Home Blog Page 4261

Анчелоти најави „бомба“: Румениге го сака Галиани во Баерн!

Адриано Галиани после 30 години во декември ќе го напушти Милан, па многу фудбалски клубови ширум Европа го сакаат „ќелавкото“ во своите редови.

Галиани важи за еден од најдобрите и најпочитуваните фудбалски работници во светот, па покрај интересот на Флорентино Перез, и минхенски Баерн сака да го има Италијанецот во своите редови.

Тоа го откри Анчелоти кој потврди дека Румениге и Галиани се големи пријатели и дека Германецот го поканил на вечера и на сериозен разговор актуелниот директор на Милан.

„Разговарав со Галиани пред неколку дена и знам дека заминува од Милан. Овде во Баерн сите го почитуваат Адриано, а посебно Румениге со кого се одлични пријатели. Ќе ви откријам дека Румениге го покани Галиани на вечера во Минхен на која ќе присуствувам и јас. Галиани е Роналдо меѓу директорите, секој клуб би сакал да го има во своите редови“, истакна Анчелоти.

Галиани во разговор за „Газета дело Спорт“ потврди дека има понуди од неколку клубови, но сеуште нема донесено одлука.

„Имам понуди од неколку клубови, но сеуште не сум донел одлука. Едно е сигурно, нема да работам во друг италијански клуб бидејќи моето срце чука само за Милан“, изјави Галиани.

Енигма по која полуде интернетот: Како да се отвори, а да не се искршат садовите

Фотографијата која беше објавена на Фејсбук иницираше лавина од коментари. Расправата настана за тоа како да се отвори ормарот без да се искршат садовите.

„Ова е ормар кој никогаш нема да може да се отвори без да се искршат садовите“, напиша , кој ја објави фотката на Фејсбук. Таа е направена кога една негова пријателка дошла во посета кај него и ја видела состојбата во неговиот кујнски висечки елемент.

„Ставете го ормарот на под, па потоа отворете го; Оставете внуците да се мачат со него; Ставете дебели душеци на подот, потоа отворете го“, се само некои од коментарите кои беа испишани под фотката. Истата собра над 16.000 реакции и повеќе од 400 коментари.

Сепак, на крајот садовите биле успешно спасени кога се отворил ормарот. „Полека ја отвори вратничката и ја стави раката внатре и ги придржуваше садовите. Ниту еден не се скрши“, изјави Цен за Mail Online објаснувајќи го начинот на кој неговата пријателка успешно ја завршила мисијата.

Лоши вести за Арсенал: Белерин на подолга пауза

Лоши вести за Арсенал и Арсен Венгер кој во следните четири недели нема да може да смета на десниот бек Хектор Белерин.

Одличниот дефанзивец се повреди за време на лондонското дерби против Тотенхем, а деталните прегледи покажаа дека ќе биде надвор од терените еден месец.

Станува збор за повреда на коленото, па Белерин ќе ги пропушти натпреварите против Манчестер Јунајтед, Бурнмаут, Саутемптон и Вест Хем во Премиер лигата, како и натпреварот со ПСЖ во Лигата на шампиони.

Обид за грабеж на бензиска во Скопје – вработен испукал предупредувачки куршум

Според информациите на полицијата, вчера во 23 часот било пријавено дека на бензинска пумпа на улицата Македонско-косовска бригада во Скопје маскиран разбојник се обидел да ја ограби бензинската.

Сторителот ги искршил влезната врата и едно странично стакло. Откако забележал дека внатре се наоѓа вработениот, веднаш почнал да бега. Во тој момент вработениот истрчал надвор и во паника испукал еден куршум во воздух од пиштол кој го поседувал со дозвола.

По крадецот се трага, а тој е осомничен дека сторил кривично дело обид за тешка кражба, додека вработениот сторил кривично дело предизвикување општа опасност.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Дали Шведска ќе биде првата земја во светот со електронска валута?

Шведската влада ја разгледува идејата да воведе електронска валута наречена „ekrona“ во наредните две години.

Централната банка на Шведска ја разгледува оваа варијанта откако е забележан драстичен пад на користење пари во кеш. Количеството книжни пари и монети во циркулација од 2009 година па наваму е намалено за 40 отсто, со зголемено купување преку интернет и користење на картички за тоа.

Доколку Шведска се одлучи за ваков чекор, таа ќе постане првата земја во светот што ќе им даде на своите потрошувачи директен пристап до виртуелни пари издадени од Централана банка на Шведска популарно наречена Riksbank.

Инаку, Riksbank е првата банка во светот што издала книжни пари во оптек во далечната 1660-та.

Исто така, и Велика Британија ја разгледуваа оваа опција како што велат дека има бројни предност од електронска валута, но уште е во рани фази на истражување бидејќи треба да се анализираат прашањата околу системот, методот на испорака како и каматни стапки.

Засега најпопуларна дигитална валута е биткоинот, кој е создаден врз протоколот познат како blockchain кој дозволува луѓето меѓусебно да влезат во финансиска интеракција , одколку тоа да биде преку овластен канал.

Управен ги одби жалбите на СДПМ и НДП

Управниот суд на Република Македонија ги одбил сите тужби поднесени од Социјалдемократската партија на Македонија (СДПМ) и Народното движење за Македонија (НДП) во врска со кандидатските листи за претстојните предвремени парламентарни избори на 11 декември.

Партиите поднесоа тужби до Управниот суд откако Државната изборна комисија (ДИК) ги отфрли сите кандидатски листи поднесени од двете партии на Бранко Јаневски и на Јанко Бачев поради недостатоци и недоследности.

Решенијата од Управниот суд веќе стигнале до ДИК, но отаму не кажуваат дали ќе побараат кривична одговорност за Јаневски, како што најавија претходно.

Јувентус ја купува ѕвездата на Аталанта за 20 милиони!

Аталанта оваа сезона игра одлично во Серија А, а најголемо откритие во тимот од Бергамо е младиот играч за врска, Франк Кесие.

19-годишниот Кесие игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а медиумите во Италија тврдат дека Јувентус ја победил конкуренцијата и дека е пред реализација на трансферот.

Имено, „бјанконерите“ веќе го договориле трансферот со Аталанта и за потписот на Кесие ќе платат 20 милиони евра. Единствено не е познато дали фудбалерот ќе се пресели во Торино во јануари, или ќе остане во Аталанта на позајмица до крајот на сезоната.

„Старата дама“ уште во летниот преоден рок понуди 10 милиони евра за неговиот потпис, но Аталанта ја одби понудата а фудбалерот буквално експлодира оваа сезона во Серија А.

Виц: Пак ли зелка за ручек?

Си доаѓа мажот дома од работа, жената спремила ручек варена зелка. Гледа овој и почнува да се буни:

Аман мори, жено, пак ли зелка за ручек? Вчера зелка, завчера зелка, пред три дена зелка, цел месец зелка јадеме.

Додека ме онадиш како зајак, има да јадеш само зелка и ништо друго.

Судиска тепачка: Две судијки се степале во Управен суд

Две судијки на Управниот суд, чиј идентитет е познат на редакцијата на Макфакс, се степале откако претходно двете изнеле различен став за сето она што изминативе денови се случува со нивните колеги во скопскиот кривичен суд.

Едната од судијките била на мислење дека она што го прават нивните колеги во „единица“ е исправно, но тоа не и се допаднало на другата судија, па вербалната расправија преминала во физичка пресметка.

Од судот сé уште нема никаква официјална реакција на случувањата, но несомнено дека судиите сé погласно и со многу емоции говорат за состојбите во судството.

Клоп: Оставете го Руни на мир, порано фудбалерите пиеја и пушеа како луди!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп застана во одбрана на Вејн Руни и истакна дека во минатото фудбалерите пиеле како ѓаволи и пушеле како луди.

Сликите од пианиот Вејн Руни се најдоа на насловната на „Сан“, по што напаѓачот беше приморан да се извини.

На денешната прес конференција Јирген Клоп беше запрашан за овој инцидент, а харизматичниот Германец како и секогаш имаше извонредна изјава.

„Се извинил поради тоа што испил некоја чашка било што? Навистина ми е жал за играчите. Сите лесно забораваат дека фудбалерите се само обични луѓе. Можам да кажам дека оваа генерација е најпрофесионалната генерација на фудбалери која сме ја виделе”, заклучи Клоп и додаде:

„Сите легенди кои ги сакате и ги обожавате, тие пиеја како ѓаволи и пушеа како луди. Но и покрај тоа беа одлични фудбалери. Сигурен дека Вејн не направил ништо сериозно. Но таков е фудбалскиот свет во кој живееме, постојано сме под лупа. За ден, два или неколку недели никој нема да зборува за ова”.