Home Blog Page 4271

Piper – ново анимирано ремек дело на Pixar кое ја импресионираше публиката

Новото импресивно анимирано ремек дело на Pixar кое трае само 6 минути и говори за една гладна птица Пајпер, која сè уште не навикнала сама да бара храна, ги воодушеви љубителите на анимираниот филм и фановите на Pixar.

Оваа шармантна приказна за храброста е дело на Алан Бариљар и досега имаше над 12 милиони прегледи.

Од некоја причина, Pixar го повлече официјалното и оригинално видео со филмот од ЈуТјуб и Вимео, но, сепак, достапни се некои интегрални верзии како оваа подолу, со солиден квалитет на резолуција, на кои можете да го погледнете целиот цртан филм.

Се топи во уста: Колачот од 3 состојки по кој лудува интернет популацијата (видео)

Никогаш полесно до вкусен десерт кој се топи во уста и кој ќе ве освои со едноставноста на приготвувањето и вкусот.

Состојки:

250 гр искршено бело чоколадо
220 гр крем сирење
6 големи јајца

Начин на подготовка:

Сите намирници пред подготовката треба да бидат на собна температура. Потоа следат неколку лесни чекори. Чоколадото растопете го на пареа, ставете го во сад, оставете го малку да се излади, па измашајте го со жолчките.

Одвоените белки полека разматете ги, без премногу мешање, па измешајте ги со чоколадото и сирењето. Ставете сè во кружен калап за печење со малку вода.

Рерната треба да биде загреана на 170 степени, а колачот печете го максимално 45 минути. Капалот претходно намачкајте го со путер.

Санчез одбива нов договор: Сити и Јуве спремни за офанзива!

Најдобриот играч на Арсенал Алексис Санчез сеуште не го продолжил договорот со „топџиите“ па голема е веројатноста да го напушти „Емирати“ на крајот на сезоната.

Договорот на Санчез со Арсенал истекува во 2018 година, а преговорите за нов договор веќе подолго време се во застој, па медиумите тврдат дека Чилеанецот сака да ја промени средината.

Неговиот агент и клубот беа во преговори веќе неколку месеци, но наводно високите барања на фудбалерот беа причината за прекинот на истите. Наводно, Санчез сакал да добие двојна заработка од сегашната, што било неприфатливо за челниците на Арсенал.

Таквата ситуација внимателно ја следат Манчестер Сити и Јувентус кои сакаат да го доведат Чилеанецот во своите редови и се спремни да понудат 50 милиони евра за неговиот потпис.

Доколку Санчез не потпише нов договор со Арсенал до крајот на сезоната, тогаш „топџиите“ ќе бидат приморани да го продадат следното лето.

Земјата продолжува да се тресе: Нов Зеланд на удар – најмалку две жртви (видео)

Најмалку две жртви однесе катастрофалниот земјотрес кој го погоди Нов Зеланд. Материјалната штета е огромна. Земјата се уште се тресе. По главниот, регистрирани се уште најмалку 100 потреси со помал интензитет.

Силен земјотрес со магнитуда од 7,8 степени ги погоди централните делови на Нов Зеланд. Најмалку две лица загинаа, а уништени се патишта и згради и илјадници луѓе мораа да побараат засолниште.

„Се работи за комплетно уништување. Ќе бидат потребни месеци работа за санација“, изјави премиерот на Нов Зеланд Џон Кеј откако со хеликоптер го надлета крајбрежниот град Каикура.

Спасувачките тимови се на терен во обид да им помогнат на локалните жители и да ги санираат штетите кои се проценуваат на повеќе милијарди долари.

Доводот на електрична енергија и телекомуникациските услуги не функционираат, а насекаде се видливи уништени патишта и големи свлечишта.

Првичното предупредување за опасност од цунами доведе до масовни евакуации, но подоцна беше повлечено.

Велингтон денеска практично е град на духови, откако на работниците им беше наредено да останат дома, додека градскиот совет ја анализира штетата врз зградите и инфраструктурата. Состојбата дополнително ја отежнуваат силните ветрови со брзина од 140 километри на час.

Стотици афтершокови го погодија островот, што дополнително ја зголеми тензијата меѓу граѓаните.

Крајстчрч, најголемиот град на новозеландскиот остров Саут Ајланд, во 2011 беше погоден од земјотрес со јачина од 6,3 степени во кој загинаа 185 луѓе.

Кај Мурињо се вишок – Интер сака четворица „ѓаволи“

Според пишувањето на италијанските медиуми Интер е заинтересиран за дури четворица фудбалери на Манчестер Јунајтед, кои не се во плановите на Жозе Мурињо.

Од поодамна е познато дека „нероаѕурите“ се заинтересирани за италијанскиот репрезентативец Матео Дармијан кој не добива голема минутажа кај Муроњо, но на радарот на „нероаѕурите“ се уште тројца фудбалери на Манчестер Јунајтед.

Станува збор за Мемфис Депај, неговиот сонардник Дени Блинд како и повремениот англиски репрезентативец Крис Смолинг.

Токму тоа се позициите кои новиот тренер сака да ги засили во тимот. На прво место одбраната каде сака да биде доведен еден стопер и еден бек, како и крилен напаѓач кој ќе ја засили конкуренцијата.

Дармијан и Блинд се реални опции, а што се однесува до Депај „нероаѕурите“ ќе имаат голема конкуренција бидејќи Холанѓанецот е на мета на Евертон и Рома.

Едни малку поинакви ланци за возење во снежни услови

Сезоната на зимски услови, а со тоа и за задолжителна зимска опрема е на праг, па добро е да се погледнат некои креативни идеи од оваа област. Пример, овие ланци за возење во снежни услови со кои ќе немате фрка и мака за монтирање.

Златото со најниска цена во последните пет месеци

Цената на златото во петок падна за три отсто од 1.219 УСД за унца и го достигна најниското ниво во пет месеци.

Златото мината недела заблеска само во првите неколку минути по шокот од победата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на американските претседателски избори, кога порасна пет отсто, по што следеше продажба.

Во петок цената падна на 1.219 УСД, а причина за таквото сценарио се очекувањата за заострување на монетарната политика на САД и раст на вредноста на доларот.

Американската централна банка, Федерални резерви(Фед) веројатно, првпат од декември мината година, кога и започна циклусот на заострување на монетарната политика, ќе ги зголеми каматните стапки, кои во моментот се движат меѓу 0,25 и 0,5 отсто.

Веројатноста каматните стапки во декември да пораснат, берзанските учесници ги проценуваат на 75 отсто.

Објавена најновата листа на должници од страна на УЈП

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 11/2016 за долгови достасани до 31.7.2016 и неплатени до 31.10.2016 година врз основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120 000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и
  2. повисок од 300 000 денари за правните лица.

На Листата се наоѓаат близу 5 000 трговски друштва, јавни претпријатија и физички лица. Во горниот дел на Листата како должници се јавуваат ЈП „Македонска радио-телевизија“, АД „11 Октомври – Еурокомпозит“, ЈКП ЦО „Стандард“ Дебар, ЈП за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на РМ, Ски-центар Кожуф итн.

Листата на должници се објавува на веб-страницата на Управата за јавни приходи, во согласност со членот 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб-страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Доколку не се согласува со објавените податоци, даночниот обврзник може да се обрати до:

  • надлежната регионална дирекција на УЈП – за долговите објавени врз основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
  • до Царинската управа на РМ – Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел. 02/3293 978 или 02/3293 971) – за долговите објавени врз основа на акцизи, царини и ДДВ при увоз.

„Не плашете се“ – им порача Трамп на демонстрантите во првото постизборно интервју

Доналд Трамп во интервју за емисијата „60 минути“ упати порака до демонстрантите и до сите други луѓе што се загрижени поради тоа што може да им го донесе неговото претседателствување: „Не се плашете. Ќе си ја вратиме земјата. Но секако, не се плашете.“

За неговата средба со претседателот Обама новоизбраниот претседател рече: „Открив дека тој е феноменален. Има одлична смисла за хумор, колку што може да имате смисла за хумор кога зборувате за тешки теми, а ние зборувавме за некои прилично тешки теми.“

Тој рече дека никогаш дотогаш се немал сретнато со Обама, но меѓу нив имало „многу добра хемија“ и за него „разговорот навистина бил неверојатно интересен.“

Во однос на пограничниот ѕид што ветуваше дека ќе го гради, на прашањето дали би прифатил ограда наместо ѕид, Трамп рече: „За одредени области би прифатил, но за некои области посоодветен е ѕид. Јас сум многу добар во тоа, тоа се вика изградба“.

Запрашан дали ќе назначи судии во Врховниот суд што ќе го поништат решението за правото на абортус, Трамп изјави дека ќе именува судии што се „за животот“ и дека прашањето за абортусот ќе им се врати на државите. Ако жената не може да добие абортус во државата во која живее, „Па, таа ќе мора да оди во друга држава“, рече тој.

Во однос на расистичките напади извршени од поддржувачи на Трамп, кои малтретирале Латиноамериканци и муслимани, новоизбраниот претседател рече: „Многу сум тажен што го слушам тоа. И велам, ‘Престанете’. Ако… ако помогне. Јас ќе го кажам ова, и ќе го кажам право пред камери: Престанете.“

Трамп зборуваше емотивно за телефонските разговори со обајцата Клинтонови и одби да каже дали ќе го исполни своето ветување дека ќе назначи специјален обвинител да ја испита Хилари Клинтон. „Не сакам да ги повредам“, изјави Трамп. „Тие се добри луѓе. Не сакам да ги повредам. И ќе ви дадам многу, многу добар и дефинитивен одговор следниот пат кога ќе дојдам на ’60 минути’.“

Трамп инсистираше дека нема да зема повеќе од симболичниот 1 долар од претседателската плата, која изнесува 400.000 долари годишно. „Не, нема да земам плата. Нема да ја земам“, рече тој.

Ексцентричниот милијардер рече дека планира веднаш да депортира меѓу два и три милиони имигранти, односно луѓе што немаат документи за престој во САД.

„Луѓето што се криминалци и што имаат судски досиеја, кои се членови на банди, трговци со дрога… кои сигурно ги има два, а можеби и три милиони, ќе ги избркаме од нашата земја, или ќе ги затвориме“, рече Трамп.

За тајните планови да ја порази Исламска држава Трамп изјави: „За тоа нема да зборуваме. Не сакам да слушнат ништо за тоа. Никому не сакам да му кажам ништо“, нервозно рече Трамп, иако новинарката инсистираше на одговор.

Новоизбраниот американски претседател мораше да одговори на критиките дека вработил голем број лобисти, кои му помагаат што побезболно да го преживее трансферот на власта, иако во очите на јавноста се претставува како борец против естаблишментот.

„Се колнам дека тие се единствените луѓе што можев да ги вработам, впрочем, тука сите се лобисти. Нема нормални луѓе и тоа е проблемот на овој систем. Се колнам дека ќе го исчистам системот“, изјави Трамп.

Перез и спрема одмзада на Барса за Нејмар!

Ливерпул игра фантастично оваа сезона во Премиер лигата, а најдобар поединец во тимот е без сомнеж Филипе Кутињо.

Токму овој Бразилец е главната трансфер цел на Барселона, а медиумите тврдат дека Каталонците веќе работат на трансферот.

Сепак, Каталонците ќе имаат голема конкуренција бидејќи Кутињо е на списокот и на големиот ривал, Реал Мадрид.

Шпанските медумит тврдат дека претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез веќе стапил во контакт со агентот на Кутињо. Тоа би било одмазда од страна на „кралевите“ за тоа што Барса пред три години го „украде“ Нејмар пред носот на Перез.

Сепак, евентуалниот трансфер на Бразилецот ќе зависи од тоа дали Меѓународниот спортски суд ќе ја укине казната на Реал за трансфери следното лето.