Home Blog Page 4270

Скарлет Јохансон растура во новиот трејлер за Ghost in the shell

Од манга роман и аниме, до моќен холивудски блокбастер, еве го првото промотивно видео на Ghost in the shell од Руперт Сандерс.

Скарлет Јохансон го глуми ликот The Major, човек-киборг кој се бори со најлошите криминалци од подземјето како водач на елитната специјална единица, Section 9. Премиерата на Ghost in the shell е закажна за 31 март, 2017 година.

Вака звучи и изгледа кога 1.000 рокери ја „рокаат“ Rebel Rebel од Дејвид Боуви

That’s Live е првиот концерт на The Biggest Rock Band, најголемиот рок бенд на Земјата. Концептот е сам по себе мегаломански, како што посочува и самото име – 1.000 музичари на еден стадион, свират песна која оставила маркантна трага во историјата на рок музиката.

На час по анатомија: Студенти бегаат додека професорот се соблекува гол (видео)

Професорот по анатомија на Државниот медицински факултет во Махашкала, Дагестан, југозападна Русија, Камил Магомедов, ги шокираше своите студенти и студентки кога почна да се соблекува гол на предавањето во амфитеатарот.

Кога тој премина на „практичен“ дел од наставата на предавањето, половина од студентите и студентките демонстративно го напуштија часот.

ДИК ги отфрли кандидатските листи на СДПМ

Државната изборна комисија едногласно ги отфрли предложените кандидатски листи на Социјалдемократската партија (СДПМ) на Бранко Јаневски за сите изборни единици, поради неисправни документи.

ДИК при повторното разгледување утврдила дека скоро сите листи на СДПМ во шесте изборни единици има неправилности. Кај поголем број кандидати било откриено дека нема датум на изјавите за прифаќање на кандидатурите за пратеник, и оти не може да се види за кои избори се поднесуваат. Исто така, ДИК утврдила и дека потписите на изјавите за неосудуваност и за прифаќање на кандидатурата се различни.

На листите имаше кандидати кои се викаат Рада Шукуроска од Прилеп и Стево Продановски од Зелениково.

Силвана Бонева побара да не се расправа за секоја листа по изборни единици, бидејќи неправилностите се евидентни и предложи Комисијата да ги отфрли листите на СДПМ. Игор Милев, пак, побара да се разгледуваат листите на СДПМ по изборни единици.

Виц: Кај тебе на работа

Му вели сопругата на сопругот:

Маче, поминав денес кај тебе на работа, во канцеларија. Не беше таму, ама палтото ти беше на столот оставено, па ти зедов илјада денари од џебот.

Супер бе, маче, не е фрка, само, јас таму не работам веќе три месеци.

Фановите изненадени од новиот стил: Надал си го „удри“ бричот?

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, ја заврши сезоната порано од очекуваното, по лошите завршници на последните неколку турнири. Интересно е тоа што тој едноставно исчезна од очите на јавноста.

A photo posted by Insty Tennis (@instytennis) on

Надал решил да го промени и својот имиџ. Имено, тенисерот веќе нема долга коса која беше дел од неговиот долгогодишен имиџ, или барем така може да се констатира од фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи.

14-11-rafa-friz1

Видео: Ѓоковиќ против Пике…во кошарка!

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике беше во Лондон да го гледа тенискиот натпревар помеѓу Новак Ѓоковиќ и Диминик Тим.

Ѕвездата на Барса седеше во ложата на Ѓоковиќ, а потоа во неговата соблекувална двајцата се натпреваруваа во кошарка. Видете кој беше подобар!

Со над 200 снимени филмови и многу искршени коски – конечно Оскар за Џеки Чен

Легендата го доби својот почесен Оскар после 56 бурни и динамични години поминати во филмската индустрија, снимени над 200 филмски дела, главно во жанрот на акционата комедија, со многу искршени коски од филмските сетови. Еве го неговиот говор на церемонијата на доделувањето.

Суперблокови – генијално решение на Барселона за чист воздух во урбана средина (видео)

Суперблоковите се спој од 9 блокови (маала или „квартови“) во кои наместо целокупниот сообраќај да биде дозволен низ сите улици тој е дозволен само околу блоковите, а во внатрешноста – улиците се посветени само за локалното население. Брзината на движење е лимитирана на 10 км/ч., со предност на чистите начини на движење како велосипед и пешачење. Сите внатрешни улици имаат еднонасочни U правила на движење.

Сето ова овозможува да се намали големината на улиците, тие да се пренаменат за локалното население и да се создадат суперблокови – еден вид мини села во кои луѓето имаат простор и слобода на живеење со минимална застапеност на автомобили. Ова решение својот најдобар пример на имплементација во реалноста ќе го има во шпанската метропола Барселона.

Планот ќе го остварат во две фази:

Во првата фаза, која веќе се остварува во неколку делови од градот, максималната брзина на улиците во суперблокот е лимитирана на 20км/час. Оваа фаза може да се оствари релативно лесно, со мали трошоци, воглавно преку промена на сообраќајните знаци.

Втората фаза е поамбициозната. Со оваа фаза би се трансформирал градскиот живот и начинот на кој луѓето го користат јавниот простор. Паркирањето на возилата во внатрешноста на суперблоковите ќе исчезне (со изградба на гаражи) и брзината на движење на улиците ќе биде 10км/ч, што ќе им овозможи на луѓето да ги користат улиците за спортување, културни активности како отворени кина, играње и сл.

Со целосно остварување на двете фази низ градот, се предвидува дека 60% од патната површина која сега е целосно посветена на автомобилите ќе постане мултифункционална или без-автомобилска.

И би бил чист град, посветен на живеење наместо постојано возење низ него.

„Не е тајна дека добрите денови за автомобилите завршија, во 2009-та се случи пикот на возењето во светот и од тогаш бројката опаѓа. Автомобилите беа добра идеја на дивиот запад во Детроит 1905 година… Деновите на автомобилот како нешто наменето за секого се завршени…. Во густо населен град можете да стигнете секаде за брзо време со пешачење и возење велосипед.”, порачува Јан Гејл, дански урбанизтички планер.

Сензација во Германија – сириски бегалец е „новиот Роналдо“

Дали ова момче, сириски бегалец може да биде новиот Кристиано Роналдо?

Ахмад Алжар има само седум години, а веќе покажува имперсивни вештини со топката. Се заљубил во фудбалот од денот кога проодел. Неговото семејство избегало од Серија и новиот дом го пронашле во Германија.

Неговиот татко, Мохамед Алжар изјави: „Сватив дека моето дете е талентирано за фудбал кога имаше две години. Ја напуштив Серија со цел мојот син да има подобра иднина“.

Ахмед вредно тренира, а таткото му помага колку што може. Семејството е среќно со животот во Германија, но и понатаму ги прогонуваат сеќавањата на својот дом.

„Јас навистина многу го сакам фудбалот. Кога играм фудбал и понатаму размислувам за моите другарчиња во Серија“, изјави момчето.

Ахмед се надева дека фудбалската академија ќе му помогне да го развие својот талент и вредно работи на тоа.