Home Blog Page 4267

Холивудските ѕвезди навлечени на македонските органски сапуни Fedor

Опра, Џенифер Анистон и Колин Фарел користат органски сапуни од Македонија. Изработени од органско козјо млеко и масла, без пестициди или хемикалии, сапуните „федор“ минатата година станаа дел од луксузните кошници со подароци на доделувањето на наградите „Златен глобус“.

15-11-fedor-sapuni

Сапуните „федор“ можат да се купат и во Македонија, преку личен контакт со производителите, или да се нарачаат на социјалните мрежи. Чинат 200 денари.

„Изработката на сапуни за семејството и пријателите, пред неколку години премина во бизнис. Традиционалниот семеен рецепт е идеална мешавина од ладно цедени масла и билки и органско козјо млеко, произведено во Македонија и е идеална за здрава и оштетена кожа“, вели сопственикот Сашо Стаменковиќ.

15-11-fedor-sapuni2

Тој посочува дека свеста кај потрошувачите за квалитетот на производите кои ги избираат е се’ поголема, а повеќето одбираат да платат и повисока сума за да добијат поквалитетен производ. Користењето органска храна, мед, пијалаци и козметика, кои се произведуваат без употреба на хемикалии и во чиста околина, во последните години станува секојдневие за поголем круг купувачи.

Спектаторското „Око на градот“ од пријателот Божо Зимски од денес во „Јавна соба“

Прилепскиот фотограф Божидар Барлакоски утревечер ќе ја отвори својата прва самостојна изложба во Скопје, во „Јавна соба“.

Насловена „Окото на градот“ содржи 37 фотографии, кои се многупати наградувани на домашни и меѓународни конкурси.

„Погледнете ја урбаната средина низ фотографии од секојдневни моменти на животот кој врие на секој агол позади кулисите на градот. Окото на градот, од сите страни и за сите лица на градот“, се вели во повикот за настанот.

Изложбата ќе биде отворена и во наредните неколку денови, а е од продажен карактер.

Генијална и евтина направа: Фрлајте ја GoPro камерата каде сакате и правете екстра фотки и снимки

Ако дроновите, сепак, се премногу скапа играчка за вас, оваа генијална и евтина направа ќе ви овозможи и вие да правите супер слики и сники од воздух и од разни агли, без да му ја мислите за безбедноста на GoPro камерчето. Едноставно, лесно и забавно.

Истите луѓе, на истите места пред 40 години и денес – погледнете ги разликите

Во ’70-те, ’80-те и ’90-те години од минатиот век, фотографот Крис Порш во период од 40 години се шеташе и фотографираше низ градот Петербороу, во Кембриџшир , Велика Британија, при што направи фотографии од стотици неверојатни знаци, луѓе и нивното опкружување.

15-11-fotografii-nekogas-i-denes1

Денес, 40 години подоцна, Порш се впуштил во потрага по истите луѓе, за да ги фотографира на истото место како и пред неколку децении. Оваа негова мисија резултираше со прекрасни средби и речиси идентични пози како и пред многу години. Сите фотографии тој ги обедини во една книга со наслов Reunions, со текст од писателот Џо Рилеви, кој ги раскажува животите на луѓето низ фотографиите.

15-11-fotografii-nekogas-i-denes2 15-11-fotografii-nekogas-i-denes3 15-11-fotografii-nekogas-i-denes4 15-11-fotografii-nekogas-i-denes5 15-11-fotografii-nekogas-i-denes6 15-11-fotografii-nekogas-i-denes7 15-11-fotografii-nekogas-i-denes8 15-11-fotografii-nekogas-i-denes9 15-11-fotografii-nekogas-i-denes10 15-11-fotografii-nekogas-i-denes11 15-11-fotografii-nekogas-i-denes12 15-11-fotografii-nekogas-i-denes13

15-11-fotografii-nekogas-i-denes

Најдобрите 11 Шпанци во историјата на Премиер лигата

Премиер лигата е една од најинетресните, а според многумина и најдобрата лига во светот, но тешко би била меѓу најдобрите без шпански фудбалери.

Поврзаноста на шпанските фудбалери и англиските клубови е голема, особено во последните години кога играчите масовно од Примера се селат во Премиер лигата.

Рафа Бенитез своевремено во Ливерпул направи колонија на Шпанци, подоцна почна и Челзи да купива од Примера, а неретко Шпанци купуваат и Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Доколку на овој тим со 11 шпански фудбалери го додадеме тренерот Пеп Гвардиола, со сигурност би се борел за титулата во Премиер лугата.

15-11spa2

Виц: Плавуша на возачки испит

Згодна плавуша добро се извежбала за градска, па оди да полага завршно за возачка дозвола. Влегува во кола и почнува да вози, па инструкторот ја прашува:

Што ќе се случи ако ја кренеш левата нога?

Ќе го отпуштам квачилото.

А ако ја кренеш десната нога?

Ќе ја отпуштам туражата.

А ако ги кренеш двете нозе?

Гарант ќе положам од прва, без да возам.

Два дена – толку им требаа на Јапонците за да ја санираат џиновската дупка среде улица

Дупката којашто пред една недела се отвори среде фреквентната улица во јапонскиот град Фукуока, широка речиси 30 метри во радиус, целосно е санирана по само два дена.

Санирањето подразбирало поправка на канализациските цевки и подземните кабли и водоводи, полнење на дупките со песок и цемент и, конечно, покривање на површините со асфалт.

Јапонските служби работеле деноноќно од 9 ноември и ја завршиле работата до 11 ноември, но пуштањето во оптек на сообраќајницата било одложено за уште неколку денови поради безбедносните проверки.

Рано утринава улицата е отворена за пешаците, а подоцна ќе биде и за моторниот сообраќај, откако геолозите и инженерите дале зелено светло и утврдиле дека улицата е безбедна за користиење.

Оваа секси адвокатка ја нападнаа на Инстаграм – била премногу згодна

Успешната израелска адвокатка и танчерка Јарден, чиј сексапил и убавина им засмета на многумина корисници на Инстаграм, нејзиниот профил го опсипуваат со негативни коментари, па некои дури и го пријавуваат како конртроверзен.

A photo posted by Yarden Haham (@jorden90) on

Во Израел многумина уште сметаат дека професионализмот на професија како адвокатската не оди рака под рака со сексапилот и провокативното позирање, па фотографиите од оваа згодна адвокатка ги сметаат за вулгарни и навредливи, пренесува Collegecandy.com.

A photo posted by Yarden Haham (@jorden90) on

Сепак, нејзините жешки фотки станаа вирален хит на интернет и на социјалната платформа таа собра над 120.000 следбеници. Покрај фотографиите, Јарден Хахам често споделува и селфи сцени од плажи од други краишта на светот.

A photo posted by Yarden Haham (@jorden90) on

A photo posted by Yarden Haham (@jorden90) on

A photo posted by Yarden Haham (@jorden90) on

A photo posted by Yarden Haham (@jorden90) on

A photo posted by Yarden Haham (@jorden90) on

A photo posted by Yarden Haham (@jorden90) on

A photo posted by Yarden Haham (@jorden90) on

Ја снимаше сопругата со дрон, па сфати дека го изневерува и збесна (видео)

Еден Американец се сомневал дека сопругата го изневерува, па одлучил тајно да ја следи со дрон и да види што се случува и што прави таа.

Сопругата често му велела дека мора порано да оди на работа, а забележал и дека од дома не оди до работното место по истиот пат по кој одела порано. Затоа се сетил дека следењето со дрон би било добра идеја.

Снимката му покажа дека сопругата се среќавала со друг, непознат маж на паркингот оддалечен само неколку улици од нивната куќа. На неа се гледа како таа првин се бакнува со мажот, а потоа и влегува во неговиот автомобил.

Изневерениот и изнервиран Американец снимката ја објавил на YouTube, каде има над 740.000 прегледи, а на сите поставени прашања од оние кои коментираат под видеото уредно одговара.

Додека некои му даваа предлози како дополнително да ја казни неверната сопруга, други го советуваа да го тргне видеото од платформата и да земе адвокат.

Јувентус, Барса и Сити во атак на Донарума!

Главна тема во италијанските медиуми денес е иднината на најталентираниот голман во Европа и член на Милан, Џанлуиџи Донарума.

Донарума за неколку месеци, поточно во февруари ќе стане полнолетен и ќе може да потпише професионален договор, но преговорите со Милан за продолжување на договорот сеуште не се започнати.

Имено, новите кинекси сопственици сеуште не го комплетирале новото раководство, а актуелното раководство нема ингеренции да преговара, па европските гиганти гледаат шанса да го „украдат“ Донарума.

Иако самиот во неколку наврати истакна дека сака да остане во Милан, сепак неколку клубови сакаат да го искористат вакум просторот кај „росонерите“ и веќе стапиле во контакт со неговиот агент Мино Раиола.

Медиумите тврдат дека Јувентус сака да го донесе Џиџио како легитимен наследник на Буфон, но Барселона и Манчестер Сити се спремни да понудат „луда“ сума за да го добијат потписот на младиот голман.

Сепак, Милан нема така лесно да се откаже од својот бисер и ќе направи се за да го задржи во своите редови, а „Газета дело Спорт“ тврди дека прва мисија на новото раководство на „росонерите“ ќе биде да постигне договор за продолжување на соработката со Донарума.