Home Blog Page 4281

Киднапирал и претепал клиент оти не му платил за оралното задоволство

Млад велешанец, неодамна завршен средношколец е осуден на условна затворска казна од три месеци ако во следната година направи ново кривично дело, откако беше обвинет за  кривичното дело противправно лишување од слобода.

Кривичното дело го сторил оти клиентот, возрасен маж, не му платил за оралниот секс. Настанот се случил на Божик годинава, во домот на момчето во утринските часови, откако двете лица имале орален секс а клиентот не платил, објави порталот Тирековмирече.

Момчето му се налутило на клиентот, па му ставил нож под грлото и го држел заклучен околу 40 минути во подрумот. Кога се вратил сега осудениот, со себе довел други две други непознати лица. Потоа тројца го удирале клиентот со тупаници по главата од жртвата здобила повреди на вилицата и носот, а обвинетиот му ставил црна капа на главата, кабел на вратот и го удирал по грбот.

Потоа го однеле клиентот во друга подрумска просторија каде го заклучиле и го држеле затворен околу 15 минути. Со ова тој сторил кривично дело противправно лишување од слобода за што е осуден.

Жешки фотки од новата и досега најсекси Прва дама на САД – Меланија Трамп

Можеби ова беше историска победа за бизнисменот Доналд Трамп, но победата е историска и од уште еден аспект – Америка ја има можеби најсекси Првата дама во историјата и првата која се има фотографирано гола за машките списанија.

9-11-melanija-tramp1 9-11-melanija-tramp2

Меланија Трамп по потекло е од Словенија, има 46 години, а е цели 24 години помлада од својот сопруг, сегашниот претседател на САД.

9-11-melanija-tramp3 9-11-melanija-tramp4

Но, иако се држеше во сенка за време на предизборната кампања, Меланија е многу повеќе од само сопруга на Доналд Трамп. Таа зборува пет јазици, работи во златарскиот бизнис и има завидна кариера на интернационален модел.

9-11-melanija-tramp5 9-11-melanija-tramp6 9-11-melanija-tramp7 9-11-melanija-tramp8 9-11-melanija-tramp9 9-11-melanija-tramp10 9-11-melanija-tramp11 9-11-melanija-tramp12 9-11-melanija-tramp13 9-11-melanija-tramp14 9-11-melanija-tramp15 9-11-melanija-tramp16 9-11-melanija-tramp17 9-11-melanija-tramp18

9-11-melanija-tramp19

Вработените во Југохром в сабота ќе го блокираат патот Тетово – Скопје

Вработените во Југохром ќе го блокираат магистралниот пат Тетово -Скопје, ако Владата не се произнесе за одлуката за забрана на работење на компанијата донесена од страна на Министерството за животна средина. Протестот ќе се одржи во сабота во периодот од 10 до 12 часот кај наплатната рамка Желино. Истовремено ќе биде блокиран и стариот пат Тетово – Скопје.

Синдикатот на компанијата и Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството (СИЕР) денеска доставија три барања кои се услов протестот да не се одржи.

Бараме Владата да ја стави во мирување одлуката за затворање на компанијата, а институциите конечно да направат анализа кој го загадува Тетово и колкав е процентот на материии кои се испуштаат од Југохром и го загадуваат Тетово. Од раководството на компанијата бараме додека не се рестартираат печките, статусот на работниците да остане ист, односно да не се отпуштаат од работа. Исто така, бараме сега кога компанијата ги доби потребните дозволи за градење на отпрашувачот во мошне кус рок да ги заврши градежните работи и еднаш засекогаш да се остранат причините поради кои компанијата запира со работење во период кога има најмногу работа, рече претседателот на СИЕР, Пеце Ристевски.

Синдикатот не негира дека Југохром како и секој индустриски капацитет има влијани во загадувањето на околината, но бара институциите да излезат со конкретни бројки за неговото учество во загадувањето на воздухот.

Сметаме дека неправедно компанијата се обвинува дека го загадува Тетово. Тоа ќе го презентираме и на протестот во сабота. Лани кога Југохром беше затворен уште во првите денови загаденоста на воздухот во Тетово беше три пати поголема од деновите кога работевме. Затоа бараме Министерството за животна средина и општина Тетово да ги најдат вистинските загадувачи за да можат 1.000 вработени во Југохром да егзистираат, вели претседателот на синдикатот на компанијата, Бајрам Амити.

Испитувањата кои ги направија нашите инженери, додаде Амити, покажуваат дека оние честички кои го загадуваат воздухот паѓаат на 1,5 до 2 километри од оџаците на фабриката.

Свето Спасовски, член на претседателството на синдикатот на компанијата тврди дека од затворањето на Југохром најголема штета имаат вработените.

95 проценти од вработените во Југохром се од општините Јегуновце и Теарце. За нив и нивните семејства нема друга алтернатива за вработување, бидејќи во овие две општини и поширокиот регион единствен индустриски капацитет е Југохром. Ако добијат отказ од оваа компанија за нив ќе значи пакување на куферите и иселување, вели Спасовски.

За синдикатите е неразбирливо зошто толку долго се чекаше дозвола за градба на пречистителната станица, а во тој период се обвинуваше компанијата дека не ги почитува роковите.

Југохром ги изгаси печките минатата недела по одлука на Министерството за животна средина кое посочи дека компанијата ги пробила роковите за изградба на пречистителна станица за издувните гасови кои го загадуваат воздухот во регионот.

Одлуката, меѓутоа не е потврдена од страна на Владата што е законска обврска. Југохром и лани беше затворен три месеци откако протестираа невладините организации од Тетово кои за загаденоста на овој град ја обвинија оваа компанија.

Министерството за животна средина и општините иако имаат обврска да изготват анализа за тоа кој и колку го загадува воздухот во Тетово и регионот, сѐ уште не ја подготвиле и немаат конкретни податоци за тоа колкав е уделот на Југохром во загадувањето на воздухот на Тетово.

Се вика Bentley Bentayaga и чини 250.000 долари

Ако не ви е јасно зошто оваа машина е толку скапа, погледнете го девет и пол минутното видео – батката детално сè ќе ви објасни.

Како варираше цената на кокаинот во САД од ’80-те до денес

Кокаинот е неизоставен дел од трговијата со наркотици во САД од 80-те години на минатиот век, кога почнува да навлегува во земјата. Подоцна, низ декадите, бизнисот со кокаин преминува низ различни трансформации, одбележани од борбата меѓу наркокартелите за контрола врз шверцот и трговијата со дрога, како и од усилбите на властите во земјите од Латинска Америка и САД да стават крај на на истите. На каков начин се одразува тоа врз цената на кокаинот во САД можеме да видиме во неодамна објавениот материјал на Business Insider.

Во првите години, најголемиот производител на кока е Перу. Во тој период, цената на кокаинот е многу висока – над 700 долари за грам на мало, и околу 400 долари по грам за порачки меѓу 10 и 100 грама (цените го одразуваат инфлациониот ефект). Податоците се земени од минатогодишниот White House National Drug Control Strategy Report, кој го покрива периодот од 1981 до 2012 година.

До крајот на 80-те се забележува сериозен пад во цените на кокаинот – пад кој во 1989 година достигнува до околу 100 долари по грам за големи набавки (250 долари по грам на мало). Потоа цената на наркотикот останува релативно стабилна, бележејќи тенденција на рамномерен пад, кој е нарушен дури кон последните години.

Големиот пад на цената на кокаинот во 80-те години се совпаѓа со излегувањето на сцената на Пабло Ескобар и другите колумбиски наркошверцери, кои воведуваат поефективни методи на производство и во пракса го индустријализираат кокаиновиот бизнис. Притоа успеваат да ги намалат трошоците при производството, а паралелно и многукратно го зголемуваат обемот на внесениот кокаин во САД. Се разбира, тоа резултира со константно поевтинување на кокаинот.

Надолната траекторија на цената продолжува и низ 90-тите, макар со многу поблаго темпо. За тоа најверојатно допринесува мешаницата во нарко круговите. По убиството на Ескобар во 1993 година и по распадот на противничкиот наркокартел Кали, контролата врз трговијата со кокаин во Колумбија ја преземаат помали криминални групи, паравоени формации и бунтовнички групации како ФАРК.

Друг фактор е и нестабилноста на пазарот на наркотици во Мексико, каде некои картели, предводени од тој на Хоакин Гузмар „Ел Чапо“, меѓусебно се борат за и си ја оспоруваат контролата врз шверцерските канали низ 90-те и првите години на новиот век.

На крајот на 90-те, цената на кокаинот бележи извесно покачување, но тоа е проследено со нов пад – до 120 долари по грам на мало во 2006 година.

Имено, 2006-тата воедно претставува и почеток на нагорниот тренд на цената. Поскапувањето се совпаѓа со почетокот на кампањата за разбивање на наркотрговијата во Мексико, предводена од поранешниот претседател на земјата – Фелипе Калдерон.

„Тоа со сигурност ги зголеми трошоците на картелите и можеби ги отежни шверцерските достави на кокаин во САД“, коментира за Business Insider Том Вајнрајт – уредник на британски The Economist и автор на книгата Narconomics.

Насилството во земјата ескалира во 2009-2010 година, особено во Суидад Хуарес – град во регионот близу до границата со Тексас. Тој регион ќе претставува важен криумчарски коридор за наркотрафикантите.

Во тој период американските служби исто така ги зголемуваат напорите во борбата со наркотрговијата, што води до промени во тактиката на криумчарите, кои почнуваат повеќе да се потпираат на карибските канали. Таквата промена исто така веројатно води кон зголемување на цените.

Уште еден фактор кој треба да се земе во предвид е драстичното зголемување на побарувачката на кокаин во Европа во првите години на 21-от век, забележува Вајнрајт.

„Трговијата со кокаин е глобален бизнис, така што дополнителната побарувачка во Европа се одразува стимулативно и врз цените во САД“.

Цената на кокаинот ја достигнува својата највисока точка во новиот век токму во 2009 година, кога количини до 10 грама се продаваат за околу 190 долари по грам.

Во последните години Колумбија одново стана најголемиот производител на кока во светот, откако производството на растението во земјата значително се зголеми. Сé уште не е јасно каков е ефектот од тоа зголемување врз цените во САД.

Кој град во Европа има најмногу прволигаши?

Иако секој најпрво би помислил дека станува збор за Лондон, сепак точниот одговор е главниот град на Исланд, Рејкјавик кој оваа сезона има дури седум тимови кои се натпреваруваат во најсилната лига.

Лондон е шампион во Европа по бројот на клубови кои ги има, но и град со најголем број изгаснати фудбалски клубови.

Од регионот град со најмногу клубови во првата лига е Белград кој има пет тима, додека Скопје има три исто колку Загреб и Сарајево.

Португалската престолнина Лисабон има четири прволигаши, но во тој град постојат уште 12 клубови во пониските лиги, а исто толкав број има и Москва.

Лондон:
Арсенал
Челзи
Кристал Палас
Тотенхем
Вест Хем Јунајтед
Ватфорд

Рејкјавик:
Брејдаблик
Фјорнир
Филкир
КР
Валур
Викингур
Бротур

Ѕвездата на Арсенал: Нема да го продолжам договорот, сакам да играм во друг клуб!

Напаѓачот на Арсенал, Оливие Жиру откри дека не е задоволен од моменталниот статус во лондонскиот клуб и нема намера да го продолжи договорот кој му истекува во 2018 година.

Французинот оваа сезона е во втор план кај Арсен Венгер и тој признава дека неговото време на „Емирати“ полека поминува и сака да игра во друг клуб.

„Мојата иднина во Арсенал ја гледам до последниот ден на мојот договор. Нема да лажам, имаше моменти кога бев разочаран и не бев задоволен од мојата моментална ситуација. Ќе се борам за своето место, но после истекот на договорот сакам да играм на друго место, во друг клуб“, истакна Жиру.

„Кога го гледам Арсенал од трибините гледам дека тимот игра многу добро од почетокот на сезоната и сваќам дека возот за мене полека заминува“, искрен беше Французинот.

СПОДЕЛИ МУЗИКА: Калевала – “La Vie En Rose”, француски шарм со македонски акцент

Ако сте ги подзаборавиле, или можеби никогаш не сте ги запознале дечките од македонскиот бенд „Калевала“, кој до пред неколку години правеше одлични „живи“ свирки на скопските улици и плоштади, еве едно потсетување или запознавање со нив.

Јорданска авиокомпанија го „боцна“ Трамп во својата реклама

Јорданската авиокомпанија Royal Jordanian Airlines одлучи да ги искористи претседателските избори во САД во маркетиншки цели за понудата на авиобилети за last minute летовите.

Во новата реклама за оваа цел, авиокомпанијата го „брецна“ Доналд Трамп: „Во случај тој да победи. Патувајте во САД додека ви е дозволено“, посебно однесувајќи се на муслиманите, во случај тие, како што најави Трамп дека ќе постапи ако победи на изборите, да добијат забрана за влез во САД.

9-11-jordanairlines-trump1

Посебни цени на авиобилетите со оваа реклама тие нудат за Чикаго, Детроит и Њујорк.

Фото: Меси има нова тетоважа!

На тренингот на аргентинската репрезентација фоторепортерите можеа да видат нешто ново кога е Меси во прашање, а тоа е тетоважа на десната нога.

На истата нога Меси ги имаше истетовирано неговиот син Тиаго, заедно со цвеќе и крилја, а сега остана само бројот 10 со некои детали.

Argentina's Lionel Messi practices during a training session in Belo Horizonte, Brazil, Tuesday, Nov. 8, 2016. Argentina will face Brazil in a 2018 World Cup qualifying soccer match on Thursday. (AP Photo/Eugenio Savio) Argentina's Lionel Messi attends a training session in Belo Horizonte, Brazil, Tuesday, Nov. 8, 2016. Argentina will face Brazil in a 2018 World Cup qualifying soccer match on Thursday. (AP Photo/Eugenio Savio)