Home Blog Page 4264

Ниски утрински температури и сончев четврток

Сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по котлините со појава на ниска облачност и слаба магла. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринските температури ќе се движат од -5 до 0, а дневните ќе бидат во интервал од 7 до 15 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу -2 и дневна до 10 степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на дневната температура. По одделни котлини во претпладневните часови ќе има појава на ниска облачност и слаба магла. Во деновите од викендот ќе има услови за локална појава на слаб дожд.

Како се изведува и изгледа вселувањето во Белата Куќа – овие факти не сте ги знаеле

Секој од вас, барем еднаш, ако не семејно, тогаш како студент, или евентуално барем на десетина дена кога се оди на одмор, го почувствувал товарот и напорноста на преселувањето на дел од личните ствари од едно на друго место.

Е сега, замислете да треба да се изорганизирате за да ги преселите сите ваши ствари кои ги поседувате, ама буквално сите, од еден град во друг, и тоа за само 12 часа во кои треба да завршите буквално сè, а притоа во игра да е, ни помалку ни повеќе, туку Белата Куќа како ваше одредиште за преселба. На 20-ти јануари, новиот претседател ќе ја преземе Белата Куќа, па interior.mk пренесува што сè го очекува идното Прво семејство во САД во рамки на овој нималку едноставен, туку напротив, комплексен процес.

12-11-bela-kukja-vseluvanje3

1. Вселувањето не може да започне се до пладне на денот на инаугурацијата

Избраниот претседател не може да се всели ниту една минута порано. „Не ни е дозволен пристап во Белата куќа до пладне на 20- ти јануари, па ние треба да работиме речиси од надворешни локација и да се организираме логистички таму“, вели Бредли Блекман, кој беше заменик асистент на  претседателот Џорџ В. Буш и одговорен за планирање на секоја минута од неговото време- вклучувајќи го и денот на вселување. „Вселувањето е систематски организирано, како воените маневри”.

12-11-bela-kukja-vseluvanje2

2. Има само 12 часа за вселување, чистење и средување

Зошто вселувањето е како воен маневар? Затоа што се случува брзо. „Службеници од Управата за општи услуги ги одселуваат и вселуваат луѓето, кречат и ставаат нови теписи”, вели Блекман. „Потребни се сите 12 часа за да се заврши се. Тие се таму до полноќ”. Личниот избор на декор од Првото семејство ќе се направи по вселувањето.

12-11-bela-kukja-vseluvanje1

3. Првото семејство е одговорно да си донесе сè во Белата Куќа

Нешто што повеќето луѓе не го знаат: Првото семејство е одговорно за носење на сите нивни предмети во Белата Куќа. „Тие имаат координација со владата преку приватни преселувачи”, вели Блекман. На пример, претседателот Обама мораше да ги покрие трошоците за превоз (или со лични средства или пари собрани за кампањата) за да ги пренесе своите предмети од Чикаго во Вашингтон.  Откако предметите на новоизбраниот претседател пристигнуваат, персоналот го зема имотот и започнува со распакување.

12-11-bela-kukja-vseluvanje4

4. Во меѓувреме, претседателот го минува денот на инаугурација

Главниот помошник го координира денот на вселување, давајќи му на персоналот на Белата Куќа планови и фотографии кои покажуваат каде оди секој предмет (тоа се логистички прашања кои новоизбраниот Претседател претходно ги договара со главниот помошник). “Во текот на процесот на вселување, Првото семејство е на инаугурацијата или ја гледа парадата”, вели Блекман. „По завршувањето на  парадата следат инаугуративни балови, така што тоа е надвор од куќата долго време, овозможувајќи сето тоа да се случи“.

12-11-bela-kukja-vseluvanje5

5. Има голема флексибилност за декорирање на Овалната соба

Откако ќе се всели претседателот, тој или таа може комплетно да ја преуреди Овалната соба. Тоа може да биде менување на уметничките дела на ѕидовите, книгите на полиците, па дури и фотелјите, софите и други парчиња мебел, велат од ABC News.

12-11-bela-kukja-vseluvanje6

6. Вселувањето не ги вклучува само приватните простории

Блекман проценува дека работат околу 500 луѓе да ја вселат целата нова администрација. „Дури и во случај да има демократ во Белата куќа и демократ да е избран за следен претседател, исто е како да доаѓа републиканец, бидејќи избраниот претседател ќе си донесе свои луѓе,” вели Блекман. „Затоа, службениците го реорганизираат западното крило”.

12-11-bela-kukja-vseluvanje10

7. Првата задача: Планирање на сопствениот погреб

Можеби звучи шокантно, морбидно и бизарно, но за време на првата недела по вселувањето во Белата Куќа, Претседателот треба да си го испланира својот погреб ако нешто се случи за време на неговото претседателствување, вели Блакеман.

12-11-bela-kukja-vseluvanje7

8. Одбраниот претседател има шанса да си одбере нов готвач

За време на првата недела по вселувањето, претседателот може да си назначи кој ќе готви за неговото семејство. „Можеби не им се допаѓа готвачот кој е таму,” вели Блекман. „Но тие најверојатно, нема да јадат првиот ден во Белата Куќа. Првиот оброк најверојатно ќе биде наредното утро за појадок.”

12-11-bela-kukja-vseluvanje8

9. Новиот претседател добива нова лимузина

Новиот претседател е опремен со нов државен автомобил со последни безбедносни карактеристики (повеќето познати само на Тајната Служба).  Исто така, ако тоа не е покриено пред вселувањето, новоизбраниот Претседател ќе се запознае со нешта кои се топ-тајна за итни случаи, апаратура на Белата куќа која беше поставена по 9/11, вели Блекман.

12-11-bela-kukja-vseluvanje9

10. Се менува галеријата фотографии на Претседателот

Пред Кабинетот има ротирачка фото-галерија на претседателот, вклучувајќи и слики од него на средбата со светските лидери и сојузници, пренесува ABC News. На денот на вселувањето, фотографиите се менуваат за нови, на пример, оние на новиот претседател од церемонијата на инаугурацијата.

Скандал во државниот врв: Испливаа голите фотки од заменичката министерка

Украина ја тресе уште еден скандал во државниот врв со протекувањето во јавност на разголените фотографии од заменичката министерка за внатрешни работи.

Анастасија Деева неодамна беше именуваа на оваа висока позиција во украинското МВР. Задолжена е за европски интеграции, а на фотките кои протекоа во јавност, 24-годишната „политичарка“ позира во прилично експлицитни изданија, со разголени гради и облечена само во долна облека.

Министерот за внатрешни работи, Арсен Аваков, тврди дека фотографиите се фалсификат, а дека Анастасија ги поминала сите потребни тестови за оваа нејзина должност. Фотките се направени во студентските денови од Деева (не така одамна, со оглед на нејзините години), наведуваат украинските медиуми, а всушност тие и цело време биле достапни на социјалните мрежи каде таа сама ги објавила, медиумите сега само ги откриле истите, така што и не може да се каже дека станува збор за компромитирачко протекување на експлицитните фотографии во суштина.

16-11-zamenicka-ministerka-gola1

16-11-zamenicka-ministerka-gola2

Исто така, од Министерството ја демантираат нејзината врска со министерот, но проблематичен останува начинот на кој стигна до заменичка министерска позиција. Таа, наводно, во својата пријава за работното место, наведува дека има десет години релевантно работно искуство, што би значело дека со политика почнала да се занимава на 14 години.

16-11-zamenicka-ministerka-gola3

16-11-zamenicka-ministerka-gola4

16-11-zamenicka-ministerka-gola5

Anastasia Deeva

Кога њујоршките таксисти позираат за календар за 2017 – еве го резултатот

Точно така, 2017 NYC Taxi Drivers Calendar е готов за промоција и дистрибуција меѓу корисниците, а за потребите на овој календар позираа вистинските њујоршки таксисти во сатирично имитирајќи ги пин-ап фото едиторијалите.

16-11-nytaxidrivers-calendar1

„Оригиналната идеја дојде од ироничниот календар кој го направивме со мојот најстар брат како божиќен подарок за неговата сопруга во 2012 година“, изјави Филип Киркман, едната половина од тандемот кој стои зад создавањето на овој календар. Другата половина од креативното дуо е неговата сопруга Шенон Киркман.

16-11-nytaxidrivers-calendar2

„Календарот добро помина кај семејството и нашите пријатели, па бидејќи јас неодамна го напуштив моето работно место во финансискиот сектор за да се посветам на покреативен творечки пат кој ја вклучува и комичноста, со Шенон решивме таа постара идеја да ја развиеме за поширок круг на публика“.

16-11-nytaxidrivers-calendar3 16-11-nytaxidrivers-calendar4 16-11-nytaxidrivers-calendar5 16-11-nytaxidrivers-calendar6 16-11-nytaxidrivers-calendar7 16-11-nytaxidrivers-calendar8

Машини за работа: Вака го прават тоа професионалците

Тие се пример за тоа како треба професионално да си ја вршиш работата и да се трудиш да бидеш најдобар во тоа, независно што работиш.

Рибарска среќа: Еден улов му донесе 2 милиони долари и не, не улови риба

Кахид ал Синани, рибар од арапската држава Оман во својата ловечка мрежа пронајде нешто лигаво, по што стана милионер, пишува Daily Mail.

Се работи за т.н. амбра, отпадок од дигестивниот систем на кит. Некои тоа го нарекуваат и „пловечко злато“, а се користи во козметичката индустрија. Таа состојка овозможува мирисот на парфемот да трае подолго.

Рибарот за списанието изјавил дека од своите 60 килограми амбра заработи два милиони долари и најави дека ќе прекине со риболовот и ќе му се препушти на удобен живот.

16-11-oman-ribar-ambra1

Амбрата е всушност дигестивен секрет што китовите го лачат и исфрлаат, а во неколкугодишното лебдење во морето се згуснува и нараснува, поради морската сол. Се верува дека служи за да ги заштити китовите од тврди и тешки предмети што тие можат да ги проголтаат.

Некои сметаат и дека таа сива густа, мека смеса може да биде и афродизијак.

Најголемата амбра е пронајдена во Австралија во 1913 година. Нејзината маса изнесувала 455 килограми.

The Sun објави фотки од Руни „камен пијан“?

Вејн Руни не играше на пријателскиот натпревар помеѓу Англија и Шпанија, па додека од таборот на репрезентацијата тврдат дека станува збор за повреда, англиските медиуми објавија слики на кои напаѓачот е во алкохолизирана состојба.

Таблоидот „Сан“ објавува слики од свдабена забава, на која бил и самиот капитен на „Гордиот Албион“,а на истите се гледа дека тој е благо речено „мортус“ пијан.

На Мурињо ова нема да му се допадне, иако е неизвесно дали Руни воопшто ќе биде во комбинација за настап, не поради пијанството туку поради споменатата повреда.

16-11runi2

16-11runi3

Провокативната латино убавица Бернис Бургос

Мајка, модел и бизнисменка – вака на кратко ја опишуваат Порториканката Бернис Бургос, која речиси преку ноќ стана еден од најпризнатите и најдоминантни урбани модели.

16-11-burgos1

Пред неколку години, 30-годишната Бургос препозна еден недостаток во модната индустрија – малиот избор на облека за спиење кој би одговарала на жени со секаков облик и големина.

16-11-burgos2

Оттогаш, таа го разви она што денес е познато како брендот Bold&Beautiful, кој нуди таква линија на удобност и сексапил. Во дизајнот Бургос помош има од својата ќерка Ешли.

16-11-burgos3

„Како порториканска жена која порасна во шпанскиот Харлем, за мене најважно беше да ја научам ќерка ми како да напредуваат. Bold&Beautiful ми ја даде таа шанса за бизнис заедно со ќерката и задоволување на потребите во модната индустрија за облека за спиење која прави секоја жена да се чувствува удобно и секси во исто време“, изјави Бургос.

16-11-burgos4

Провокативната латино убавица кариерата како модел ја започна на 27 години, а успехот го доживеа со едиторијали во познати списанија и улоги во повеќе музички спотови, филмови и серии. На нејзините секси облини не одолеа ниту раперот Дрејк со кого беше во врска.

16-11-burgos5 16-11-burgos6 16-11-burgos7 16-11-burgos8 16-11-burgos9 16-11-burgos10 16-11-burgos11 16-11-burgos12 16-11-burgos13

Кога таа вежба, другите можат да гледаат и да уживаат

Бразилската убавица со ова покажа зошто сеуште важи за најубавата жена на светот. Напорните тренинзи на супермоделите, понекогаш се слични на оние на професионалните спортисти.

16-11-lima1

Па така, Адриана Лима која беше омажена за спортист, тренира напорно и посветено. Но, разликата е што таа и тогаш изгледа неверојатно привлечно и секси, па сите погледи се вперени во неа.

Ким Кардашијан во жешко издание како стомачна танчерка

По нападот во Париз, нејзините фанови речиси и да немаат можност да видат нешто од неа на социјалните мрежи, но нејзината пријателка Стефани Шепард реши да ја објави оваа фотографија од Ким Кардашијан.

16-11-kim-kostim

Стефани напиша: „Ким и јас го средувавме гардероберот со костими и наидовме на овој костим за стомачна танчарка. Норт ја натера да го проба бидејќи тоа ѝ е омилената боја. Изгледа неверојатно нели?!“

16-11-kim-kostim1

Кратката објава беше надополнета со фотографии од костимот кој Ким го носеше и во 2009-та година. Ким повторно го облече својот омилен костим – Јасмин од анимираниот филм на Дизни од 1992-та година, Аладин.

16-11-kim-kostim2