Home Blog Page 4283

Професорот оди во пензија, па учениците му подготвија моќен хака за збогум

Новозеландските ученици не можеа со поголема почест да го испратат својот професор во пензија.

Виена во 4К резолуција – видео кое „грми“ со импресии од австриската престолнина

YouTube каналот Cities in 4K ја продолжува својата мисија со објавување на исклучтелно детални видео снимки од светските метрополи во 4К резолуција. Овој пат на ред дојде неодминливата и неодолива Виена.

Официјално: Доналд Џон Трамп е новиот претседател на САД

Бизнисменот Доналд Џон Трамп и официјално е новиот претседател на Соединетите Американски Држави.

Со веќе пребројани 504 електорални гласа, Трамп го надмина минимумот од 270 електорални гласа потребен за мнозинство гласови и победа, со што и официјално е прогласен за победник во претседателската изборна трка за 45ти претседател на САД. Засега има освоено 288 електорални гласа, наспроти засега 215 на Клинтон.

Мрачно расположение во Њујорк на постизборниот собир на Хилари Клинтон, кандидатката на Демократската партија на претседателските избори во САД. Некои нејзини приврзеници плачеа следејќи ги на екраните податоците за изборниот резултат на ривалот Доналд Трамп, а некои дури и си заминуваа.

Bottlelight: Светилка која ја прочистува водата (видео)

Bottlelight е сјаен и исклучителен изум на дизајнерот Кристоф Куперт, кој спојува две функции во една направа – осветлување и прочистување на вода.

Направата функционира така што со помош на UV LED светлата се уништуваат дури 99,9 отсто од бактериите, вирусите и протозоите во еден литар вода за само 60 секунди.

Изработен е од алуминиум и отпорно лиминирано стакло, а поседува рефлектор на дното на шишето кој осветлува голема површина.

Флорида ја легализираше марихуаната за медицински цели, Калифорнија и за рекреативна употреба

Флорида со големо мнозинство ја одобри иницијативата за легализирање на марихуаната, а резултатите од гласањата во други држави за правниот статус на лекот уште се чекаат. Четири држави гласаат за медицинска марихуана, а уште пет одлучуваат легализација на марихуаната за рекреативна употреба.

Со потребни најмалку 60 проценти гласови за одобрување, Амандманот 2 доби 71 проценти од гласовите на Флорида.

Во Калифорнија, Масачусетс, Мејн, Аризона и Невада, во кои веќе е дозволена употреба на марихуаната во медицински цели, гласаа за рекреативно користење на канабисот. Рекреативната употреба веќе е одобрена во четири држави и во областа Колумбија.

Со различните предлози, посебно подготвени во секој гласачки регион, ќе се дозволи употреба на канабис на луѓе на возраст од 21 година и постари. Во сите пет држави, исто така, ќе се легализира поседување на мали количини за лична употреба, и ќе им се дозволи на граѓаните да посадат садници за лична употреба.

Во Флорида, Арканзас, Северна Дакота, каде канабисот останува нелегален, се гласа за првиот чекор кон легализацијата, со што ќе се овозможи медицинска употреба за тешки болести, како што се СИДА, рак, мултиплекс склероза и други. Монтана претходно ја ратификуваше употребата на марихуана за медицински цели, но сега се гласа за либерализација на лекарскиот надзор за пропишување на лекови.

Севкупно, според анкетата спроведена од страна на Галуп во октомври, високи 60 проценти од Американците го поддржуваат легализирањето на марихуаната, која и понатаму е нелегална на федерално ниво.

Деветте предлози се меѓу 154 за кои се гласаше за заедно со претседателските избори во САД, и беа ставени на гласање или преку кампањи за собирање потписи, или како резултат на иницијативи од законодавците на државно ниво.

Денес жените се породуваат подолго од нивните баби и прабаби

На мајките денес им требаат во просек околу шест и пол часа за да се породат, додека пред 50 години просечното породување траело едвај четири часа, покажуваат податоците од една студија, во која биле споредени речиси 140.000 породувања во овие два временски периода.

Причините за подолгото породување не се целосно јасни. Можеби имаат врска со разликите меѓу денешните мајки и нивните баби. На пример денес жените првпат стануваат мајки во просек четири години подоцна, имаат поголема телесна тежина и психички се поинакви. И денешните бебиња се потешки во просек за повеќе од сто грама, отколу што тоа било во ’60-те години на минатиот век.

Авторите на студијата велат дека сепак најважни причини за подолгото породување се методите на гинеколозите, а не промените кај пациентките. Една од причините, кои експертите ја наведуваат е порастот на употребата на епидуралната анестезија во текот на породувањето.

Епидуралната анестезија го продолжува породувањето за околу 40 до 90 минути, но секако, тоа е многу прифатена пракса за помош при регулирање на болките при породувањето. Во САД до 85 проценти  од современите жени на породувањето користат епидурална анестезија. Кога ќе се прими епидуралната анестезија жената легнува во креветот за породување. Во доцните ’50-ти и раните ’60-ти години на минатиот век жените повеќе шетале и се движеле до самото породување.

Уште една голема промена е тоа што денес се повеќе жени имаат индуцирано породувања, Со други зборови помалку им се дозволува спонтано да влезат во породилната сала, па секоја трета жена спонатано се породува.

Еден убиен и две лица ранети во близина на гласачко место во Калифорнија – напаѓачот најден мртов

Нападот, во кој едно лице со автоматско оружје  застрела еден маж и повреди две жени близу до гласачкото место во калифорнискиот град Азуса, во близина на Лос Анџелес, не бил поврзан со изборите во САД.

Две гласачки места во регионот беа затворени вчера во времетраење од неколку часа.

По акцијата на полицијата, напаѓачот бил пронајден мртов во неговиот дом.

Не е познато дали бил убиени од страна на органите на редот или пак се самоубил.

Нема повредени припадници на полицијата.

Доналд Трамп на чекор до Белата Куќа – му фалат уште 23 „електорални“ гласа

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп се подготвува за славење и само чудо може да ја доведе демократката Хилари Клинтон директно во Белата куќа. Во моментов Трамп има 247 изборни гласови а Клинтон 215. Популарните гласови за Трамп – 56,505,857 а за Клинтон се 55,323,053.

Во кампот кај Клинтон е депресивно, сите се во шок, додека Трамп го подготвува победничкиот говор, така барем велат медиумите. Но, во кампот во Силвер Спринг, Мериленд, каде што се наоѓа дописничката на Нова ТВ Билјана Секуловска, чија изјава ја пренесуваме, тишината е застрашувачка, вели таа. Едно време се исклучија и телевизорите кои ги пренесуваа резултатите, прилично прецизни, на Си-Ен-Ен.

Аналитичарите, опинион мејкерите и особено кампот на Клинтон се шокирани од неможноста да предвидат сериозна можност за победа на Трамп. Сите предикции се движеа во насока дека ќе биде тесна победа за Клинтон.

Пол Кругман во Њујорк тајмс напиша вечерва „ова е неверојатно ужасно. Не можам јас, како и веројатно голем број на читатели на Тајмс не можат да разберат во каква земја живееме. Мислевме дека нашите сограѓани нема да гласаат за неквалификуван кандидат, несоосдветно темпераментен, така застрашувачки. Мислевме дека нацијата е отворена и толерантна, далеку од расистички предрасуди и омраза кон жените. Мислевме дека мнозинството Американци ги ценат демократските норми и владеењето на правото. Се испостави дека не бевме во право. Се испостави дека голем дел бели луѓе кои живеат во руралните средини не ја делат нашата идеја за тоа што е всушност Америка“.

И среда со пороен дожд

Среда ќе ја започнеме со врнежливо време. Продолжува дождот од вторник навечер, со тоа што локално во текот на ноќта ќе биде поинтезнзивен. Во западниот крај ќе има и повремени грмежи. Врнежите ќе продолжат се до попладневните часови, кога циклонот кој е и одговорен за оваа серија врнежи, ќе се преместува кон исток. Ноќта кон четврток ќе донесе разведрување.

Генерално, најзначаен наврнат воден талог од врнежите во среда се очекува во западниот дел од земјава. И струењето на воздухот ќе се промени, па од јужно, утревечер ќе се промени во северно, што ќе донесе и пад на температурата кој ќе се почувствува во ноќта кон четврток.

Јужното струење во претпладнето и дел од попладнето ќе услови висока температура, барем според ноемвриски стандарди. Максималната ќе има вредност помеѓу 14°С и 16°С низ поголем дел од котлините, а на повисоките места околу 12°С.

Скопскиот регион очекува облачно и врнежливо време. Повремено врнежите ќе имаат пороен карактер. Навечер облачноста ќе се намалува, а врнежите ќе престанат. Температурата нема да намине 16°С.

Виц: Шеикот и евреинот

На еден богат арапски шеик требало да му додадат крв, многу ретка, само еден Евреин ја имал истата. Евреинот донирал крв, а Арапот од благодарност му подарил куќа, вила, лимузина, спортски автомобил, куферче со кеш. По неколку години на Арапот пак требало да му додадат крв. Евреинот пак донирал, но Арапот овој пат му подарил само кутија со слатки.
Евреинот прашува:
Аман бре, пријателе? Што ти стана? Минатиот пат куќа, автомобил, триста чуда, а сега само кутија слатки?
А бе, како да ти кажам пријателе. Минатиот пат во моите вени сеуште не течеше еврејска крв.