Home Blog Page 4279

Диего Коста нема да игра против Македонија

Напаѓачот на Челзи, Диего Коста, поради пореда на препоните, ќе го пропушти натпреварот од квалификациите за пласман на Мундијалот во 2018 година против репрезентацијата на Македонија.

Коста повреден пристигнал на подготовките на шпанската репрезентација, а како што пренесува „Ел Конфедесијал“, селекторот Хулен Лопетеги, ќе му дозволи на Коста да се врати во Лондон за да започне со рехабилитација.

Диего Коста се повредил во саботата на натпреварот Челзи-Евертон, на кој постигна еден од петте гола на „сините“.

Шпанија в сабота ќе ја пречека Македонија во Гранaда, а три дена подоцна ќе одигра пријателски натпревар против Англија во Лондон.

Виц: Кај си досега, говедо

Се запил Перо во некоја кафеана, па се враќа дома доцна во ноќта. Сопругата го чека бесна и почнува да му се дере:

Говедо пијано, каде си досега, и му покажува на часовникот во собата.

Ееее, жено, и јас не сум тоа што бев. Ти ми покажуваш на часовникот, мама на времето ми покажуваше на каледарот.

(С)облечена само во боја: Кајли Џенер ги запали своите фанови со оваа фотка

Полусестрата на Ким Кардашија, Кајли Џенер, знае како да ги загрее страстите на своите обожаватели на социјалните мрежи.

A photo posted by Kylie (@kyliejenner) on

„(С)облечена“ само во тегет сина боја, Кајли позираше пред објективот на Саша Самсонова во рамките на еден нејзин проект кој е во тек.

Најсимпатичната скриена камера со најслаткото кученце

Погледнете ги реакциите на купувачите во еден маркет кога во нивната кошница ненадејно ќе најде слатко кученце кое не е нивно милениче.

Светот не изгледа онака каков што го знаете – мапата од Нарукава е најдобра можна 2D мапа

Картата на светот која е дело на Јапонецот Хаџиме Нарукава, е кандидат за досега најдобрата можна дводимензионална проекција на нашата планета.

Најпознатата проекција на мапи досега, онаа на фламанскиот картограф Џералд Меркатор, наречена Меркаторов принцип, е позната по тоа што најсеверните и најјужните земји се прикажани поголеми отколку што навистина треба да бидат според размерот.

10-11-authagraph-world-map-1

Тоа е така, поради прецизноста на меридијаните и напоредниците, за тие секогаш да бидат под агол од 90 степени. Така, некому може и да не му се допадне тоа што, на пример – Аљаска, Гренланд или Русија се претставени несоодветно поголеми.

10-11-authagraph-world-map-2

Новата мапа на јапонскиот архитект, насловена „Автографичка мапа“, го претставува секој дел од светот точно и пропорционално еднаков.

Мапата веќе е во продажба и може да се купи во разни големини.

Агенција за заштита на децата пресуди: Пит не бил насилен татко

Бред Пит не практикувал престрог и жесток однос кон својот посинок Медокс, се вели во известувањето на Агенцијата за заштита на децата во Лос Анџелес.

По разделбата на Пит и Анџелина Џоли, се појавија информации дека глумецот се однесувал грубо со момчето во приватниот  авион при рекреативен лет во септември.

Во меѓувреме, Пит првпат се појави на јавен настан без неговата поранешна поубава половина.

Тој присуствуваше на премиерата на филмот „Moonlight”, чијашто продукциска куќа е неговата компанија.

Во Париз се затвора Музејот на еротиката – скапи уметнички дела дадени на аукција

Познатиот Музеј на еротика во Париз се затвара, па поради тоа се организира аукциска продажба на експлицитните изложбени предмети од кои за мнозинството се уметнички дела на светски познатите сликари и вајари.

Од шумата машки гениталии до објекти од Јужна Африка, темелени на женските гениталии, на оваа голема аукција се продаде се што беше понудено со секој нов  удар со чеканот.

10-11-muzej-na-erotika1

Поголемиот дел од двете илјади колекции се со потекло од Азија, вклучувајќи го и најстариот предмет – мермерната плоча на индискиот бог Вишна од тантричкиот индиски храм, што потекнува од 18-от век.

Во аукцијата се вклучени и цртежи и фотографии од „Убавата епоха“ на Париз во 19-от век, кога овој град важеше за светска престолнина на задоволствата.

Во Музејот се наоѓаа и предмети од француските легални бордели што биле затворени по Втората светска војна.

10-11-muzej-na-erotika2

– Многу луѓе дојдоа со надеж дека ќе дојдат  до некој сувенир за себе од овој Музеј, што никогаш нема да биде заборавен, изјави аукционерот Бертранд Корнет.

Делото на Салвадор Дали, рељефната слика „Млада девица која се содомизира со роговите на сопствената чедност“, е продадена за 30.608 евра, а сликата „Мона Лиза во топлес“ за малку повеќе од 13.000 евра.

10-11-muzej-na-erotika3

Цртежите што ги правел Џорџ Волински, еден од карикатуристите кој бил убиен во текот на нападите врз новинарите на сатиричното списание „Шарли Ебдо“, исто така се најдоа на аукција.

Единствениот француски еротски музеј мора да се затвори затоа што сопственикот на зградата одлучи да не го обновува договорот за закуп, а не може да се најде некој друг соодветен простор каде може да го собере целиот музеј.

10-11-muzej-na-erotika4

Сопствениците на музејот, Џо Калиф и Алејн Плум, поранешен порно-актер кој го основа музејот пред 18 години, рече дека падот на бројот на посети на туристите и зголемената цена на киријата го довеле музејот до неговиот крај.

Од делумно слободна, Македонија доби статус на земја со неслободни медиуми

Македонија од делумно слободна премина во неслободна земја според слободата на медиумите, според оцената на меѓународната организација Фридом хаус во најновиот извештај за 2016.

Според Фридом хаус, причината за назадувањето е „откривањето дека постои големо незаконско владино прислушување на новинарите, коруптивни врски меѓу функционери и сопственици на медиуми и зголемување на заканите и нападите врз медиумските работници“.

Извештајот на Фридом хаус забележува дека медиумите во Македонија се длабоко поделени по политичка линија.

„Самоцензурата меѓу новинарите е вообичаена, пред сѐ, поради притисокот од сопствениците на медиумите со особени бизнис или политички интереси и, од неодамна, поради загрженоста од прислушувањето. Новинарите се лошо платени и се соочуваат со закани и малтретирање кога се занимаваат со истражувачко новинарство или критичко пишување“, се вели во извештајот на Фридом хаус за Македонија за 2016-та.

Фридом хаус потсетува дека во февруари 2015 година, опозицискиот лидер Зоран Заев обвини дека владата на тогашниот премиер Никола Груевски спровела масовно прислушување при што таргетирани се повеќе од 100 новинари, како и илјадници други граѓани.

Според наодите на Европската комисија, дополнителната истрага покажала дека треба да се поддржат тврдењата на Заев, пишува во извештајот организацијата.

Заев објави серија снимки од разговори сугерирајќи дека власта имала улога во одлуките за содржината на јавните и некои приватни медиуми. Повеќе новинари добија закани или доживеаја физички напади во текот на годината, појаснува Фридом хаус.

Вака ќе изгледа патувањето со 1.100 километри на час (видео)

Данската компанија BIG веќе некое време го најавува својот револуционерен изум – превозно средство со коешто од Дубаи до Абу Даби, на пример, ќе се патува само 12 минути, иако растојанието меѓу тие два града е 150 километри.

Капсулата „Хиперлуп“, која својата експериментална фаза ќе ја има во Обединетите Арапски Емирати, развива до 1.100 километри на час. Идејата потекна од Елон Маск, основачот на „Тесла Моторс“, „Пеј-пал“ и компанијата за вселенски истражувања „Спејс-Икс“. Маск сепак не учествуваше во конструирањето на капсулата.

На тестовите во Лас Вегас претходно годинава, „Хиперлуп“ за 1,1 секунда постигна брзина од 187 километри на час.

Со ова лесно се полнат батериите: Микротурбина за напојување на уреди (видео)

Лесна, компактна и пренослива, „Микро винд турбината“ е направа за напојување на уреди на изолирани локации, која е креирана од страна на Нилс Фербер од Швајцарија.

Малата турбина која ја движи ветрот фунционира и ноќе и дење, тешка е помалку од еден килограм, а може да се склопи во големина од стап за планинарење.

Уредот е за 40 проценти полесен од неговиот најблизок конкурент и има фантастични перформанси дири и при слаб ветар.