Home Blog Page 4285

Тијана Грегори – заводлив сексапил со њујоршка регистрациај

Тијана Грегори е модел од Њујорк која со своите атрактивни фотографии привлекува бројна публика на својот Инстаграм профил.

A photo posted by Tianna Gregory (@tiannag) on

Кога вели бројна публика, мислиме на оние 3,5 милиони фанови кои ја следат на социјалната мрежа. А има и што да видат таму.

A photo posted by Tianna Gregory (@tiannag) on

A photo posted by Tianna Gregory (@tiannag) on

A photo posted by Tianna Gregory (@tiannag) on

A photo posted by Tianna Gregory (@tiannag) on

A photo posted by Tianna Gregory (@tiannag) on

A photo posted by Tianna Gregory (@tiannag) on

A photo posted by Tianna Gregory (@tiannag) on

A photo posted by Tianna Gregory (@tiannag) on

A photo posted by Tianna Gregory (@tiannag) on

Вознемирувачки: Видете како фудбалерот го убива судијата!

Трагедијата која се случи во мексиканската лига каде фудбалер поради црвен картон уби судија денес го потресе целиот свет.

Низ медиумите сега се појави и снимка на која се гледа трагичниот момент. Фудбалерот му задава силен удар во глава, несреќниот судија паѓа како покосен, но за жал починува на лице место и покрај брзата интервензија на лекарите.

Во Англија сигурни: Лукаку прави трансфер на годината!

Францускиот шампион ПСЖ, припрема „бомба“ во јануарскиот преоден рок и ќе се обиде да го донесе напаѓачот на Евертон, Ромелу Лукаку, пренесуваат англиските медиуми.

ПСЖ очајнички бара напаѓач бидејќи е јасно дека по заминувањето на Златан Ибрахимовиќ, Единсон Кавани, не може сам да го носи нападот.

Информациите од Англија говорат дека ПСЖ, уште во јануари, ќе се обиде да го реализира трансферот на Лукаку и дека за него „светците“ се спремни да платат 70 милиони евра.

Лукаку изјави дека нема преговори помеѓу двата клуба, но дека постои интерес на ПСЖ за неговите услуги.

„Мојот менаџер ништо не ми кажал. Сеуште немаме добиено потврда „црно на бело“, но јас лично многу го почитувам ПСЖ. Долг е патот до трансферот, но знам дека постои интерес на неколку екипи“, изјави Лукаку.

Тензично во Утрински: Едни новинари најавуваат штрајк, други ја окупираа канцеларијата од Керим

Новинарите на „Утрински весник„ се заканија со штрајк откако вчера од раководството на издавачот МПМ на главната уредничка и бил даден ултиматум или да избрка 10 новинари или весникот ќе се затвори. Тие денеска во Здружението на новинарите ќе одржат прес конференција на која ќе ги најават следните активности.

Во исто време десетина новинари на Вест кои беа избркани летово, утринава ја окупираа канцеларијата на еден од сопствениците на весникот Срѓан Керим барајќи си ги отпремнините што компанијата се обврза дека ќе им ги исплати кога ги избрка од работа поради технолошки вишок.

Тие се сомневаат дека газдите ќе ги изиграат откако вчера на состанок на Синдикатот со менаџментот им било речено дека сите новинари од МПМ ќе се префрлат на платен список на „Телеграф“ кој, како што велат, е со нејасна сопственичка структура.

Од сопственичката структура на МПМ траспарентни се само фирмите Мирекс на Срѓан Керим, угледен дипломат и Орка холдинг на Јордан Камчев.

Местенката со која Кристијано Роналдо го извадија од памет

Секоја година Роналдо снима многу рекламни спотови, па тоа веќе му е некој вид на рутина, но ретко, веројатно никогаш не го местат вака, па не е навикнат на вакви шок местенки.

Меси и Суарез им гледаат во грб: Џеко и Салах најдобар тандем во Европа!

Един Џеко и Мохамед Салах, во моментов, се најдобрата напаѓачка двојка во најсилните пет национални првенства во Европа.

Екипата на Рома на 12 натпревари има постигнато 29 голови, а 18 од нив се дело на тандемот Џеко-Салах. Репрезентативецот на БиХ, Џеко, има постигнато 10 голови и заедно со Икарди го дели првото место на листата на најдобри стрелци, додека Салах е стрелец на осум гола.

Тандемот на Рома, во овој момент има постигнато повеќе голови од тандемот на Барселона Лионел Меси-Луис Суарез во шпанскиот шампионат. Меси и Суарез, во неделата постигнаа по еден гол во победата на Барса во Севилја со што стигнаа до бројката од 16 погодоци.

Ист број на погодоци како тандемот Меси-Суарез имаат постигнато Единсон Кавани и Лукас Моура од ПСЖ во Франција, односно тандемот на Челзи Диего Коста-Еден Азар во англиската Премиерлига.

Нови дождови и Стајковци повторно поплавено (фото)

Скопско Стајковци повторно е поплавено по обилните дождови што го зафатија скопскиот регион утрово. За ова сведочи фотографијата, објавена пред малку на социјалната мрежа Фејсбук.

8-11-stajkovci-poplava1

Дали им избега: Најбесната брканица снимена за Planet Earth II

Сценава е дел од првата епизода од второто продолжение на серијалот за планетата земја, Planet Earth II – Islands. Брканицата во која на еден куп змии мета им беше еден осамен примерок од родот игуани е сцена за која долго ќе се зборува. Погледнете дали гуштерчето успеа да им избега на отровниците кои го населуваат островот.

Трагедија: Фудбалер поради црвен картон го уби судијата!

Голема трагедија се случи во нижата мексиканска фудбалска лига, каде еден фудбалер го уби судијата со удар во глава.

Инцидентот се случил кога несреќниот Виктор Трехо му покажа црвен картон на Рубен Ривера, а овој изнервиран го нокаутира со удар во главата.

08-11karton2

Судијата паднал како покосен, па иако медицинската служба веднаш реагирала, сепак не успеале да го спасат. Причината за смртта е хематом кој се создал со силината на ударот.

Интересно, фудбалерот веднаш се дал во бегство и сеуште и бега на полицијата.

Основен суд Скопје преплавен со барања за неосудувани од кандидатите за пратенички листи

osnov

– Сите граѓани кои имаат потреба од уверение од казнена или кривична евиденција, без разлика за која намена им е потребно, навреме да го поднесат барањето во Кривичниот суд во Скопје. Конкретните уверенија, согласно законските одредби,  се поднесуваат и се издаваат од страна на надлежен суд, според место на раѓање, а не според место на живеење, се вели во соопштението од Судот.

Во него се додава дека за сите информации околу начинот на поднесување барање, плаќање на законски утврдената такса и потребните обрасци, за уверенија од казнена и кривична евиденција за кои е надлежен Основниот суд Скопје 1 – Скопје, граѓаните можат да се информираат преку веб-страницата на судот: http://osskopje1.mk/ , а корисни информации можат да најдат на линкот  http://osskopje1.mk/cms/FCKEditor_Upload/soop150616.pdf .