Home Blog Page 4286

Хорор во Јапонија: Среде булевар се отвори огромен кратер (видео)

Огромна дупка се отвори среде булевар во близина на главната железничка станица во јужна Јапонија и доведе до прекин на сообраќајот во околната зона.

Дупката се отворила во близина на станицата Хаката во градот Фукуока на јапонскиот остров Кјушу во 5:15 часот по локално време и таа не престанала да се зголемува.

При уривањето, биле пресечени електрични кабли и дошло до прекин на електрината енергија на меѓународниот терминал на аеродромот во градот, кој е на два километри од железничката станица.

Властите почна евакуација на жителите на околните згради, откако се појавија информации дека може и тие да пропаднат. Во регионот се чувствува мирис на гас.

Се препотставува дека причина за инцидентот е изградба на подземна железничка мрежа.

Уште еден вторник и уште едно владино задолжување

Владата денеска ќе направи ново задолжување од 12,1 милион евра. Задолжувањето ќе се реализира преку две аукции на кои на домашните кредитори ќе им се понудат државни записи и државни обврзници.

Дел од позајмената сума ќе се враќа за шест месеци и една година, додека парите обезбедени преку обврзница ќе се враќаат за две години.

Јавниот долг на Македонија достигна рекордно ниво, односно 4,7 милијарди евра или 50,6 отсто од БДП.

Англија го избра новиот селектор!

Два месеци после заминувањето на контроверзниот Сем Алардајс, Англиската федерација конечно најде трајно решени за селекторската функција.

Имено, вршителот на должноста селектор на Англија Гарег Саутгејт следната недела ќе биде назначен на функцијата за постојано, открија англиските медиуми.

Според угледниот „Телеграф“, тоа ќе се случи веднаш по пријателскиот натпревар против Шпанија идната недела кој ќе биде последен меч за англиската репрезентација оваа година. Уште кога беше ангажиран Саутгејт, беше објавено дека тој ќе ја води репрезентацијата до крајот на годината, а потоа ќе се бара перманентно решение.

Според „Телеграф“, единствено понижувачки пораз од Шкотланѓаните може да ја поколеба управата на Фудбалската асоцијација на Англија и да се дојде до друго решение.

Камерите го фатија моментот: Фудбалер за малку ќе загинеше на натпревар!

Фудбалерот на Сиднеј, Мичел Зуло ја повреди главата на натпреварот против Мелбурн Виктори откако после еден пат се удри во маса која стоеше веднаш покрај аут линијата.

Ситиацијата изгледаше застрашувачки, а последиците за австралискиот репрезентативец можеа да бидат многу полоши. За среќа повредата не е сериозна и фудбалерот наското ќе може да се врати на терените.

„Доколку ударот беше малку посилен неговиот врат сигурно ќе пукнеше. Не знам што бара оваа маса овде, некој мора да сноси одговорност за ова“, изјави еден од клупските доктори.

Видео: Ваков автогол сигурно не сте виделе!

Голманот на Акшир, Фатих Озтурук направи невидена грешка на натпреварот против Фенербахче во турското првенство.

Имено, Озтурук сам си ја смести топката во сопствената мрежа и тоа на многу комичен начин. Погледнете!

Венгер понудил 90 милиони за Обамејанг

Арсенал, во летниот преоден рок, очајнички се обидуваше да донесе квалитетен напаѓач, а Арсен Венгер, бил подготвен да го сруши и клупскиот трансфер рекорд, но челниците на Борусија не сакале да преговараат околу трансферот на Пјер-Емерик Обамејанг.

Оваа информација ја откри италијанскиот менаџер Винченцо Морабито, кој летото, се обидувал да го издејствува трансфертот на Обамејанг во Наполи.

„Го побарав спортскиот директор на Борусија Цорк, сакав да разговараме за Обамејанг, но тој веднаш ми рече „Не“. Занам и дека ова лето Арсенал за него понуди 90 милиони евра, но и Венгер го доби истиот одговор“, откри Морабито.

Инаку, рекорден трансфер на Арсенал е оној од пред три години кога во клубот за сума од 47 милиони евра пристигна Месут Озил.

Видео: Кари со 13 тројки постави нов рекорд во НБА!

Стеф Кари, според многумина најдобриот шутер за три поени во историјата на НБА лигата, постигна 13 тројки на натпреварот против Њу Орлеанс, што преставува нов рекорд во лигата.

Стеф Кари имаше вистинско шоу, урна голем рекорд постигнувајќи 13 тројки на еден меч, промаши само четири шута од далечина, а натпреварот го заврши со 46 поени.

Голден стејт дојде до сигурен триумф над Њу Орлеанс од 116:106. Покрај 46. поени на Кари, Томпсон уфрли 24, Дурант 22. Кај Њу Орлеанс најефикасен беше Дејвс со 33 поени.

Резултати:
Шарлот – Индијана 122:100
Филаделфија – Јута 84:109
Вашингтон – Хјустон 106:114
Чикаго – Орландо 112:80
Оклахома – Мајами 97:85
Голден стејт – Њу Орлеанс 116:106
ЛА Клиперс – Детроит 114:82

Џоли и Пит конечно постигнаа договор за старателство на нивните деца

Претставници на актерката Анџелина Џоли и на актерот Бред Пит соопштија дека поранешните партнери постигнале договор за старателство на нивните шест деца.

Според договорот адолесцентите остануваат под старателство на Џоли, додека Пит ќе има право на „терапевтски посети” на децата.

Двојката објави дека се разведува во септември поради ненадминливи разлики.

Актерите имаат три посвоени деца и три биолошки, на возраст меѓу 8 и 15 години.

Погледнете ја предвремената божиќна реклама која го трогна интернетот

Полиците во продавниците полека се полнат со божиќни украси, но „божиќниот период* не се смета за официјално започнат се додека на телевизија не почнат да се вртат божиќните реклами.

Секоја година светски познатите брендови се натпреваруват кој ќе сними поимагинативна, подуховита и поинтресна раклама, па деновиве интернетот „експлодира“ кога „Џон Луис“ пред сите објави рекламен спот со божиќни содржини.

Таа е замислена како потресната приказна за двајца снешковци и има се што треба да содржи една божиќна реклама, па на многумина им измами солзи во очите. Но, на крајот сепак се утврди дека рекламата е лажна.

Иако во неа се рекламира познат ланец на продавници „Џон Луис“, автор на рекламата не е креативната екипа на компанијата, туку младиот студент Ник Јаблонка.

– Јас го објавив ова видео без никаква намера да стане ваков хит, туку за да покажам што сум научил претходната година на факултет. Им благодарам на сите на убавите коментари, но рекламата настана за само два дена, а за така кусо време не успеав да ја доработам колку што сакав. Морав да го ограничам бројот на кадри, а и резолуцијата не е доволно добра. На факултетот морав да напишам есеј за успешноста на маркетиншката кампања, а покрај тоа да го осмислам и продукцискиот пример на слични реклами. Ова е единствено резултатот од тоа, објасни Ник.

Експертите од „Џон Луис“ сега имаат тешка задача да ја надминат рекламата на Ник, а стотици илјади гледачи апелираа некоја меркетинг агенција да му понудат работа на талентираниот студент.

Поглед од бајките: Кревет со глетка на поларната светлина

Во арктичкото одморалиште Каксклаутане ќе доживеете единствено и незаборавно искуство доколку го посетите во време на сезоната на поларна светлина, и тоа  со поглед од креветот токму на неа.

8-11-snow-hotel-borealis1

Ова арктичко одморалиште во неговата понуда нуди стаклени иглоа, од кои ноќе се нуди незаборавен поглед на поларната светлина. Во понудата постојат два вида иглоа. Кело стаклени иглоа е малку поголем и може да прими четири лица, а освен спална соба во стаклениот дел има и приватна сауна, камин и кујна.

Нешто „пообичниот“ стаклен игло за две лица, соддржи само спална соба со незаборавен поглед и тоалет. Сауната и бањата се во друга зграда. За ова незаборавно искуство најниската цена за ноќевање е 455 долари.

Night sky with stars and the Northern Lights (Aurora Borealis) above an artifical glass igloo, winter - photographed: March 12, 2013

Овие иглоа се изнајмуваат цело време на траење на сезоната на поларна светлина, што значи од 20 август до крајот на април.

Ова одморалиште е сместено на 250 километри северно од арктичкиот круг, во финскиот Лапланд. Од 1973 година во него се организираат туристички тури и се нуди сместување во специјализирани апартмани.

8-11-snow-hotel-borealis4

Кај нив е можно да се замине и на лов на поларната светлина, возење со санки, сафари со ирваси, рибарење на мраз, а во близина е и имотот на Дедо Мраз.

8-11-snow-hotel-borealis5