Home Blog Page 4269

Грција, Германија и Перу – дестинации на последната претседателска турнеја на Обама

Барак Обама замина за Грција на неговата проштална турнеја како претседател на САД при што ќе ги посети и Германија и Перу. Притоа тој, како што изјави, ќе ги увери сојузниците дека новоизбраниот претседател Доналд Трамп планира да ги одржи клучните стратегиски односи во целиот свет, меѓу кои и со НАТО.

Обама, говорејќи пред шестдневното патување изјави дека една од најважните работи што може да ги направи за време на неговата турнеја е да ги увери американските сојузници, кои можеби се загрижени одизборната победа на Доналд Трамп.

Тој ги искритикува сојузниците во НАТО за време на кампањата дека недоволно плаќаат за нивната сопствена одбрана. Трамп, исто така, изјави дека САД не можат да го финансираат НАТО на сегашното ниво.

Само САД и четири други сојузници во НАТО, Грција, Британија, Естонија и Полска, ги исполнија своите финансиски обврски спрема НАТО во минатата година.

И покрај критиките за трошењето за НАТО, Обама изјави дека новоизбраниот претседател, кој ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, посочил оти тој се залага за одржување на врските со американските сојузници.

Влијанието што го имаме не е резултат само од работата на претседателот, тоа е разултат од безброј акции што не прави нас неопходна земја кога треба да се одржува поредокот и да се промовира просперитет во светот. Тоа ќе продолжи. Во мојот разговор со новоизбраниот претседател тој изрази голем интерес во зачувувањето на нашите стратегиски односи.

Обама за време на неговата последна турнеја во странство како американски претседател се очекува да се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел и со други лидери во Германија и Грција.

Во Перу тој ќе учествува на самитот на земјите од Пацификот на кој ќе има средба и со кинескиот претседател Кси Џинпинг.

Турнеата на Обама требаше да биде порелаксирана, но сега тој, како што оценуваат посматрачите, ќе мора да ја искористи за да ги смирува светските лидери по ненадејниот резултат на претседателските избори.

Оваа победа покрена низа нејаснотии дома и во странство за иднината на американското лидерство во светот.

Шестдневното патување на Обама беше планирано кога се чинеше дека демократскиот кандидат Хилари Клинтон ќе победи на изборите и беше дизајнирано како потврда дека САД и покрај тешката и отровна претседателска кампања сепак остануваат на старите позиции.

Сега тој, како што се наведува, има незавидна задача да им кажува на неговите колеги и да им објаснува што европејците можат да очекуваат од таканаречениот Трамп ефект.

Поголемиот дел од светските лидери учтиво и со претпазливост му честитаа на Трамп за неговата победа на изборите.

Од друга страна, неговото мото Најпрвин Америка беше поздравено од националистите и скпетиците на глобализацијата кои на Трамп гледаат како на сродна душа. Трамп самиот се нарече себе си Мистер Брегзит отако Британија гласаше за излез од Европската унија.

Отфрлени листите и од НДМ на Јанко Бачев

На вечерашната седница, членовите на Државната изборна комисија (ДИК) ги отфрлија листите и на Народното движење за Македонија (НДМ). За Одлуката гласале сите 9 членови на ДИК.

Причина за отфрлањето на листите се утврдените големи неправилности во сите 7 кандидатски листи. Несовпаѓање на потписите на предложените кандидати и промена на кандидати без барање од ДИК, се најбројните причини заради кои ДИК ги отфрли листите на НДМ.

После отфрлањето на листите на СДПМ, НДМ е втората партија чии кандидатски листи ДИК едногласно ги отфрли.

Престрелка на Партизанска – едно лице рането и префрлено на КАРИЛ (видео)

Доцна синоќа, пред полноќ, на крстосницата меѓу булеварот „Партизански одреди“ (во правец кон Центар) и улицата „Париска“ во Скопје, превртен е автомобил со скопски регистерски таблички, марка Голф 5 (сива-металик боја), при што од возилото е извлечен 46-годишниот Даниел Трајковски, во тешка здравствена состојба, кој веднаш, со Брза Помош бил префрлен во Ургентниот центар, на Клиниката за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) во Скопје.

Идентитетот на Трајковски официјално не е потврден од МВР, но, со сигурност се знае дека тој е сопственик на возилото.

Според неофицијални информации на „24 Вести“ на сообраќајката и’ претходела бркотница со автомобили, која очевидци ја забележале од кај бензинската станица „МакПетрол“ во населбата Карпош 3, при што било пукано од второ, засега непознато возило во движење, по што, откако бил ранет Трајковски, ја изгубил контролата врз својот автомобил и удирајќи во бетонска жардиниера од булеварот „Партизанска“, се превртува неколку пати. Сторителот засега е во бегство и е непознат за полицијата.

Мотивите за нападот не се познати засега, но, не се исклучува можноста за некаква одмаздничка акција.

Даниел Трајковски инаку, и досега во МВР пријавувал обид за напад врз него, а при последната пријава лани, сведочел дека бил пресретнат од црн автомобил „Пасат“, од каде сакале да пукаат на него.

Според неофицијални болнички извори, ранетиот Трајковски бил погоден со четири куршуми – во слезината, градите и во вратот, при што веројатно му е отстранета слезината. Трајковски бил во свесна состојба и ќе биде хоспитализиран во следниот период поради закрепнување.

Повеќе информации и детали, надлежните најавуваат во текот на денешниот ден.

(Видеото е во сопственост на телевизија 24 Вести)

Обама во различни изданија: Официјалниот фотограф на Белата Куќа ги објави своите омилени фотки

Барак Обама ги отслужува своите последни денови во Белата Куќа како претседател на САД, пред новоизбраниот прв човек на САД, Доналд Трамп, да се всели во претседателската куќа.

За време на неговиот продолжен осумгодишен мандат, официјалниот фотограф на Белата Куќа, Пит Соуза, му направи речиси 2 милиони фотографии на Барак Обама. А сега Соуза откри и ги објави неговите омилени фотографии на кои во фокус е претседателот.

14-11-obama1

Паметни кревети за удобно и просторно економично живеење – сигурно ќе ви се допаднат

Кога ќе споменат функционален мебел, мислат на вакви нешта. А овие италијански фраери се вистински махери за тоа. Ѕидни кревети за паметно и економично искористен простор.

Вработен во Македонски пошти украл скоро 4.000 евра

Гостиварец, вработен во подружницата на Македонска пошта во Гостивар крадел пари од туѓа сметка, при што присвоил вкупно 238.749 денари.

Полицијата поднесе кривична пријава против Б.М. (34) од Гостивар, шалтерски работник во Македонска пошта – Подружница ЦРПС Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Пријавениот во периодот од 30.07.2016 година до 02.09.2016 година, искористувајќи ја службената положба, во пет наврати и злоупотребувајќи ги личните податоци на физичко лице од Гостивар, при исплата на парични средства во три наврати, противправно ги присвојувал паричните средства од касата на работно место, без за истото да го извести надлежниот субјект во подружницата. На овој начин пријавениот присвоил вкупно 238.749 денари.

Паднала и се удавила во надојдена река

Педесет годишна жена се удави откако паднала во река, а нејзината мајка, која била со неа, не успеала да ја спаси.

Како што соопшти полицијата, М.Р. (70) со нејзината ќерка Н.Р. излегле од дома и се упатиле на м.в. „Сисвети“. При обид да ја поминат реката Н.Р паднала во водата, а нејзината мајка се обидела да ја извлече, но не успеала. М.Р. побарала помош од најблиската куќа, а лицето М.М. (40) со уште две лица ја пронашле Н.Р. која не давала знаци за живот. Истата ја ставиле во ќебе и со возило ја однеле во нивната куќа, каде од страна на матичниот лекар била констатирана смрт без видливи знаци за насилство.

По извршениот преглед од страна на вешто лице од судска медицина констатирано било дека причината за смртта е давење во вода и смрзнување. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Гостивар. Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатата е предадено на семејството за погреб.

Мајтап: Женски срам

Колку пати во животот жената поцрвенува од срам?
Пет пати.
Прв пат: кога и е првпат.
Втор пат: кога прв пат ќе го изневери мажот.
Трет пат: кога прв пат ќе и платат.
Четврти пат: кога прв пат таа ќе плати.
Петти пат: кога ќе плати, а ќе и ги вратат парите.

Виц: Со шефот во ВЦ

Разговараат две плавуши:
Вчера го промашив женското ВЦ и влегов во машкото. Замисли му го видов алатот на шефот.
И каков му е?
Па за мој вкус премногу киселкасто – солен.

Паѓаат цените на станбените квадрати во Центар, растат во Ѓорче Петров

 Пазарот на недвижности во Македонија е стабилен. Бројот на трансакции за продажба и закуп расте, а цената на становите е стабилна и таа се движи во рамки на маргините од плус минус 3.000 денари. Нема понуда на огромен број станови што би довело до драстичен пад на цената на квадратот.

Ова го истакна директорот на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија Славче Трпески, кој денеска на прес-конференција ги презентираше едногодишните податоци од воспоставениот Регистар на цени и закупи.

Според него, ваквите податоци покажуваат дека во моментов има во некои општини благ пад на цените на становите, но во други има благ пораст на цените.

Извештајот, како што рече, покажува дека пад на цената има во скопската општина Центар каде што во вториот квартал од 2015 година просечната цена за метар квадратен изнесувала 62.643 денари, додека во првиот квартал од годинава изнесува 57.502 денари. Во Ѓорче Петров, пак, е забележан благ пораст од 39.040 денари во вториот квартал од 2015 година на 42.281 денар во првиот кваратал од 2016 година. Во општина Аеродром најниската цена во овој период е забележана во март 2015 година, по што следи стабилизирање на нивото од претходните квартали од 51.595 денари.

За другите градови пораст е забележан на цените на становите во Битола, а пад во Тетово.

Според евиденцијата на Катастарот, заклучно со првиот квартал од 2016 година на пазарот на недвижности има 2.564 новоизградени непродадени станови, а во изградба според листовите за предбележќување на градба има 5.107 станови. Може да се заклучи, истакна Трпески, дека понудата на станови на пазарот на недвижности ја надминува побарувачката на новоизградени станови.

Евиденцијата на Катастарот покажува дека има благ пораст на трансакциите и кај закупнините при што во вториот квартал од 2015 година има регистрирано 1.636 закупи, а во првиот квартал од годинава 2.771 закупна недвижности. Просечните цени покажуваат дека највисока цената на закуп е во Центар која просечно изнесува 240 денари за квадрат, потоа следуваат Карпош со 219, Кисела Вода 196, Аеродром 179, Гази Баба 127, Ѓорче Петров 121 и Чаир 98 денари.

Закупнината во Битола се движи од 192 денари за квадрат, Охрид 168, Куманово 125, Гевгелија и Струмица 115, Велес 103.

Просечната цена за закуп на деловниот простор е 539 денари за квадрат во Центар, Карпош 376, Гази Баба 307, Ѓорче Петров 209, чаир 184, Бутел 148, Адродром 141 и Кисела Вода 139 денари.

Во другите општини Охрид има највисока цена на закупнина од 487 денари за метар квдаратен, Прилеп 478, Штип 349, Куманово 240.