Home Blog Page 4266

Кога на фанатици за графити ќе им дадеш „еден тон“ боја и празен хангар за цртање

На крајот можеш да очекуваш вакво нешто.

Виц: Политичар

Се враќа политичар дома и почнуда да ја бакнува жена му.
Готово е срце, ме избраа за министер.
Навистина? Да не лажеш?
Не драга, веќе нема потреба.

Виц: 8 Март на гробишта

Три жени во последен момент решиле да го прослават 8 Март.
Не успеале да најдат место во ресторан, па си купиле пиење и отишле во гробишта. Се напиле и се вратиле дома.
Мажите им биле пријатели и се сретнале другиот ден.
Едниот рекол:
Мојата жена има љубовник. Сигурен сум! Донесе букет цвеќиња дома!
Другиот:
И мојата сигурно има, и она донесе букет цвеќиња.
Третиот маж:
Лесно ви е вам. Мојата изгледа ги има една дузина љубовници. Се прибра сношти и донесе цел венец на кој пишува Од колегите.

МВР ги премолчува причините за синоќешниот инцидент на Партизанска

Министерството за внатрешни работи денеска информираше за инцидентот што се случил ноќеска на булеварот Партизански одреди во кој беше ранет Даниел Трајковски, но без детали за пукањето.

Во соопштението од МВР се наведува само дека авотмобилот кој го возел Трајковски се превртел и дека тој има повреди од огнено оружје.

На 15.11.2016 година во 00.01 часот во Единициата за информации и команда (ЕИК)  Скопје од Ургентен центар Скопје било пријавено дека кај нив било донесено повредено лицето Д. Т. (45) од Скопје. Истиот на 14.11.2016 година во 23.35 часот на крстосноцата од бул. Партизански Одреди, ул. Бледски Договор и ул. Париска, управувајќи патничко моторно возило Фолксваген гол со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонска жардињера на средишниот дел од коловозот од бул. Патизански Одреди, по што возилото се превртело на покривот. Од сообраќајната незгода Д. Т. не се здобил со повреди, но кај истиот биле констатирани тешки телесни повреди од огнено оружје во пределот на стомакот, градниот кош и раката и е неконтактибилен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, пишува во информацијата од дневниот билтен на МВР.

МВР, сепак, остана без детали околу информациите и дилемите дали се работи за пресметка на криминални банди или, пак, за инцидент со политичка заднина.

Се претпоставува дека и оваа престрелка е дел од пресметките на браќата Трајковски од Ѓорче Петров со дел од скопското подземје или со обезбедувањето од ВМРО-ДПМНЕ. Инаку, браќата близнаци Трајковски се дел од обезбедувањето на СДСМ.

Овој настан се поврзува со уште еден инцидент во Скопје на 17 април. Тогаш, во тепачка во угостителски објект кај трговскиот центар Буњаковец учествувале тројца идентификувани и неколку други непознати лица. Едно лице било прободено во главата со остар предмет. Повредениот бил Г. К. (41), дел од обезбедувањето на поранешниот началник на УБК, Сашо Мијалков. Се претпоставува дека еден од напаѓачите бил еден од близнаците од Ѓорче.

Во октомври 2012 година била фрлена бомба кашикара во дворот од семејната куќа на Трајковски во скопската населба Ѓорче Петров.

За вчерашниот инцидент има сведочења дека во возилото на Трајковски било пукано од две возила. Напаѓачот или напаѓачите се во бегство.

Британската влада уште нема план за реализација на Брегзит

Според интерен извештај, на британската влада ѝ се потребни уште шест месеци за да најде стратегија за Брегзит. Причина се несогласувањата меѓу министрите.

Според медиумиските извештаи, поради несогласувањата во владиниот кабинет, Велика Британија сѐ уште нема целокупен план за излез на земјата од ЕУ. Затоа, донесувањето на одлуката за планираниот Брегзит може да се влече уште шест месеци, известуваат Би-Би-Си и весникот Тајмс, повикувајќи се на интерен документ до кој стигнале медиумите. На британската влада за околу 500 проекти поврзани со Брегизт ѝ се потребни уште околу 30.000 дополнителни службеници заради обработка на стратегијата за излез на земјата од ЕУ.

Повеќе министри спорат меѓусебно околу најпогодната стратегија за Брегзит. Конфликтот се води меѓу тројцата заговорници на Брегзит – министерот за надворешни работи Борис Џонсон, министерот за трговија Лиам Фокс и Дејвид Дејвис, министер во новоформираното Министерство за излез од ЕУ, од една и министерот за финансии Филип Хамонд и министерот за економија Грег Кларк од друга страна. Во извештајот се критикува тоа што премиерката Тереза Меј клони кон самостојни одлуки. Освен тоа, стои во документот, главните актери во индустријата многу веројатно ќе држат вперено оружје во главата на владата за да добијат слични повластици како автомобилскиот производител Нисан, и да се потврди дека нема да трпат штети поради Брегзит. Документот во врска со Брегзитот датира од 7 ноември и тој е подготвен од владин советник. Портпарол на владата се дистанцираше од документот, истакнувајќи дека не станува збор за владин извештај.

Британците во јуни на историскиот референдум изгласаа излез од ЕУ. Премиерката Тереза Меј, според досегашните планови, до крајот на март 2017 година треба да ги почне официјалните излезни разговори со Брисел, кои ќе траат околу две години.

Ноемвриските пензии ќе бидат повисоки за 5%

Ноемвриските пензии  ќе бидат зголемени за 5 проценти. Нив пензионерите ќе ги добијат во декември. Ова денеска во Прилеп го потврди и министерот за финансии, Кирил Миноски, кој се сретна со претставници на Здружението на пензионери во Прилеп. Миноски рече дека овој чекор на Владата ќе придонесе за подобрување на животниот стандард. Вели дека се грижат за стандардот на граѓаните и за пензионерите. 

И во наредниот временски период и во следната владина програма предвидуваме определени мерки кои ќе имаат за цел да го подобрат животниот стандрад на пензионерите и да им се обезбедат низа поволности со што ќе овозможиме подолг животен век на оваа популација, рече Миноски.

Тој кажа дека во наредниот период ќе имаат повеќе мерки  за подобрување на живот на оваа категорија на граѓани.

Агентот: Ракитиќ е среќен во Барса, но би можел да игра во Англија!

Иван Ракитиќ веќе неколку сезони игра фантастично во дресот на Барса, па многу европски гиганти, пред се од Премиер лигата се интересираат за неговиот потпис.

И покрај големиот интерес од англиските клубови неговиот агент, Артуро Каналес тврди дека шансите Ракитиќ да ја напушти Барса се многу мали, но сепак не ја исклучува можноста Хрватот да заигра во Англија.

„Иван е многу среќен во Барселона, за која настапува успешно и со која има договор до 2019 година. Тој го сака фудбалот, но има само 28 години. Има искуство во Швајцарија, Германија и Шпанија, можеби еден ден ќе заигра и во Англија. Сега засега е среќен во Барса“, изјави агентот.

Медиумите во Шпанија наведуваат дека двете страни се заинтересирани за продолжување на соработиката и наскоро Ракитиќ ќе попише нов договор со Барса.

Кирстен Нелсон – секси модел од конзервативно семејство

Кирстен Нелсон е секси фотомодел и зависничка од фитнес која на Инстаграм знае како да ги прикова погледите и вниманието од таа популација врз својот профил. Поради тоа, без проблем вртка над 200.000 фанови и следбеници.

A photo posted by Kristen Nelson (@calikristenxo) on

Нејзиниот животен избор за професијата модел и начин на живеење предизвика проблеми во нејзиното конзервативно семејство, но како што вели самата, таа најде нови пријатели чија поддршка безрезервно ја има на нејзиниот пат до славата.

A photo posted by Kristen Nelson (@calikristenxo) on

A photo posted by Kristen Nelson (@calikristenxo) on

A photo posted by Kristen Nelson (@calikristenxo) on

Тениските топчиња ги замени со малку поголеми „топки“

Чешкиот тенисер Томаш Бердих беше прва замена за завршниот Мастерс во Лондон, но одлучи да им се заблагодари на организаторите за тоа и да му ја „намачка“ на Малдивите.

A photo posted by Tomas Berdych (@tomasberdych) on

Како причина за отсуството тој ја наведе повредата и лекарската препорака дека мора да се одмора.

A photo posted by Tomas Berdych (@tomasberdych) on

„Лекарите ми рекоа дека треба да направам пауза од две недели, па потоа ќе видиме што ќе биде со мене и како ќе продолжам понатаму“, изјави тенисерот кој во Лондон беше замена за Гофан. После одлуката тој се упати на фантастичните плажи од Малдивите во друштво на својата поубава половина, Естер Саторове.

The Fall Of A Rebel Angel – ново студиско издание на Enigma

После повеќе од 25 години од издавањето на дебитантскиот албум MCMXC a.d. (1990), Enigma го претставија новото студиско издание насловено The Fall Of A Rebel Angel.

Овој нивни албум следува после Seven Lives Many Faces од 2008 година, а на него ќе бидат поместени 12 песни, меѓу кои и Diving, Agnus Dei, Confession Of The Mind и Sadeness (Part II), за која е достапен и видео спот.

На продукцијата на осмиот студиски албум на Enigma работеше Мајк Крету, музичар и продуцент, а зад текстовите е потпишан со Греми наградениот текстописец Мајкл Кунце, додека омотот за изданието го дизајнираше Волфганг Белтрахи.