат веќе направениот директен избор.

Не сите Држави се со еднаква тежина – Калифорнија пример има 10 пати повеќе население од Конектикат, затоа има и повеќе електорат.

Кога луѓето пуштаат глас за одреден кандидат, тие всушност гласаат за електоратот, го поддржуваат едниот или другиот кандидат.

Но има и некои особености. Речиси во секоја држава (со исклучок на Небраска и Мејн) важи правилото дека победникот зема се. Односно кандидатот кој добил повеќе електорат, добива поддршка од целата држава.

Затоа има некои клучни држави, кои обично ја одлучуваат трката.

Кои се клучните Држави

Тоа се државите кои, грубо кажано, не се тврдина ниту на демократите, ниту на републиканците и секој би можел да победи. Такви се Флорида, Охајо, Вирџинија, Колорадо, Северна Каролина, Невада, Њу Хемпшир, Ајова.

Кога ќе почне со работа новиот претседател?

Електорат ќе се собере да гласа формално во средината на декември, а Конгресот ќе ги одобри резултатите во почетокот на јануари. Мандатот на следниот претседател ќе почне официјално на 20 јануари 2017 година. Реновираниот Сенат ќе положи заклетва и ќе почне да работи на 3 јануари 2017 година

Дали ќе згасне Утрински весник: Ултиматум – или откази за 10 новинари, или затворање на весникот

И јас сум Утрински. Вакви статуси на Фејсбук објавија десетици сегашни и поранешни новинари на Утрински весник, по информациите кои се појавија во јавноста дека постои можност да згасне овој дневен весник што е дел од групацијата МПМ.

Според неофицијалните информации од редакцијата, менаџментот на МПМ поставил ултиматум – или да заминат десет новинари или да згасне целосно весникот. Наводно новинарите имаат рок до утре да ја кажат својата одлука. Како причина за ова кастрење се зборува дека е тешката финансиска состојба.

Информацијата засега ниту ја потврдува, ниту ја демантира раководството на компанијата. За последните случувања со Утрински, Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници за утре најавија прес-конференција.

Инаку деновиве во помали тиражи се печатат и трите весници под закрила на МПМ Дневник, Вест и Утрински весник, а како причина наводно е немањето на хартија за печатење и намалување на трошоците.

Првиот број на Утрински весник излезе на 23 јуни 1999 година.

Вторнички дождови за вистинско есенско време

Циклонското влијание ќе биде поизразено претпладне, кога низ поголем дел од земјава ќе биде врнежливо, а во западната половина овие врнежи ќе имаат локален пороен карактер.

Попладнето во вторник ќе биде поврнежливо во источниот регион. Повторно ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Токму затоа се очекува релативно високе температура која ќе има вредности во границите помеѓу 16°С и 20°С низ котлините, односно до 22°С на југоисток.

Нова, поинтензивна серија на врнежи  нè очекува во среда, и тоа во поголем дел од денот. Локално и повремено врнежите ќе имааа пороен карактер. Во првата половина од денот ќе дува јужен ветер, за попладне да потпаднеме под северно струење кое ќе услови и значителен пад на температурата во ноќта кон четврток. Температурниот максимум во среда ќе биде понизок во однос на вторник за околу 3-4°С.

Ноќта среда кон четврток ќе донесе врнежи од снег на планините во северната половина од земјата. Има мала веројатност овие снежни врнежи да зафатат и некои од повисоките неселени места во северниот регион.

Локално, врнежите во вторник и среда севкупно ќе донесат воден талог од преку 50 литри на метар квадратен.

Во четврток очекуваме намалување на облачноста во однос на претходните денови, но таа состојба нема да опстои долго во овој ден. Попладне ќе има краткотраен бран на врнежи во северната половина од земјата, кој на планините ќе биде од снег. Станува збор за релативно слаби врнежи.

Температурата низ поголемите населени места ќе има вредност помеѓу 9°С и 12°, односно околу 13°С на југоисток.

Петок очекуваме да ни донесе помала облачност наутро и нешто пониски минимални вредности на температурата кои ќе „завлезат“ 2 до 3°С во негатива. Дневниот максимум во однос на четврток ќе биде понизок за околу 3 до 4°С. Очекуваме ново наоблачување, односно ново циклонско влијание во ноќта петок кон сабота. Врнежте би биле поочекувани во првиот ден од викендот.

Ако не знаевте – вака се игра салса

Со акцент на костимот од девојката, движењата се бескомпромисно неодолив во ваква облека.

Модна провокација со вкус

Британскиот супер модел, Џордан Дан, ги сврти погледите кон себе со својата секси појава на годинешните MTV EMA награди. Атрактивната црнокоса дојде топлес и тоа во модел од Balmain.

7-11-modna-provokacija1

Потоа ја загреа атмосферата во супер кратко и провокативно парче од Julien Macdonald, во кој ги истакна своите супер слаби нозе.

7-11-modna-provokacija2 7-11-modna-provokacija3 7-11-modna-provokacija4

Шок во Каталонија: Новиот договор на Меси под знак прашалник

Откако своите договори со Барселона ги продолжија Хавиер Маскерано, Нејмар и Серхио Бускетс, челниците на каталонскиот клуб почнаа да работат на новиот договор на Лео Меси.

Меѓутоа, на самиот почеток раководството на Барселона наиде на неочекувани проблеми. Имено, Аргентинецот моментално заработува 500.000 фунти неделно и Барселона не може да си дозволи ново зголемување на неговата плата поради можното кршење на финансискиот фер-плеј.

Поради тоа медиумите пишуваат дека новиот договор на Меси е под знак прашалник, па по тој повод проговори и претседарелот на Барселона.

„Не можеме по секоја цена да ги обновуваме договорите на нашите играчи. Мораме некако да ги подобриме нивните финансиски услови, но од друга страна мораме да размислуваме на финансиската одржливост на клубот“.

„За жал не посдуваме неограничени ресурси и доколку не размуслуваме правилно за висината на платите на нашите играчи целиот клуб ќе има последици и ќе западнеме во финансиски проблеми“, изјави претседателот на Барса, Бартомеу.

Виц: Зошто штрковите летаат на југ

Учителката ги прашува учениците:

Кој ќе ми каже зошто штрковите летаат на југ?

Малиот Трпе крева рака. Ајде Трпе кажи, му вели наставничката.

За да можат и црнците да имаат деца, наставничке, затоа штрковите си одат на југ.

Состојба на „висока тревога“ за над 300.000 НАТО војници

Над 300 илјади војници се ставени во состојба на висока готовност поради растечките тензии меѓу Русија и балтичките земји, јавуваат британските медиуми.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека се надева дека на тој начин ќе се забрза времето за реакција на илјадници војници за да се овозможи поефикасно реагирање во борбени ситуации, јавува Индипендент.

Во октомври беше соопштено дека Алијансата подготвува мобилизација на 4.000 војници на раската граница со балтичките земји, што ќе биде најголемата мобилизација од Студената војна досега. Војниците ќе бидат повикани од земјите-членки на НАТО.

Полска би ги поддржала балтичките земји во случај на напад

Над 70 отсто Полјаци сметаат дека нивната војска треба да ги поддржи Летонија, Литванија и Естонија кога некоја од тие земји би била нападната, покажува анкетата што денес ја објави приватниот институт Ибрис.

Солидарноста е зголемена, најверојатно, поради политиката на Русија и припојувањето на Крим, како и вмешувањето во конфликтот во Украина. Во март 2015 истото мислење го имале 63 отсто од Полјаците.

Сепак, само 30 отсто од нив имаат намера да се вклучат во оружени, паравоени или санитарни сили во случај на напад врз Полска, покажува анкетата спроведена во септември.

Околу 44 отсто се спремни да го жртвуваат животот или здравјето за татковината, но само ако е неопходно. Секој четврти Полјак би го жртвувал домот или пак голема сума пари, но само три отсто би ги ризикувале животите и здравјето на најблиските.

Полска и три балтички земји се членки на НАТО и нападот врз нив автоматски се смета за напад врз целата Алијанса.