Home Blog Page 4278

Поради многу експлицитни сцени, Fifty Shades Darker ќе биде со ознака „16+“

Филмот Fifty Shades Darker доби старосно ограничување од R ранг, што значи дека нема да можат да го гледаат гледачи помлади од 16 години без присуство на родители.

Филмот изобилува со сцени со „моќна сензуална и еротска содржина, голотија и експлицитен вокабулар“, пренесуваат од MPAA. И неговиот претходник, Fifty Shades of Gray заврши со иста категоризација од R ранг, но авторите на филмот се надеваа дека со второто продолжение ќе успеат да ја избегнат таа ознака и да ја добијат многу поумерената NC-17.

Дакота Џонсон и Џејми Дорнан повторно ги играат главните улоги на парот кој практикува само-мазо игри, а многумина се надеваат дека во второто продолжение ќе видат многу повеќе голотија од првото. Како и минатиот, така и овој филм ќе биде премиерно прикажан на Свети Валентин.

Фиона Сицилијано – небрусениот „Инстаграм дијамант“

Иако ја следат само 11.000 обожаватели, нејзиниот Инстаграм профил сведочи за сексапилот на природно надарената атрактивна дама која заслужува далеку повеќе внимание.

A photo posted by Fiona S (@fionagirlsoho) on

Фиона Сицилијано, девојка со мешано италијанско-англиско потекло, живее и работи во Манчестер. Ги има красено страниците од списанието Zoo, а она која ја прави поразлична од другите секси девојки, е календарот за следната 2017 година кој е изработен со избор од нејзините најсекси фотографии.

A photo posted by Fiona S (@fionagirlsoho) on

A photo posted by Fiona S (@fionagirlsoho) on

A photo posted by Fiona S (@fionagirlsoho) on

A photo posted by Fiona S (@fionagirlsoho) on

A photo posted by Fiona S (@fionagirlsoho) on

Во обид да направи селфи, уништи скулптура стара 400 години

Бразилски турист кој се обидувал да направи селфи во музејот во Лисабон превртел и уништил скулптура од 18 век.

Станува збор за скулптура на Свети Архангел Михаил, изложена во Националниот музеј за древна уметност во Лисабон. За време на слободната посета, туристот од Бразил, чие име не е откриено бидејќи се води истрага за случајот, се обидел да направи селфи и во тој момент на подот ја турнал споменатата скулптура која при падот се искршила на неколку парчиња.

10-11-skulptura1

Фотката од искршената статуа ја направи Нуно Мигел Родригес и истата набрзо беше вирално споделувана на социјалните мрежи. Заменик директорот на музејот, Жозе Алберто Сеабра Карваљо изјави дека музејот работи долго време и никогаш досега им се нема случено вакво нешто.

Зампарини: Тргнете ги рацете од Несторовски, не е на продажба!

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски блеска во дресот на Палермо, па го привлече вниманието на многу поголеми клубови во Серија А.

Несторовски веќе има постигнато 6 гола за Палермо и сигурно е едно од најголемите откритија во Серија А, а денес претседателот Зампарини им порача на заинтересираните клубови воопшто да не се обидуваат бидејќи Македонецот не е на продажба.

„Тргнете ги рацете од Несторовски, тој не е за продажба. Игра добро како што предвидов, Несторовски е наш играч и воопшто не ни размислуваме да му поставиме трансфер цена зошто не сакаме да го продадеме. Тој ќе продолжи да го носи нашиот дрес. Неколку клубоби ме контактираа и на сите им реков не, напаѓачот има четиригодишен договор и е среќен во Палермо. Несторовски ќе биде со нас најмалку уште три години“, изјави Зампарини за „Кориере Дело Спорт“.

Морков му ја врати бурмата која ја загинал пред три години во градината

Еден 82-годишне Германец ја изгубил својата бурма додека копал во градината пред три години. Откако дал се од себе за да ја најде, кренал раце мислејќи дека споменот од венчавката е засекогаш изгубен.

Но природата имала поинаков план, бидејќи венчалниот прстен му го вратила на најнеобичен можен начин. Додека проверувал како напредуваат морковите, многу се изненадил кога видел како од едниот наѕира бурмата која ја изгубил пред три години. Морковот растел околу прстенот, а симболот на љубовта бил лесен да се воочи.

Покојната жена била убедена дека нејзиниот сопруг кога тогаш ќе ја пронајде изгубената бурма и се покажа дека таа била во право.

Директорите Јосифовски и Лекиќ купуваат акции од Макпетрол на берзата

Мaкедонската берза денеска го објави соопштението дека претседателот на управниот одбор на Макпетрол А.Д. – Скопје, Андреја Јосифовски, во изминативе 30 дена се стекна со 140 акции од компанијата. И членот на управниот одбор Саша Лекиќ се стекна со 50 акции од издавачот Макпетрол.

Македонска берза и компаниите што котираат на берзата се должни да објавуваат вакви чувствителни информации според правилата за котација.

Кун Агуеро го откри името на наредниот клуб!

Напаѓачот на Манчестер Сити и според многумина најдобриот напаѓач во Премиер лигата, Кун Агуеро јавно проговори за својата иднина.

Агуеро откри дека нема никакви проблеми со тренерот Пеп Гвардиола и стави крај на шпекулациите за негови заминување од „Етихад“.

„За сега се чувствива одлично во Манчестер Сити, а кога ќе го напуштам тој клуб се селам во Индепендиенте. Што се однесува до шпекулациите не им обнувам внимание. Среќен сум во Сити и со работата со Пеп“, истакна Агуеро.

Аргентинскиот Индепендиенте е клубот каде Агуеро почна да игра фудбал пред да се пресели во Европа и во неколку наврати истакнува дека токму таму сака да ја заврши кариерата.

Либералната партија ги усвои кандидатските листи за претстојните избори

На синоќешната седница на Централниот комитет, ЛП ги утврди листите на кандидати за претстојните предвремени избори.

Претседателот Ивон Величковски е носител во првата, потпретседателот Кире Бузлиев во втората, Даница Јованова од Кавадарци во четвртата, а економистите Данчо Марковски од Велес и Кице Мицковски од Ресен се носители во третата и петтата единица.

Извршниот комитет е овластен да ги утврди евентуалните листи на кандидати за изборните единици 6 и 7.

Доста беше нечујност и невидливост. Доста беше балансирање со туѓите на сметка на политиките, понудата и ставовите на Либералите. Сега секој што ќе ја поддржи Либералната платформа, поддржува јасна платформа на граѓански блок во кој поддршката ја дава лично и несебично, на основа на анти-популизам, реализам и одржливост. На основа на она што го гледа и чувствува, без поткуп, закана или притисок. Затоа што така сака. И затоа што ќе ја брани слободата на свој избор.

Доволно беше одење во интерес на туѓи партиски елити. Доволно сносевме одговорност за туѓи грешки. Сега е до нас, или ќе успееме, или ќе успееме. Нема алтернатива. Нашата борба е консолидирана Македонија. А неа може да ја донесат луѓе само без претходни флеки, иако нема да ме изненади да се обидат да не внесат во нивните валканици. Бидете внимателни и отпорни. Пробале да не поткупуваат, да не заплашуваат, не успеале. Затоа сме денес тука каде што сме.

Од овие причини немаше основа за соработка со партиите кои политиката сакаат да ја водат како и сега. Директно речено, не сакаме да учествуваме во партискиот поредок на големите што мора да го срушиме. Затоа што тој поредок е основата за кризата што ја живееме континуирано, рече претседателот а партијата Ивон Величковски.

Тој ги повика, како што рече, не само либералите и неопределените, туку и сите оние кои кои сметаат дека е потребна опозициска политика за победа на власта, а не за кохабитација со власта.

Нови проблеми за Барса: Се повреди уште еден дефанзивец!

Каталонскиот гигант Барселона од почетокот на сезоната мака мачи со повредени фудбалери, а нови главоболки за Луис Енрике преставува повредата на Самуел Умтити.

Умтити заработи повреда на бутниот мускул и го напушти кампот на француската репрезентација, по што веднаш се врати во Барселона, каде што ќе отпочне со рехабилитациски процес.

Засега не е познато колку тој ќе паузира, но Умтити беше еден од најстандарните и најдобри фудбалери на Барселона оваа сезона и столб на одбраната, особено после повредата на Пике.

Повредата доаѓа во незгоден момент бидејќи Барса за неполн месец го пречекува Реал во Ел Класико, а дотогаш има уште две тешки гостувања, против Сосиедад во Ла Лига и Селтик во Лигата на шампионите.

Видете што промаши Лукаку!

Репрезентациите на Холандија и Белгија синоќа одиграа пријателски натпревар кој заврши без победник 1:1, а резултатот остана во сенка на големото промашување на Ромелу Лукаку.

Напаѓачот на Евертон во 77-та минута при негатива на својот тим промаши празен гол од два метри. Погледнете!