Home Blog Page 4274

Виц: Да те честам пијачка

Седат фраер и девојка на шанк во бар, типот ја чести пијачка. Муабетат, се зезаат, ја чести уште една. Пак муабетат, пак добри шеги, смеа, типов вели:

Да те честам уште една пијачка.

Не! Доста е. Алкохолот е штетен за моиве нозе, вели типката.

Што, да не ти отекуваат нозете?

Не, сами ми се шират.

Виц: Цајкан логичар

Го запира сообраќаецот еден возач со автомобилот доцна навечер, па го прашува:

Од каде се враќаш вака доцна?

Од свадба.

Сам?

Сам.

Имаш пиено?

Не. Не пијам алкохол.

Па што си барал на свадба бе, брат, кога не пиеш?

Карен Материа – буен дар на Инстаграм

Карен Матеира е родена во април, 1992 година, а денес работи како забавувачка и модел кој го красат неповторливи и атрактивни физички атрибути.

A photo posted by Karen materia (@karenmateria) on

А нејзините атрибути и облини се главен тематски мотив на сите нејзини фотографии на Инстаграм, каде со нетрпение ги очекуваат над 138.000 фанови. За својот секси и буен изглед тврди дека е подарок од мајката природа и дека за истиот нема фрлено ниту еден долар по естетски корекции (којзнае дали може да и се верува за ова, ама таа си знае).

A photo posted by Karen materia (@karenmateria) on

A photo posted by Karen materia (@karenmateria) on

A photo posted by Karen materia (@karenmateria) on

A photo posted by Karen materia (@karenmateria) on

A photo posted by Karen materia (@karenmateria) on

A photo posted by Karen materia (@karenmateria) on

A photo posted by Karen materia (@karenmateria) on

A photo posted by Karen materia (@karenmateria) on

Еден месец пиеше по четири чаши вода на „празен стомак“ – еве ги ефектите

Неименувана девојка го направила експериментот со пиење по четири чаши вода на празен желудник и детално го опиша она што го почувствувала како промена благодарение на оваа секојдневна рутина, пренесува Brightside.

Еден ден, откако подолго време постојано се чувствувала уморна, девојката се запрашала „што прават жените во Јапонија што имаат толку фина кожа и одржана фигура?“ Малку истражувала и открила дека јапонски обичај е да се пие вода на утро на празен желудник, па одлучила да го проба тој рецепт. Еве ги нејзините совети откако ги видела резултатите од таа рутина.

1. Веднаш после будење, пред да ги измиете забите, на празен стомак испијте четири чаши вода. Ако ви е тешко да испиете толкава количина вода наеднаш, почнете постепено додека не стигнете до зададената количина.

2. Не јадете ништо во наредните 45 минути. После 45 минути можете нормално да јадете и да пиете.

3. Два часа после доручекот, ручекот и вечерата ништо немојте да јадете и да пиете.

А еве ги и промените кои ги забележала.

Се чувствувала посвежа и поздрава. Неколку дена откако почнала да ја практикува таа рутина, почнала да се чувствува поленсо, а потенцира дека почувствувала оти телото полесно се ослободува од токсините.

Нејзиниот метаболизам работел позабрзано. „Престанав да чувствувам глад на секој еден час“, вели таа и додава дека ја изгубила желбата за грицките кои ги консумирала меѓу оброците, како и дека има повеќе енергија.

Ги намалила вишокот килограми. Бидејќи не чувствувала глад како претходно, јадела сè помалку и така се ослободила од вишокот килограми без многу мака и напор. Секако, вишокот енергија која го имала го користела во вежбање и одржување на своето тело.

Исчезнало чувството на киселини. Откако почнала да го практикува методот со водата, почувствувала дека исчезнале проблемите со лошото варење на храната, како и подуеноста и тегобноста после секој оброк.

Нејзината кожа почнала да добива на сјај и убавина. Луѓето претходно и кажувале дека изгледа постаро за годините, а сега здравјето на нејзината кожа е подобрено.

Има поубава и поздрава коса. Претходно на кратењето на врвовите од косата морала да оди два пати месечно, а сега косата не и пука толку и има поголем сјај.

Се ослободила од уринарните инфекции. Тврди дека третманот со водата ги решил и нејзините уринарни проблеми. Веќе не чувствува пецкање додека мокри, благодарение на овој третман.

Долго време се нема поболено. За тоа е убедена дека е заслужен третманот со водата на празен стомак, кој го подобрил нејзиниот имунитет.

Секси Тифани сака да лумпува: Ќерката со која Трамп не се гордее баш најмногу

За разлика од прекрасната, но „досадна“ Иванка, другата ќерка од Донлад Трамп, Тифани, е прилично интересна личност и магнет за медиумите.

Таа е ќерка на новиот претседател на САД од неговиот брак со актерката Марла Мејплс, поради која се разведе од Чехињата Ивана. Името го доби по продавницата Tiffany&Company, над која се наоѓа кулата Трамп, а порасна во Калифорнија со својата мајка.

Дипломираше социологија и урбана култура, а меѓу нејзините пријатели се вбројуваат припадниците на американската елита. Нејзините фотки можат да се најдат на Инстаграм профилот Rich Kids on Instagram, а до кандидатурата на нејзиниот татко за претседател главно објавуваше разголени фотки од журките на кои одеше.

Минатата година беше во врска со 21-годишниот студент по програмирање и декократ Рос Меканик, кој ја поддржуваше Хилари во трката за претседателската функција.

За време на студиите Тифани работеше во Vogue, а во еден момент посака да започне и пејачка кариера, но нејзиниот сингл не помина баш најдобро. За разлика од Иванка, не остави некој траг ни во манекенските води, каде исто така си ја проба „среќата“.

Дека Трамп не е нешто многу горд на ова свое дете сведочи и неговата изјава дек „горд е на сите свои деца, само на Тифани е нешто помалку горд“.

„Горд сум на сите свои деца, ги гледам и навистина можам да ги давам како пример за останатите деца. Дон, Ерик, Иванка, а Тифани нешто помалку, бидејќи дури сега заврши факултет, но и таа е сјајна. Сите работат напорно“, изјави Трамп.

„Макпетрол“ растура со добивка – над 4,7 милиони евра за девет месеци оваа година

Нафтената компанија „Макпетрол“ соопшти дека во првите девет месеци од годинава остварила добивка по оданочување од над 4,7 милиони евра (292 милиони денари), што претставува продолжување на одличните резултати на компанијата во 2016 година. Во исто време, „Макпетрол“ ја подобрил малопродажбата на енергенси за 10 проценти, а книговодствената вредност на акцијата е зголемена на 542 евра. Остварувањето на финансискиот план е надминато за 62 проценти.

Овие резултати се уште една потврда дека тврдењата на луѓето од „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“ дека „Макпетрол“ е компанија-загубар, паѓаат во вода. Се покажува и колку нереална била понудата на „БПХЛ“ – сомнителната офшор-компанија годинава се обиде да го преземе контролниот пакет акции во Макпетрол за нешто помалку од 24 милиони евра, а нафтениот гигант прави добивка од пет милиони евра за помалку од една година!

Подобрената продажба на енергенси на мало годинава го зголеми и пазарниот удел на компанијата, а компанијата соопшти дека во 2016 година продала за 16.000 тони деривати повеќе отколку во истиот период лани. Во исто време, „Макпетрол“ ги намалил расходите од камати и од курсни разлики за 24 проценти, како резултат на задржувањето на трендот на намалување на кредитната задолженост спрема банките. Во овој период, компанијата имала зголемени приходи од вложувања, камати и од курсни разлики во однос на минатата година за 57 проценти, како и зголемени приходи од промет со останати стоки за 15 проценти и зголемена маржа од промет со стоките од 20 проценти, доминантно на бензинските станици. Трошоците за суровини и на други материјали се намалиле за 65 проценти.

Пукна љубовта: Пике и Шакира се разведуваат!

Како гром од ведро небо одекна веста која ја објавија шпанските медиуми, дека фудбалерот на Барса Жерар Пике и Шакира наводно се разведуваат после шест години брак.

Гласините за наводен развод почнаа да се шират кога Шакира изненадно откажа неколку настапи, а како оправдување ги надеве личните причини. Потоа фановите констатираа дека тие двајцата веќе подолго време не се појавиле во јавност и дека пејачката повеќе не објавува заеднички слики со сопругот.

Шакира наводно го повлекла првиот чекор и побарала развор бидејќи дознала дека Пике ја изневерил, меѓутоа другиот дел од јавноста смета дека таа се одлучила на таков чекор бидејќи фудбалерот е премногу љубоморен и сака да и го контролира животот.

11-11pike2

Колку има вистина во овие трачеви ќе видеме наскоро, но сигурно е дека нешто се случува во нивната врска.

Шакира и Пике се запознаа за време на Светското првенство во 2010 година, набрзо стапија во брак и имаат два сина, Милан и Саша.

11-11pike3

Суарез го моли раководството да го купат неговиот пријател!

Барселона е во потрага по десен бек во зимскиот преоден рок, а според пишувањето на медиумите Каталонците веќе пронашле решение, благодарение на Луис Суарез.

Станува збор за поранешниот играч на Ливерпул, а денес член на Стоук Сити, Глен Џонсон кој веќе неколку недели се поврзува со трансфер во Барселона.

Суарез и Џонсон се големи пријатели и ја делеја соблекувалната на Ливерпул во периодот од 2011 до 2014 година.

Медиумите тврдат дека Уругваецот е најголем заговорник за неговото доаѓање на „Камп Ноу“, а Барса сериозно ја разгледува идејата бидејќи Џонсон е евтино и добро решение.

Видео: Дали го имаме голот на годината!?

Дефанзивецот на шведски Синсвал, Ноа Сонко Синдберг на мечот против Ѓургарден постигна фантастичен гол кој сигурно ќе конкурира за нагрдата „Пушкаш“.

Младиот шведски репрезентативец постигна спектакуларен гол со ножички на кој можат да му позавидат и најголемите мајстори.

Важеше за најголем талент во Европа, денес е практично заборавен!

Пред две години Хаким Мастур важеше за најголемиот талент на стариот континент и за идна ѕвезда на светскиот фудбал.

Сидорф додека го тренираше Милан му даде шанса во првиот тим иако имаше само 16 години, а наредното лето „росонерите“ се одлучија да го испратат на позајмица.

Мастур замина на едногодишна позајмица во Малага, но таму не импресионираше и на крајот на сезоната се врати во Милан.

Оваа сезона Мастур е на позајмица во холандското првенство, во екипата на Цволе, но и таму не добива шанса и главно ја грее клупата за резерви.

Мастур воопшто не напредуваше во изминатите две години и практично е заборавен на европската сцена. Сепак, има само 18 години и доволно време да го покаже својот талент, кој е неспорен.