Home Blog Page 4282

Лејди Гага расплакана после резултатите од изборите – протестира пред кулата од Трамп

Музичарката и пејачка Лејди Гага, голема обожавателка и поддржувачка на Хилари Клинтон, снимена е пред кулата од Доналд Трамп во Њујорк Сити, како протестира рано наутро.

Гага беше снимена како стои на санитетско возило, а во рацете држи плакат на кој пишува Love trumps hate, што во превод отприлика би значело „љубовта е главен адут на омразата“.

9-11-gaga-transparent1

Лејди Гага и претходно утрово беше видена облеана во солзи во изборниот штаб на Демократската партија. Откако резултатите од изборите беа официјално објавени, таа напиша на Твитер: „Во собата полна надеж ќе се чуе нашиот глас. Да се кренеме за добрината, љубезноста и љубовта. Ништо нема да не запре. Молете се за Америка“.

Минатата недела, за време на обраќањето на Хилари до нацијата на предизборен митинг, Гага изјави дека страсно ја поддржува.

„Таа е во политиката со децении. Има неверојатно искуство, знаење, лидер е и тоа мудар лидер. Спремна е да биде претседателка“, изјави Гага.

Засилувањата на Барса: Само еден ги оправда очекувањата!

Еден од најеминентните каталоснки спортски весници „Спорт“ објави оценки за досегашните настапи на летните засилувања на Барселона.

Според мислењето на новинарите на овој весник, само Самуел Умтити ги оправдал очекувањата кога станува збор за играчите кои пристигнаа на „Камп Ноу“ ова лето и делумно Денис Суарез.

Пако Алкасер и Јаспер Силесен добија најниски оценки, иако за случајот на Пако весникот напоменува дека станува збор за квалитетен играч кој како резерва не може да влезе во ритам и не може да дојде до израз.

За холандскиот голман истакнуваат дека бранел во само еден натпревар и тоа оној кој Каталонците сакаат што побрзо да го заборават – поразот од Алавес.

Еве како каталонски „Спорт“ ги оценува засилувањата на Барса!

09-11bars2

Ливерпул го купува „иранскиот Меси“

Ливерпул е на првото место во Премиер лигата, но Јирген Клоп најави нови засилувања во јануари, особено во нападот.

Клоп во јануари ќе остане без Мане кој ќе замине на Африканскиот куп на нации, па веќе почна потрагата по крилен напаѓач кој ќе може да го замени Африканецот.

Англиските медиуми пренесуваат дека прва мета на „црвените“ ќе биде Сардар Азмун. Овој 21-годишен ирански репрезентативец е член на екипата на Ростов кој пристигна ова лето во контроверзен трансфер.

Имено, „иранскиот Меси“, како што го нарекуваат овој фудбалер, уште пред 3 години пристигна во Рубин Казан, а тие во 2015 година му го позајмија на Ростов. Но, по истекувањето на позајмицата, Ростов го задржа играчот и плати 2,3 милиони евра на Рубин на име на клаузула која во Казан ја оспоруваа, за која тврдеа дека никогаш не ја вметнале во договорот со Ростов. Рускиот фудбалски сојуз пресуди во корист на Ростов и Азмун остана во овој клуб, а веќе оваа зима би можел да се пресели на англиските терени.

Моменталната вредност на фудбалерот изнесува околу 10 милиони евра, сума која Ливерпул нема да има проблем да ја плати.

На Русите им се погоди заменик министерот за одбрана…поточно, неговата сопруа

Атрактивната сопруга од заменик министерот за одбрана на Русија, Светлана Захарова, на Инстаграм пали и жари со секси фотки кои ги споделува со своите следбеници. Поради нејзините фотки реагираше и официјална Москва.

Svetlana Zakharova during her recent tropical getaway

Порблем претставувале топлес фотките на кои таа без градник позира на песочните плажи, а со кои оваа 45-годишна сопственичка на ланец бутици за облека наводно предизвика револт кај Русите.

Svetlana Zakharova summer 2016

Светлана со својот сопруг уживаа на крајморски одмор, а таа не ја пропушти можноста на сите да им се пофали со мераците на прекрасните плажи преку социјалните мрежи, фотографии кои не им се допаднаа на претставниците на руската Влада бидејќи нејзиниот четири години помлад сопруг, сепак, е на висока функција во Владата.

Svetlana Zakharova summer 2016

„Војниците сега барем знаат за чиј луксузен задник ги даваат животите во Сирија и Украина“, коментираше еден Инстаграм корисник до една од фотките од Светлана.

Svetlana Zakharova during her recent tropical getaway

Рускиот пратеник Василиј Власов во парламентот го повика министерот за одбрана Сергеј, близок соработник на Путин, да го скроти својот заменик поради однесувањето на неговата сопруга.

Svetlana Zakharova during her recent tropical getaway

Федерацијата му порача на МЗТ да го напушти Еврокупот

Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација, на редовната седница вчера побара МЗТ Скопје Аеродром најдоцна до 25 ноември да се откаже од настапите во Еврокупот, бидејќи Светската кошаркарска федерација (ФИБА) ја повторила заканата дека ќе ги суспендира настапите на репрезентативните селекции.

„Ние добивме допис од Камил Новак, во кој се потврдува 25 ноември како последен рок до кога екипите кои настапуваат во натпреварувања кои не се признаени од ФИБА мора да го откажат учеството, во спротивно сениорската репрезентација ќе биде суспендирана. МЗТ ќе треба да го напушти проблематичното натпреварување, во спротивно МКФ ќе мора да го казни“, истакна првиот човек на МКФ, Петар Наумовски.

Компромисно решение да се почека разрешницата во спорот меѓу ФИБА и Евролигата која се води пред Европската комисија, но Наумовски потенцира дека е подготвен да го казни МЗТ доколку ФИБА го побара тоа од него, со цел да ја избегне суспензијата на Федерацијата и сениорската репрезентација.

Сепак клубот од Аеродром преку соопштение порача дека нема намера да го напушта Европкупот!

Македонско-руска стопанска комора и руски „Македонски дом“ потпишаа договор за соработка

Македонско-руската стопанска комора денеска ќе потпише Договор за соработка со „Македонски дом“ од Москва.

Договорот ќе го потпишат Ѓорѓи Дика, претседател на Македонско-руската стопанска комора и Нина Владимировна Жарова, генерален директор на „Македонски дом“ од Москва.

По потпишувањето на Договорот Дика и Владимировна Жарова ќе одржат прес-конференција за можностите за зголемување и балансирање на трговската размена на Република Македонија со Руската федерација.

Уште една условена препорака за Македонија – фер избори, СЈО и реформи се условите

Нова условена пропорака за почеток на преговори со ЕУ. Фер избори, оставање на СЈО да си ја заврши работата и спроведување на реформите се услов за напредок во евроинтеграциите, вели еврокомесарот Јоханес Хан.

Македонија доби уште една условена препорака за членство во Унијата. Годинава таа е условена со целосна примена на договорот од Пржино, со спроведување на фер и демократски избори и фокусирање на клучните реформски приоритети. Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан потенцира дека изборите се исклучително важни за Македонија, бидејќи во изминатите години земјата го изгубила политичкиот кредит. Токму затоа, тој смета дека доколку изборите се спроведат во фер, транспарентна атмосфера и во согласност со меѓународните стандарди, можат да бидат одлучувачки фактор.

Морам да кажам дека не се само изборите важни. Тие се пресвртница, но веднаш потоа избраната влада треба да се фокусира на приоритетните реформи. Сепак, изборите се веќе еден вид позитивен притисок врз европското семејство за реализација од наша страна. Сите ние досега сведочевме што значи кога нема резултати, земјата назадуваше, мислам дека може да ја стабилизираме и сега е наш ред да ги наградиме со тоа што ќе им дадеме перспектива и почеток на предвидените преговори доколку тие ги исполнуваат условите, изјави Хан во интервју за Радио Слободна Европа.

Покрај важноста на изборите и приоритетните реформи, овогодинешниот извештај му дава поддршка на Специјалното јавно обвинителство. Во извештајот се вели дека сите препреки со кои се соочило СЈО само го истакнале недостигот на независно судство и потребата да се спречи селективна правда. Во заклучоците се вели дека напорите на специјалната обвинителка да воспостави законска одговорност мора да бидат поддржани, а Собранието мора да утврди политичка одговорност за прислушуваните разговори и нивната содржина.

Во врска со потребата од продолжување на мандатот на СЈО по март догодина, Хан изјави:

СЈО може да ја работи работата заедно со тимот. Мислам дека специјалната јавна обвинителка веќе поднесе обвиненија и сега судовите имаат обврска треба да ги процесираат. Дел од условите е да се остави СЈО да ја работи својата работа и токму тоа беше еден од најважните исходи на Пржинскиот договор. Ова е прв приоритет, а потоа останува да се види како новата влада ќе ја продолжи работата, изјави Хан.

Годинашниот извештај за напредокот на Македонија ја нотира загриженоста на државната контрола врз функционирањето на демократските институции и клучните области во општеството. Покрај фактот дека државата се соочила со најтешката политичка криза од 2001 година, која се одразила врз недостигот на политичка култура и капацитет за компромис, наведено е и дека меѓуетничките односи останале кревки.

Во однос на останатите области се забележува дека Македонија има одредено ниво на подготовка во реформите во судскиот систем и борбата против корупцијата и организираниот криминал. Како умерено ниво на подготвеност се карактеризираат реформите во јавната администрација, а се истакнува важната улога на граѓанското општество во поддршката на демократските процеси. Заклучокот е дека е потребен напредок во однос на конкретната имплементација на реформите.

Меѓудругото, се посочува дека макроекономската стабилност треба да се зачува, построго да се контролира јавниот дефицит и да се подобри транспарентноста во спроведувањето на јавните расходи. Иако се констатира дека земјата главно одржува добри релации со соседите и добра регионална соработка, посочено е дека се потребни решителни чекори за решавање на спорот за името со Грција. Во извештајот пишува и дека земјата била погодена од миграциската криза и соработувала со сите соседни земји и земји членки на Унијата во справувањето со миграциските текови.

Роналдо добива доживотен договор од „Најк“

После продолжувањето на соработката со Реал Мадрид, Кристиано Роналде денес ќе потпише нов договор со спонзорот „Најк“.

Ѕвездата на „кралевите“ и португалската репрезентација години наназад е заштитно лице на американскиот производител на спортска опрема, а ќе остане и во иднина.

Извештаите велат дека Кристиано Роналдо ќе ги следи стапките на Леброн Џејмс и ќе добие доживотен договор од американскиот производител на спортска опрема.

Според договорот, Роналдо од „Најк“ ќе добива фантастични 24 милиони евра годишно. Досегашниот на заштитното лице на компанијата му носеше три ипол пати помала сума. И Роналдо и „Најк“ потврдија дека заеднички продолжуваат и во иднина.

Ве поздрави Даниела Балтова (видео)

Во секси видео издание пред објективот на Стефан Пеев.

Виц: Часовниците од Свети Петар

Починал некој човек и чекајќи ред кај Свети Петар, забележал многу ѕидни часовници во ходникот. Кога дошол на ред го прашува Свети Петар:
А бе, дедо Петре, што е ова олку часовници кај тебе?
Е па според брзината на вртењето на сказалките, гледам колку се краде во секоја земја и така им ги знам гревовите на луѓето.
А Македонија не ја гледам?
Е, часовникот за Македонија ми е во дневната, го користам како вентилатор!