Home Blog Page 4280

Зошто по напорен работен ден луѓето се опуштаат со алкохол?

По напорниот ден на работа многу луѓе се одлучуваат да се опуштат со чаша вино или некој друг алкохолен пијалок. Научниците откриле зошто посегнувањето по алкохол е одговор на стресот.

Зголеменото ниво на стрес го предупредува мозокот дека се наоѓа во состојба во која треба да се бори за опстанок. Сигналите кои мозокот ги праќа кога ќе доживее стрес се дизајнирани да го зачуваат и смират нашето тело и се слични на тие кои се ослободуваат по конзумирање на алкохол, кофеин или дрога.

Мозокот е измамен и мисли дека алкохолот му помага и тоа го охрабрува тој кој пие да пие уште повеќе. Поради тоа се случува луѓето да испијат повеќе од што сакаат.

Истражувањето го спровело тим од Универзитетот Пенсилванија кои откриле дека глувците кои биле изложени на стрес доброволно пиеле повеќе алкохол во однос на тие кои не доживеале исто ниво на стрес. „Глувците кои биле изложени на стрес пиеле повеќе од што можат да контролираат. Така било неколку недели. Одговорот на стресот има за цел да не заштити, но дрогата и алкохолот го користат тој механизам и го лажат нашиот мозок со што не тераат да пиеме уште” – рече професорот Џон Дани.

Глувците биле изложени на акутен стрес еден час и 15 часа потоа, а истражувачите ја мереле количината на шеќерната вода со етанол која доброволно ја конзумирале. Тимот сега разговара со други научници за наоѓање начин за нормализирање на невроните во делот на мозокот за награди со цел да може да се контролира конзумирањето на алкохол.

Истражувањето е објавено во списанието Neuron.

Со сода бикарбона против подочниците

Маската од сода бикарбона е идеална за ослободување од подочниците, темните кругови околу очи и подуените капаци.

Потребно ви е:

Шолја топол чај од камилица
Лажица сода бикарбона

Подготовка:

Чајот треба да биде млак, не премногу топол. Измешајте ја содата во чајот, па натопете две парчиња памук или козметички сунѓер во мешавината. Ставете под очите како облоги. Треба да делуваат најмалку 15 минути.

Потоа исплакнете го лицето, па нанесете крема или природно масло против брчки, како на пример кокосово.

Ако редовно го правите овој третман нема да имате никаква потреба од серуми и маски.

Каква храна преферираат новиот претседател на САД Трамп и сопругата Меланија?

За разлика од нивните претходници, Барак и Мишел Обама кои јавно се залагаа за здрава исхрана, новиот американски претседател има поинакви навики кога станува збор за исхраната.

9-11-melanija-tramp13

Американските магазини за време на кампањата објавија дека помеѓу Доналд и Меланија Трамп има голема разлика во исхраната, затоа што сопругата која е поранешна манекенка, отсекогаш била на строг режим со здрава храна, а повеќе пати има зборувано за нејзиното дневно правило според кое задолжително секој ден јаде седум парчиња различно овошје.

10-11-donald-tramp-hrana1

Сепак, нејзиниот сопруг не ја прати во здравите навики и како што самиот признал. Тој е повеќе навлечен на брза храна и не внимава многу што јаде и внесува во организмот.

10-11-donald-tramp-hrana2

На ова негово тврдење, дел од корисниците на социјалните мрежи низ шега коментираа дека тој ќе го подигне холестеролот на Америка.

Во Њу Делхи прогласена вонредна состојба поради огромната загаденост на воздухот

Индиската влада прогласи вонредна состојба, бидејќи загадувањето на воздухот во главниот град Њу Делхи достигна 16 пати поголемо ниво од безбедната граница.

Повеќе од 1.800 училишта се затворени во обид да се задржат децата во затворен простор, додека пак средната класа и иселениците започнаа да мигрираат надвор од градот.

„Загадувањето е зголемено до тој степен што Њу Делхи личи на гасна комора“- изјавува главниот министер – Арвинд Кеџривал.

Тоа можеби звучи екстремно, но градот се наоѓа во „црвената зона“ повеќе од една недела и работите всушност се влошуваат.

Станува збор за саѓи, чад и честички на прашина кои може да дојдат до вашите бели дробови и да предизвикаат долгорочни здравствени проблеми како астма и хронични респираторни болести – за кои Индија има највисока стапка на заболување во светот. Постојат дури и некои докази кои укажуваат на тоа дека металните честички во воздухот од согорувањето на горивото може да ја предизвикуваат Алцхајмеровата болест.

Погледнете колкава е разликата во состојбата на воздухот за само неколку месеци.

10-11-new-delhi-vozduh1 10-11-new-delhi-vozduh2

Па што вушност се случува?

Кеџривал сугерира на „голем обем“ на чад од соседните региони Пенџаб и Харајана од палењето на стрништата во земјоделските области.

Официјалните претставници исто така, ги обвинија и илјадниците огномети насекаде низ Њу Делхи за време на фестивалот-Дивали, кој започнува секоја година кон крајот на октомври. Овие огномети обично оставаат траги што траат два или три дена но, оваа година, поради смогот тие траат една недела.

Луѓето моментално протестираат за да се обидат да ги принудат локалните власти да ја преземат контролата на ситуацијата. Мерките досега вклучуваат ограничување на возилата на гратските патишта, како и повеќе еколошки процеси за земјоделците.

На 6 ноември градот изрече и привремена забрана за градење и рушење на згради и употреба на дизел-генератори на електрична енергија. Исто така се планира чистење на улиците во градот, и започна и распрскување на вода за сталожување на прашината.

Само времето ќе покаже дали некои од овие мерки ќе имаат ефект, а се надеваме дека наскоро ќе се појават и ветрови за да однесат дел од смогот.

Бидејќи зимата е при крај во овој град, работите би требало да станат малку полесни бидејќи истражувачите утврдуваат дека слабиот ветер и зголемувањето на греењето во домовите за време на зимата го прави загадувањето уште полошо.

Се надеваме дека ќе се најде решение за оваа ситуација во Њу Делхи- и тоа брзо, за децата да можат да се вратат на училиште, и жителите во своите домови.

Четврток носи постабилно време

Го започнуваме четврток со умерена облачност низ земјава, но и со температура нешто пониска од претходните утра, но насекаде со позитивна вредност, помеѓу 3°С и 7°С.

Состојбата нема да се менува се до попладнe, кога во западните и северните делови од земјата облачностa постепено ќе се зголеми, а ќе има услови сосема слабо да „проврне“. Во околината на шара облачноста ќе биде позначителна, а на оваа планина ќе проврнува слаб снег.

Максималната температура ќе биде пониска во однос на претходните денови и ќе има вредност помеѓу 13°С и 16°С низ поголем дел од котлините, а на повисоките места околу 11°С.

Скопскиот регион очекува умерено облачно време, со мала шанса за сосема слаб дожд попладне. Температурата ќе има вредност околу 13°С.

Го платија 30 милиони, сега го испраќаат на позајмица!

Габриел Барбоса – Габигол ова лето пристигна со голема помпа во Милано и навивачите на Интер го пречекаа како „Бог“ надевајќи се дека ќе биде големо засилување за тимот.

Два и пол месеци подоцна ни трага ни глас од талентираниот Бразилец кој беше платен 30 милиони евра. Од почетокот на сезоната има одиграно само еден натпревар, поточно 15 минути на мечот со Болоња.

Франк де Бур бараше трпение и тврдеше дека ќе му треба време за да се привикне на италијанскиот фудбал, но Стефано Пиоли нема време да го чека Бразилецот особено поради фактот што сега се важни само резултатите.

Поради тоа италијанските медиуми тврдат дека Интер размислува да го испрати Габигол на позајмица до крајот на сезоната.

Се споменуваат Пескара и Емполи како најверојатни опции, со цел Бразилецот да има голема минутажа во следните 6 месеци и да се привикне на италијанскиот фудбал.

Виц: Ист си како татко ти

Мајката го кара синот кој ја наполнил книшката на полугодие со единици:

Глупав и мрзлив си, ограничен, ист си како татко ти.

Го слуша тоа таткото во претсобјето и влегува изнервиран:

Значи јас сум глуп и ограничен, а?

Ти доста, му вели сопругата, никој не зборува за тебе.

Виц: Близнаците од Трпе

На Трпе му се родиле близнаци. Се среќава со пријател и му вели:
Да ти се пофалам,ми се родија близнаци.
Браво! Честитки. Да ти се живи и здрави! А еднојајчани или двојајчани?
Па едното е двојајчано, а другото е девојче.

Облините од Дана се опасни за машкиот крвен притисок

Дама Хам е опасна девојка која пали и жари со своите бескомпромисно секси фотки на Инстаграм.

Градите секогаш во прв план, колку помалку „парталчиња“ врз голото и добро одржано тело – толку подобро, заводливо провокативни пози и предизвикувачки сцени – така на кратко би можел да се опише нејзиниот Инстаграм профил.

9-11-dana-hamm

ЕК со клучни наоди: Политиката на поделба ја продлабочува кризата во Македонија

Во клучните наоди од извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија се нотира дека во земјата продолжува најголемата политичка криза од 2001 година и дека земјата страда од култура на политичка поделба и од недостиг од капацитет за компромиси.

Еве ги накусо забелешките:

  • Меѓуетничка состојба: Сè уште е кршлива;
  • Цивилно општество:  Игра важна улога во поддршка на важните демократски процеси и осигурување контрола;
  • Јавна администрација: Се забележува напредок, иако ограничен. Има недоволен напредок во имплементацијата на претходните препораки на Комисијата;
  • Судски систем: Се забележува назадување од 2014 година и реформите имплементирани од претходната декада се поткопани од политичкото влијание. Опструкциите со кои се соочи новоформираното Специјално јавно обвинителство го покажуваат недостигот од независност на судството и недостигот од спречување на селективна правда;
  • Борбата против корупцијата: Има некое ниво на подготвеност, но корупцијата е застапена во многу области и тоа е сериозен проблем;
  • Заштита на човековите права: Треба да се вложи повеќе напор за да се осигури почит на човековите права на ранливите категории, вклучувајќи ги мигрантите и бегалците;
  • Слобода на изразување: Ситуацијата со медиумите останува сериозен предизвик во сегашната политичка клима;
  • Мигрантска криза: Земјата сè уште е погодена кризата, но земјата продолжува да соработува со соседните земји, како и со земјите членки на ЕУ;
  • Економија: Висока невработеност на младите и ниска конкурентност на домашниот приватен сектор, каде што има слаба примена на договорите и отежнат пристап до финансиите. Јавниот долг и понатаму се зголемува. Потребни се инвестиции во јавната инфраструктура за зголемување на конкурентноста.