Home Blog Page 4277

Потрес во Барса: Луис Енрике заминува на крајот на сезоната!

Дали навивачите на Барселона повторно ќе доживуваат драма како во 2012 година Пеп Гвардиола изненадно го напушти каталонскиот гигант.

Гвардиола тогаш на големо изненадување на сите објави заминување од Барселона, а одлуката ја донесе, како што тврдење, поради големиот стрес и потребата за одмор.

Актуелниот тренер на Барса, Луис Енерике одбива да потпише нов договор, а тоа предизвика паника каја каталонскиот клуб со оглед на фактот што неговиот договор истекува на крајот на сезоната.

„Одлуката за мојата иднина ќе ја донесам пред 30-ти јуни 2017 година“, неодамна изјави Шпанецот.

Поради тоа Барселона како и секој сериозен клуб мора да разгледува и други опции за следната сезона, за да биде припремена доколку Луис Енерике реши да го напушти клубот.

Шпанските медиуми тврдат дека прва опција во тој случај ќе биде тренерот на Севиља, Хорхе Сампаоли бидејќи неговиот стил е сличен на стилот на Гвардиола и неговите тимови играат со интензитет, пресинг и напаѓачки.

Ѕирнете во реалистичната реплика на куќата од Флинстонови вредна 1,7 милиони долари

Телевизиската легенда Дик Кларк и неговата сопруга беа сопственици на реалистичната реплика од куќата на популарното анимирано семејство Флинстонови, која изгледа идентично како домот на Фред и Вилма Флинстон.

10-11-kukja-flinstonovi

Оваа реплика на куќата од Флинстонови има една спална и две бањи, камин и неколку пространи стаклени прозорци кои нудат спектакуларен поглед на градските светла и зајдисонцето, како и на долината Серано, планините Бони и Пацификот.

10-11-kukja-flinstonovi2

10-11-kukja-flinstonovi3

Пред три години Дик и сопругата решија да го продадат имотот. Дик, кој почина на 82-годишна возраст, само неколку месеци по објавата за продажба на домот во 2012 година, првично бараше 3,25 милиони долари за епската куќа.

10-11-kukja-flinstonovi5

Бидејќи интересот за тематската куќа од Флинстонови не беше голем, куќата се продаваше речиси три години, за на крајот да биде продадена за 1.777.777 долари.

10-11-kukja-flinstonovi6

10-11-kukja-flinstonovi7

10-11-kukja-flinstonovi8

10-11-kukja-flinstonovi9

10-11-kukja-flinstonovi10

ДУИ ги објави имињата на носителите на кандидатските листи

ДУИ ги обелодени имињата на носителите на изборните листи за претстојните парламентарни избори на 11 декември.

Во шестата изборна единица носител ќе биде лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во првата носител ќе биде Артан Груби, во втората Ејуп Халими, во третата Нафи Дурмиши, во четвртата Артин Спахиу, во петтата Агим Шаќири и во седмата Џевдет Спахиу.

ДУИ информира дека лидерот Али Ахмети, ја поздравил одлуката на Советот и изразил уверување дека овие кандидати ќе дадат свој придонес за време на кампањата и како членови на следниот состав на парламентот.

Мата: Македонија е силен противник, ќе биде тежок меч!

Шпанија и Македонија во сабота ќе го одиграат натпреварот од четвртото коло во Г групата, во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија.

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата пред натпреварот истакна дека „црвената фурија“ не треба да се опушти и дека Македонија е квалитетен противник.

„Македонија е конкурентен противник, која на Италија ѝ создаде многу проблеми. Се бранат добро, со голем број играчи и чекаат грешка на противникот. Добро играат со топка и се ефикасни. Ќе биде тежок меч“, истакна Мата и додаде:

„ Тие во нападот го имаат Горан Пандев. Свесни сме дека можат да направат проблеми и мораме да бидеме внимателни“.

По три одиграни натпревари во групата Шпанија е лидер со седум бодови, колку што има и Италија, додека Македонија сé уште е без освоен бод.

Виц: Учи за гинеколог

Зима. Надвор крв ладно, водата мрзне, прсти се грчат од студ, а еден шофер застанат со камионот, менува гума на студот и пцуе:

Ах, да ебам стопанка јас. Убаво ме учеше мајка ми, синкоооо учи си за гинеколог, стално ќе имаш пари и рацете ќе ти се на топло.

Мајтап: Сите сме луди

Нема веќе нормални луѓе, брат, не останаа такви. Сите сме помалку или повеќе луди:

Некои скитаат како луди, други пијат како луди, трети врескаат и викаат како луди, четврти крадат како луди, петти работат како луди. Овие последниве се најлуди од сите.

Поради овие зборови судијката го казни Зоран Божиновски со 2.000 евра казна за непочитување

„Не ви одговара тоа што го зборувам. Гладни сте за пари. Ова е лудница, не е судница. На 12 декември ќе снема пари во вашиот банкомат.“ Зоран Божиновски со овие зборови и се обрати на судијката по што беше казнет со 2.000 евра за непочитување на Судот и непримерно однесување.

Претходно , таа го опомена откако Божиновски рече дека судот го смета за  злосторничко здружување, а дека таа е претставник на злосторничко здружување, кое е предводено од Никола Груевски.

Во својата одбрана, Божиновски рече:

-ДПМНЕ ме лови во две фази. Првата е од 1999 до 2002 година, по нивниот пораз на изборите кога нивното раководство нарача и изврши атентат врз мене во Куманово, кој го преживеав со тешки телесни повреди. Втората фаза е во јули 2006 година кога се вратија на власт и се обидоа да ме купат, но безуспешно. Сите обвинети во „Шпион“ сме следени од 2012 до 2013 година.

Од 15 ноември имајте ја при рака зимската опрема во автомобилот

Советот за безбедност во сообраќајот на патиштата потсетува дека од вторник, 15 ноември, почнува да важи обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15 март 2017 година.

ШТО СЕ ПОДРАЗБИРА ПОД ЗИМСКА ОПРЕМА ВО ВОЗИЛАТА?

Под зимска опрема за моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg, се подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, од четири милиметри (4 mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, минимум од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина  за погонските тркала или други соодветни помагала.

Зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 х 4), подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, од шест милиметри (6 mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, од најмалку четири милиметри (4 mm). Синџири за снег потребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина.

Зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg, подразбира: зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на  шарите на слојот што гази, по обем и широчина од шест милиметри (6mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по  обем и широчина, со минимум од четири милиметри (4mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала, потребно е да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и: – прирачен алат – лопата.

КАЗНИ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ

Доколку не се почитуваат правилата за користење и носење зимска опрема во возилата, кои се предвидени во Законот за безбедност на патниот сообраќај, согласно истиот, на секој возач кој постапува спротивно на одредбите, ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противредност, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови.

Полициски службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема. Исто така, полициски службеник може да нареди на возач да го прекине натамошното движење и тогаш кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно полицискиот службеник може да му нареди на возач задолжително да ја постави на зимската опрема на возилото.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, апелира до возачите, да направат зимска проверка и подготовка на своето возило, навремено да ја обезбедат потребната зимска опрема, и истата секогаш да ја носат во своето возило и правилно да ја користат, бидејки само на тој начин, ќе си овозможите услови за безбедно управување со своето возило и непречено ќе пристигнете на саканата дестинација.

Од колата му украле едно Kit-Kat – компанијата му ја наполни цела кола со чоколада

Компанијата Hershey, која ги произведува популарните Kit-Kat чоколада, пријатно го изненади студентот на државниот универзитет во Канзас, Хантер Џобинс, подарувајќи му 6.500 чоколади Kit-Kat.

Џобинс за новинар од локалниот весник The Wichita Eagle ја раскажа приказната како се случило сето тоа. Некој од неговиот незаклучен автомобил паркиран пред студентскиот дом му зел чоколатце Kit-Kat и му оставил покара зошто го направил тоа. На тоа веднаш реагирале од Hershey.

10-11-kit-kat-student1

„Автомобилот го оставив отклучен бидејќи брзав, а кога се вратив на местото каде што ми стоеше чоколатцето, најдов порака во која пишуваше: Ги обожавам Kit-Kat чоколатцата. Видов едно во твојот автомобил, проверив дали е отклучена вратата – не беше, па не можев да одолеам и го зедов чоколатцето. Извини, бев гладен“.

Џобинс пораката ја фотографирал и ја објавил на Твитер, преку социјалните мрежи приказната стигна до некој од челниците на Hershey, па тие брзо реагираа на тоа користејќи ја ситуацијата за добар маркетиншки потег и буквално му го наполнија автомобилот на Џобинс со Kit-Kat чоколатца, вкупно 6.500 на број. Тој нив ги подели со своите колеги, а објави и фотка од автомобилот полн со чоколатцата.

Видете кои клубови најмногу заработиле од продажба на играчи!

Институтот за фудбалска историја и статистика објави некои изненадувачки резултати кога се во прашање приходите од продажба на играчи.

Тие внимателно пресметале кои клубови најмногу заработиле од продажба на играчи од 2010 година до денес, и има некои изненадувачки податци.

Ви ги претставуваме Топ 10 клубовите кои најмногу заработиле од продажба на играчи:

10. Челзи (360 милиони)
Покрај големите и скапи трансфери кои ги направија во последните години, „сините“ заработиле 360 евра од трансфери.

Најскапо продаден играч е Давид Луиз во ПСЖ за околку 55 милиони евра, кој денес повторно игра во Челзи. Потоа Рамиреш кој го продадоа во Кина за 30 милиони евра. Тука се уште Шурле и Лукаку кои беа продадени за повеќе од 30 милиони, па потоа Де Брујне (18), Петр Чех (12), Жирков (15), Салах (18)…

9. Реал Мадрид (370 милиони)
„Кралскиот“ клуб е познат по скапите купувања, но во изминатите години и скапо продаде некои фудбалери, пред се Ди Марија кој замина од „Бернабеу“ за 70 милиони евра. Потоа Озил кој беше продаден за 50 милиони, Игуаин 40 милиони, Хесе во ПСЖ за 25 милиони, Мората кој го продадоа за 20 па го вратија за 30 милиони или севкупно продале играчи во вредност од 370 милиони евра.

Потоа следуваат Рома (375 милиони), Тотенхем (376 милиони) на 6-то место е Атлетико Мадрид кој од продажби инкасирал 382 милиони евра. На петтото и четвртото место се португалските гиганти Порто (388 милиони) и Бенфика (421 милион)

3. Јувентус (422 милиони)
Јувентус е познат по тоа што евтино купува, а скапо продава па така тие ја имаат најскапата продажба во историјата на фудбалот, Погба во Јунајтед за 110 милиони евра. Потоа за Заза и Огбона од Вест Хем добија 40 милиони, Видал во Баерн за 40 милиони, на Мората ќарија 10 милиони итн. „Старата дама“ вкупно од продажби инкасирала 422 милиони, па така успеа да ги амортизира големите промашувања како Филипе Мело, Красиќ, Диего и Мартинез.

2. Валенсија (432 милиони)
Валенсија во само две години продаде двајца дефанзивци по 40 милиони евра, Отаменди во Сити и Мустафи во Арсенал. Најголем муштерија на „лилјаците“ е Барселона која оваа сезона ги купи Пако Алкасер и Андре Гомеш, а во минатото Давид Виља, Матије и Жорти Алба. Потоа тука се продажбите на Давид Силва 40 милиони, Мата 30 милиони, Солдадо 30 милиони итн.

1 Ливерпул (460 милиони)
Можеби е изненадување, но „црвените“ не само што имаа скапи промашувања тие заработија многу од продажба на своите фудбалери. Пред се тука се Луис Суарез од кога инкасираа 80 милиони, потоа Стерлинг 70 милиони милиони и Фернандо Торес 60 милиони евра.
Проблем за Ливерпул е што тие пари не ги трошеше правилно па направи големи трансфер промашувања како Енди Керол, Аквилани, Бентеке.. и кога се ќе се собере и одземе „црвените“ во овој период се во минус на трансфери околу 200 милиони евра.