Home Blog Page 4273

Четворката – најжешка изборна единица: Заев, Груевски, Георгиевски и Богоевски ќе ја бијат политичката битка

Кој ќе победи во четвртата Изборна единица ќе одлучи кој ќе биде победник на предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 11 декември.

Директно за прв пат на избори ќе се соочат лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ Никола Груевски и Зоран Заев. Зоран Заев е носител на пратеничката листа на коалицијата предводена од СДСМ, а Никола Груевски  ќе ја предводи листата на коалицијата “За подобра Македонија“.

Покрај нив, во истата изборна единица се и Љубчо Георгиевски, поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ и сегашен претседател на ВМРО-НП, кој е носител на листата на коалицијата „ВМРО за Македонија“ како и  и поранешниот разузнавач Слободан Богоевски кој е носител на листа од коалицијата за “Промени и Правда“.

Општина Прилеп
Општина Струмица
Општина Радовиш
Општина Конче
Општина Валандово
Општина Гевгелија
Општина Дојран
Општина Богданци
Општина Кавадарци
Општина Неготино
Општина Демир Капија
Општина Битола (дел)
Општина Кривогаштани (дел)
Општина Могила
Општина Новаци
Општина Росоман
Општина Босилово
Општина Василево
Општина Ново Село

На последните парламентарни избори во април 2014 година носител на листата на СДСМ во четворката беше Хари Локвенец, а на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ставрески. Тогаш СДСМ освои 70.004 гласачи, или 8 мандати, а коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ  109.809 гласови, или 12 мандати.

Виц: Шифра Изневерен

Кога ќе речам дека веќе не пијам, одеднаш сите запнуваат да правиме пијанки, пробуваат да ме напијат.

Кога ќе кажам дека сум на диета, наеднаш сите запнуваат по кафани, по скари да одиме, пробуваат да ме прејадат.

Кога ќе кажам дека сум останал без пари, нигде ве нема.

Шифра: Изневерен

Еурокомпозит и ССМ потпишаа колективен договор

Менаџерскиот тим на  фабриката Еурокомпозит 11 Октомври во Прилеп  денеска потпиша колективен договор со Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Договорот го потпишаа генералниот директор Марјан Додовски и претседателот на УО Христо Најденов и претседателот на основната организација на синдикатот во фабриката Цветан Боцески и претседателот на гранковиот Синдикат за индустрија, енергетика и рударство, Пеце Ристевски.

Според генералниот директор на Еурокомпозит Марјан Додовски, со колективниот договор се гради доверба меѓу вработените и менаџерскиот тим кој почнал редовно да ги исплаќа платите на 290-те вработени во компанијата која е последен загубар чиј статус се решава. Има заостанати долгови од еден милион евра.

Овој документ, сам по себе не треба да претставува само како пишан акт кој треба да се реализира, меѓутоа за мене значи чин на градење на доверба помеѓу вработените и менаџерскиот тим на Еурокомпозит. Верувам во изминатата година почнавме да градиме систем на доверба, започнавме да решаваме одредени горливи проблеми кои децении тежеа во фирмата, но чекор по чекор почнавме со санирање на старите проблеми, рече Додовски, дополнувајќи дека

Сега во Еурокомпозит не постои вработен кој не е здравствено осигуран и минато се оние потврди за лекување кои се издаваа од пред една година и вработените може да го користат елементарното право на здравствено осигурување.

Почна динамика на редовно исплаќање на нето платите и оваа година се трудиме да ја задржиме динамиката и до 10-ти во месецот вработените да имаат редовни примања. Верувам дека 2016 година ќе ја завршиме со попозитивни резултати од минатите години, а 2017 година можеби ќе биде и клучна за пресвртницата во Еурокомпозит. Компанијата има околу 290 вработени. Вработените земаат дел нето, дел бруто плата. Во делот од бруто платата им се платени здравственото и дел од пензиското осигурување. А другиот дел, три – четвртини што со години не е плаќано, треба да се решава. Останати долгово од изминатите пет до шест години се околу еден милион евра. Инаку, имаме и ќе имаме конкурси за вработување за специфични кадри. Со синдикатот имаме добра комуникација и во тек е изработката на новата систематизација, изјави Додовски.

Тој најави дека почнува процесот на стабилизација на овој македонски загубар кој има тековни договори со Министерствата за одбрана и за внатрешни ртаботи, со странски фирми и назнака за потпишување нови, подигнувајќи го квалитетот на работењето.

Изминатава година се потрудивме да работиме на квалитетот на нашите производи и во квалитетот на менаџирањето. За тоа сведочи и новиот сертификат што го добивме вчера – ИСО 9001 и ќе важи до 2018 година. За потврдата во квалитетот говорат корисниците на нашите услуги – Министерствата за внатрешни работи и за одбрана. Овој колективен договор треба да претставува една рамка во која ќе се движиме сите во Еурокомпозит и е а сите – и за менаџерскиот тим и за вработените. Верувам дека полека почнува да се бриши темната дамка што ја имаше фирмата како загубар и во иднина Еурокомпозит ќе биде респектабилна компанија не само во македонија, туку и во Југоисточна Европа. Имаме разговори и преговори со многу меѓународни компании за склучување договори и верувам дека 2017 година ќе биде обележана со поголеми договори за пласман на производите од балистичката заштита.

Некогаш во оваа вила живеел дилери на дрога – еве што најде внатре љубопитната екипа

Напуштените места отсекогаш предизвикувале определен вид страв. Оваа напуштена вила која ја истражиле Џош, познатиот Јутјуб „истражувач“, и неговите пријатели предизвикува особен вид на страв бидејќи некогаш припаѓала на дилери. Ја напуштиле поради пожар кој го зафатил делот на куќата каде се одгледувала марихуана. Соседите раскажуваат дека мирисот на изгорена „трева“ се чувствувал на километри.

Над 2 милиони Американци се потпишаа на change.org – петиција за Клинтон да биде нов претседател

Над два милиони Американци потпишаа петиција, со која го повикуваат Изборниот колеџ на 19 декември да гласа за Хилари Клинтон да биде новиот претседател на САД, наместо новоизбраниот републиканец Доналд Трамп, кој ги доби изборите на 8 ноември, стои во соопштението кое беше објавено на сајтот за јавни петиции „change.org“. 

„Ги повикуваме електорите да не ги прифатат резултатите од гласањето во земјата и да го дадат гласот за поранешниот државен секретар Хилари Клинтон“, се наведува во петицијата.

„Трамп не е достоен за функцијата. Неговата импулсивност, агресивното однесување, лажните изјави, признатите сексуални злоставувања и целосниот недостиг на искуство го прават опасен за републиката, пишува на „change.org“.

Потпишувачите на петицијата го оправдуваат повикот со тоа, дека иако добила помалку гласови во Колеџот, Клинтон добила повеќе гласови меѓу избирачите.

– Поранешниот државен секретар Клинтон победи при народното гласање и треба да стане претседател, се вели во соопштението.

На 19 декември 538 членови на Изборниот колеџ ќе изберат претседател, каде секој од претставниците ќе гласа за оној кандидат кој на 8 ноември освоил најмногу гласови во неговата држава.

За електорите тоа е формално гласање, при што според традиција, а во многу држави и според законот, тие се должни да изберат во согласност со гласачите во нивната држава.

Во историјата на САД има и случаи кога колеџите не гласале онака како што гласал народот, но тоа, поради формалноста на процедурата, не влијаело на резултатите од изборите.

Кога ќе ти се погоди напалена келнерка – ова е неизбежна ситуација (видео)

Сигурносните камери од едно кафуле го снимија моментот во кој келнерката и гостин имаат секс среде терасата на локалот.

Двојката во сексуалниот занес не само што заборавила на камерите, туку и дека има уште една келнерка во кафулето.

Жешка и незгодна: Сакаше да има секс со другарот од својот дечко

Замислете се вашиот другар да има девојка „бомба“ и да ви понуди секс, облечена со разголено деколте и мини здолниште. Дали ќе прифатите?

Малолетници претепани од десет лица во автобус од ЈСП

Двајца малолетници вчера биле физички нападнати од десетина машки лица во автобус на ЈСП Скопје во близина на Бит Пазар, соопшти МВР.

Случајот во полиција бил пријавен околу 17.00 часот од страна на диспечерскиот центар на „ЈСП“. Двете 17-годишни момчиња од с.Ормани и од с.Мирковци се превезувале во автобус бр.50 на ЈСП кој се движел од Бит Пазар кон Центар. Во близина на Бит Пазар десетина непознати машки лица, на горниот кат од автобусот, физички ги нападнале, при што им нанеле видливи повреди по лицето и телото.

МВР презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Дванаесет и пол килограми марихуана запленети на Табановце

На граничниот премин Табановце, во автомобил со германски регистарски ознаки, се пронајдени 12,5 килограми марихуана, известуваат царинските службеници. Во откривањето учествувале цариниците од одделението за оперативни работи во соработка со полициски службеници на граничниот премин Табановце.

Како што информираат од царината, во четвртокот, околу 22 часот, на излез од Република Македонија е запрен автомобил со германски регистарски ознаки, кој бил управуван од лицето Е.Д.Р., косовски државјанин, а со него патувало и друго лице кое било германски државјанин. При контрола на возилото со царинско куче, на повеќе места во фабричките шуплини цариниците пронашле 40 пакувања обвиткани со најлонска фолија, наполнети со марихуана со вкупна маса од 12,5 килограми.

Според информациите и прибраните докази од предистражната постапка од инспекторите од одделението за истраги при Царинската управа, веројатно е дека осомниченото лице требало да ја пренесе марихуаната од Косово до Германија. По комплетирањето на сите докази, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства, психотропни супстанции и прекурсори.

Во ходникот од клинички центар во Тетово пронајден мртво машко тело

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 23.40 часот во амбулантата на Интерно одделение во клиниката во Тетово, вработен во централата пронашол починато непознато машко лице.

Во Клиничкиот центар во Тетово вчеравечер бил пронајден починат маж. Неговото тело е предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 23.40 часот во амбулантата на Интерно одделение во клиниката во Тетово, вработен во централата пронашол починато непознато машко лице.

При извршен преглед над телото на починатиот била забележана крв во пределот на носот.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Тетово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.