Home Blog Page 4276

Поради овие пет причини наутро се будите уморни после спиење

Понекогаш и покрај тоа што спиеме онолку колку што ни бара телото, кога ќе се разбудиме не сме расположени за работа, ништо не ни тргнува од рака и тешко се концентрираме.

Еве пет причини кои најчесто се одговорни за таквата утринска состојба.

1. Пред спиење често гледаме телевизија или заспиваме со мобилниот телефон во раце. Тоа го оптоварува видот, а воедно и нашите мисли што пак резултира со хроничен замор.

2. Денот го поминуваме во затворен простор и воопшто не сме физички активни, со што телото се навикнува на таа состојба и постојано е надвор од форма.

3. Патиме од хроничен стрес поради кој се чувствуваме како светот да ќе ни се урне од глава во секој момент.

4. Имаме депресија и тешко се справуваме со секојдневните ситуации. Доколку оваа состојба потрае подолго препорачлива е консултација со лекар.

5. Анемични сме и лошо се исхрануваме. Храната има големо влијание врз вашата состојба на замор и лоша концентрација, па затоа наместо да посегнете по нешто мошне калорично и масно, определете се за поздравата опција.

На полноќ истекува рокот за поднесување на кандидатските листи за претстојните избори

Вечерва на полноќ истекува рокот за доставување на кандидатските листи. Поголем дел од партиите и коалициите веќе ги обелоденија имињата, додека останатите сè уште се очекува да го направат тоа. Со најголемо внимание се очекуваат кандидатите на владејачката  ВМРО-ДПМНЕ.

Иако сѐ уште нема потврда, се очекува во листите на ВМРО-ДПМНЕ да нема големи изненадувања и на избори да излезе со речиси истата постава како за изборите што требаше да се одржат на 5 јуни.

Лидерот на партијата, Никола Груевски, речиси сигурно ќе биде носител во првата изборна единица, министерот за надворешни работи Никола Поповски и Илија Димовски во третата, министерот за здравство Никола Тодоров во четвртата, Антонио Милошоски во петтата и Влатко Ѓорчев во шестата изборна единица.

Денес се очекува листите да ги објават и од новоформираната партија „Левица“, која одлучи сама да настапува на претстојните предвремени парламентарни избори.

Еве како го „бришеше подот“ со него во Белата куќа пред 5 години, сега ќе му ги предаде клучевите

Во кој момент точно Доналд Трамп решил бизнисот и реалити програмити да ги замени со политика, не се знае точно. Според некои, срамот кој пред полна сала во 2011 година на Трамп му го приреди Барак Обама, може да е мотивот за претседателските амбиции на милијардерот.

Настанот е редовната годишна вечера во Белата куќа, на која покрај новинарите доаѓаат и бројни угледни личности, бизнисмени и политичари од американскиот јавен живот.

Еден од гостите во 2011 беше и Доналд Трамп, кого Обама го исмеа пред преполната сала.

Говорот на Обама се случи веднаш по објавувањето на неговиот извод од книгата на родените, односно доказот дека е роден во САД, за кој Трамп тврдеше дека не постои. Американскиот претседател дури и пушти видео од „неговото раѓање“ за да ги згасне гласините за тоа каде е роден. На одушевување на присутните, Обама пушти сцена од анимираниот филм „Кралот лав“ (Lion King).

Но, тоа беше само почетокот. Во продолжението на говорот Обама се потсмеваше со тврдењата на Трамп, како и неговите реалити улоги.

„Никој не е посреќен од тоа што ова прашање за моето раѓање се става на страна од Доналд“, кажа тогаш Обама. „А тоа е затоа што конечно ќе може да се фокусира на важните нешта, како на пример дали сме го лажирале слетувањето на Месечината? Што навистина се случило во Розвел? Каде се Биги и Тупак?“, кажа Обама, на што публиката на глас се смееше, додека Трамп седеше со кисела насмевка на лицето.

Само пет години подоцна, Обама ќе му ги предаде клучевите од Белата куќа на човекот со кого таму го „бришеше подот“.

Павле Трајанов носител во единица, Слободан Богоевски во ИЕ4 – ДС, ФРОДЕМ, ДЕМОС и МОРО ги претставија листите

Коалицијата составена од Демократскиот сојуз на чело со Павле Трајанов, ФРОДЕМ на Јове Кекеновски, ДЕМОС на Емил Атанасовски и МОРО-Работничка партија предводена од Горан Зафировски, вчера вечер на конвенција ги претстави своите 120 кандидати како и предводниците на листите.

Трајанов ќе се бори во ИЕ 1, Кекеновски во двојка, во ИЕ 3 ќе биде Весна Стојменовска, додека четворката на Коалицијата за проемни и правда ќе ја води поранешниот разузнавач, Слободан Богоески. Петката е резервирана за Александар Делов, додека во ИЕ 6 ќе се бори Бранко Мајсторовски.

Во своите обраќања сите кандидати се децидни – на Македонија и требаат промени, а тие велат, подготвени се да ги донесат.

Оваа коалиција ќе победи. Граѓаните бараат промени на 11.декември за држава каде законите ќе важат за сите. Им порачувам на ВМРО-ДПМНЕ дека нема бегање од народот кој ќе ги порази и режимот ќе падне. Слушам дека Никола Груевски бегал од единицата и не сакал да се соочи со мене и Стево Пендаровски па ќе одел во четворката. Но таму го чека Слободан Богоевски, порача меѓу другото во својот говор Трајанов.

Кекеновски пак, вели за разлика од врвот на ВМРО-ДПМНЕ, овие листи на Коалицијата за проемни и правда се составени од чесни луѓе, каде нема аболирани, осомничени или обвинети криминалци како власта на Никола Груевски, но има од оние кои токму лидерот на ВМРО-ДПМНЕ им монтирал судски пресуди.

Имаме луѓе со чест и достоинство и луѓе кои за жал биле жртви на злосторничкото здружување. Денес кога сме по заслуга на партиската врхушка доведени на работ на амбисот, кога најголемиот дел од нас се срамат од тие лажни патриоти, псевдонационалисти, клептомани, од лажните моралисти и недоразвиени политички ембриони како оној со колата што бегаше, на сите нас ни е јасно дека е дојдено време за промени и правда“, порача меѓу другото Кекеновски, дополнувајќи дека во иднина се повеќе ќе бидат видливи бесните политички опоненти кои немаат каде да бегат поради својот криминал.

Ќе бидат казнети за сиот криминал што го имаат направено, мора да падне режимот и тие тоа го знаат. Ние бараме одвојување на партијата од државата. Со Трајанов некогаш се боревме за тоа а сега по 27 години пак ќе се бориме против истото, рече Богоески во својот говор како кандидат предводник на ИЕ 4 на Коалицијата за промени и правда.

Весна Стојменовска во својот говор се фокусираше на 600.000 млади исселени од Македонија, за кои рече дека оваа Коалиција ќе ги врати и Македонија ќе стане Европа за сите државјани.

Здравството, образованието, инфраструктурата, апашлукот на властите и останатите проблеми со кои се соочува Македонија мора да бидат вратени во нормала а граѓаните на 11.декември да размислат кому треба да го дадат својот глас, порачаа Банко Мајсторовски од ИЕ 6 и Александар Делов од ИЕ 5.

Гласот кој веќе почна да ни недостига: Take This Waltz – Леонард Коен го одигра последниот валц

Влијателниот и незаборавен пејач, текстописец и поет кој на музичката сцена се одржа речиси 50 години, Леонард Коен, почеина на 82-годишна возраст. Смртта ја потврдија и од издавачката куќа Sony Music Canada.

„Татко ми почина мирно во својот дом во Лос Анџелес, со сознание дека го заврши она за кое чувствуваше дека е една од неговите најголеми снимки“, напиша синот на Коен, Адам, во изјава за Rolling Stone. „Пишуваше до неговиот последен момент со неговиот уникатен хумор“, додаде тој.

Леонард Коен беше мрачната еминенција помеѓу мал пантеон од екстремно влијателни пејачи и текстописци кои се појавија во ’60-те и раните ’70-ти. Веројатно само Боб Дилан изврши поголемо влијание врз неговата генерација од Коен, и само Пол Сајмон и неговиот пријател од Канада, Џони Мичел, го квалификуваа него како пејач-поет.

Неговиот бас вокал, гитарата и придружните вокали од грчкиот хор отпеаја незаборавни композиции кои оставија длабоки траги во музичката истрија, минато и сегашност подеднакво, посветени на љубовта и омразата, сексот и духовноста, војната и мирот, екстазата и депресијата. Пред неколку недели Коен го издаде неговиот последен и веројатно најмрачен албум, You Want It Darker.

Какво време ќе имаме – петочна и викенд прогноза

Ниту петок нема да донесе некоја значителна метео промена. Рано наутро во крајните јужни делови од земјата ќе врне слаб дожд.

Претпладнето ќе боде претежно облачно низ земјава, со улови за подолги дончеви периоди во источниот регион. Попладне во западниот крај ќе се наоблачи позначајно. Од оваа облачност во споменатиот крај ќе очекуваме слаб повремен дожд.

Максималната температура ќе  има вредност помеѓу 10°С и 14°С низ поголем дел од котлините, а на повисоките места околу 8°С.

Скопскиот регион очекува умерено облачно време,без некоја особена шанса за дожд. Можн е сосема слабо да „проврне“ приквечер. Температурата ќе има вредност околу 12°С.

Сабота ќе биде врнежлив ден. Уште од рано наутро врнежите ќе продресираат од крајниот западен регион кон исток. До доцна претпладне ќе зафафат поголем дел од територијата на земјава. Поинтензивен дождот ќе биде околу пладне во планинсите делови на западот. Истовремено на Шарско – Корабскиот масиф на висина над 1800 метри ќе врне снег.
Доцна попладне врнежите ќе слабеат и престануваат во западниот регион, додека истото ќе се случува навечер во источниот крај.

Ќе дува умерен, локално засилен јужен ветер.

Максималната температура ќе биде диктирана од јужното струење и истиата ќе биде над просекот за овој дел од годината. Ќе има вредност помеѓу 13°С и 16°С низ поголем дел од котлините, а на повисоките места околу 10°С.

Вториот ден од викендот ќе има подобри метео услови. Уште од рано наутро ќе разведрува, а околу пладне ќе биде релативно сончево низ земјава. Ветерот ќе биде послаб во однос на сабота.
Температурата, иако ќе биде сончево, сепак ќе биде пониска од саботната за околу 2°С.

Победата на Трамп светскиот пазар на обврзници го чинеше 337 милијарди долари

Вкупната пазарна вредност на обврзниците низ светот е намалена за 337 милијарди долари за само еден ден, откако победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД ја подгреа загриженоста дека неговиот план за поттикнување на економскиот раст ќе доведе до скок на инфлацијата, јави Bloomberg.

Во изминатите три дена, пазарната вредност на глобалните обврзници паднала за 692 милијарди долари, според податоците на Bank of America Merrill Lynch.

„Обврзниците моментално се во извесен проблем“, изјави трговец од Bank of Montreal во Лондон, додавајќи дека постои загрижености оти Трамп ќе сака да троши повеќе пари.

Прогнозата за раст на македонската економија намалена на 2,1 отсто

Европската комисија во есенската прогноза предвиде помал раст за македонската економија. Наместо претходно предвидениот раст од 3,7 отсто, ќе изнесува 2,1 отсто.

Причина за намалениот раст спорд ЕК се поплавите и политичката криза.

Комисијата очекува македонскиот БДП да доживее солиден раст во текот на следната година од 3,2 отсто.

Европската комисија очекува раст на инвестициите по изборите во декември, и како што се наведува, во рамки на продолжената политичка криза, економијата растеше со побавно темпо во првата половина на 2016 година. Се очекува следната година растот на производството да има основа во растот на инвестициите и потрошувачката на домаќинствата, под услов политичката криза да заврши.

ЕК прогнозира дека во 2018 година ќе дејде до сериозното намалување на невработеноста до ниво од 22 проценти што ќе влијае и на растот на вработеноста. За годинава ЕК прогнозира невработеност од 24,4 отсто.

И во овој извештај ЕК прогнозира дека ќе продолжи зголемувањето на јавниот долг, кој годинава изнесува 40,5 отсто, а во наредните две години, според ЕК ќе порасне на 43 отсто.

Се очекува потрошувачката на домаќинствата да расте стабилно, но со побавно темпо.

„Приватните трансфери остануваат само малку над нивото од 2015 година, а апетитот на Владата за ад-хок зголемување на трансферите и субвенции да се намали“, констатира ЕК.

Пресечен канал за шверц на дрога: Запленета марихуана во вредност од 1 милион евра

Полицијата синоќа заплени 108 кг. марихуана вредна 1.000.000 евра. Според МВР, двајца македонски државјани, еден косовски и еден албански државјанин кои веќе се притворени ја купиле дрогата во Албанија и преку Косово на почетокот на месецов ја внеле во Македонија, преку зелената граница во околината на Тетово, за потоа дрогата да биде префрлена во Скопје. Дрогата е запленета, а против уапсените се поднесени кривични пријави.

– На 8-ми месецов по претходно спроведена истрага од слобода се лишени 4 лица, против кои е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекуросри“, а додека пак против првопријавениот и кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. Од страна на судија на претходна постапка на сите им е одредена мерка притвор од 30 дена, истакна Чавков.

Директорот на БЈБ кажа дека првопријавениот, 45 годишен Македонец заедно со косовскиот и албанскиот државјанин ја набавиле марихуаната од Албанија и ја внеле во Македонија преку Косово, па ја префрлиле во домот на првопријавениот во Скопје.

На доктор Габриеле Бенедети му завидуваат сите мажи

Бенедети е професионален киропрактичар. За некого киропрактиката е опасен метод за местење на изместените зглобови, но Габриеле покажа дека и тоа како има искуство со оваа практика.