Home Blog Page 4260

Во пожар во Хиподром загина старец – му се запалил сопствениот стан

Седумдесет годишен човек загина во пожар што избувнал вечерва околу 18 часот во стан во скопската населба Хиподром.

Најверојатно, причината за смртаа е задушување. По избувнувањето на пожарот дошло и до експлозија на плинската боца којашто се наоѓала во станот.

Станот е на четврти кат, а во гаснењето на пожарот уечствувале 17 пожарникари, и 7 противпожарни возила. Целата зграда била евакуирана.

За 13,2 милиони долари Германија ја откупува куќата од писателот Томас Ман во Калифорнија

Германија за 13,25 милиони долари ја купи куќата во Калифорнија која му припаѓаше на германскиот писател, добитник на Нобеловата награда, Томас Ман и планира да ја зачува како историски споменик, објавено е во четврток.

18-11-thomas-mann-house-california1

Куќата во местото Пацифик Палисејдс во околината на Лос Анџелес, била огласена за продажба за нешто помалку од 18 милиони долари, а според пишувањето на дневниот весник Sueddeutsche Zeitung, министерствата за надворешни работи и за култура планираат во неа да уредат центар за трансатлантски дијалог, резиденција на академиците и уметниците.

Томас Ман беше германски романописец и книжевник кој Нобеловата награда ја доби во 1929 година, а во егзил побегна во 1933 година со9 доаѓањето на Адолф Хитлер на власт. Ман живееше во Калифорнија од 1942 до 1952 година, а потоа во Швајцарија, каде што почина во 1955 година.

18-11-thomas-mann-house-california3

Обновата на куќата во која германскиот писател го напиша биографскиот роман „Доктор Фаустус“, ќе потрае две години.

Претежно сончев петок

Претежно сончево, претпладне со услови за појава на слаба магла по одделни котлини. Утринските температури ќе се движат од -3 до 3, а дневната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје сончево со утринска температура од -1 и дневна до 12 степени. Во деновите од викендот ќе има услови за локална појава на слаб дожд.

Македонец се најде во швајцарски медиуми: Го запрела полиција оти…

52-годишен Македонец ги запрепасти швајцарските медиуми со нешто, што кај нас и не е толку невообичаено. 

Имено, полицијата го запрела возачот на Форд кој бил тотално пренатоварен, откако ја селел покуќнината со своето возило и притоа е утврдено дека е натоварен дури 700кг повеќе од дозволеното, од кои 300 носел на покривот.

Швајцарските медиуми пишуваат дека возачот е 52-годишен Македонец кој живеел во Швајцарија, а во своето возило си ја носел покуќнината бидејќи се селел.

Полицијата не му дозволила да вози понатаму, и тој морал да се превезе со автобус. Му се заканува и парична казна, пишува швајцарски Блик.

 

Видео: Поради ова го сакаат сите – најдобрите одбрани на Донарума!

Џанлуиџи Донарума е вистинска сензација во фудбалска Европа и многу клубови се спремни да потрошат огромни пари за да го видат во своите редови.

Момчето кое со само 16 години дебитираше за Милан, веќе втора сезона блеска во дресот на „росонерите“ и несомнено е најголемиот талент во Европа.

Неодамна стана најмладиот дебитант во историјата на италијанската репрезентација, и важи за легитимен наследник на Џиџи Буфон.

Погледнете ја компилацијата од најдобрите одбрани на Донарума – момчето е едноставно неверојатно!

Сега е ѕвезда на Ливерпул, а го открија преку „Фудбал Менаџер“

Бразилецот Роберто Фирмино по доаѓањето на Јирген Клоп во Ливерпул се наметна како еден од најдобрите напаѓачи во Премиерлигата, а интересно е дека неговиот пранешен клуб Хофенхајм, неговите квалитети го открил преку популарната игра „Фудбал Менаџер“.

Хофенхајм во 2011 година реши на бразилскиот второлигаш Фигуеренсе да му плати четири милиони евра за напаѓачот Роберто Фирмино, откако претходно го виделе на популарната игра.

„Со еден мој колега често ја играме оваа игра и случајно го откривме Фирмино. Беше ефикасен во Фигуеренсе и решивме да го скаутираме, а потоа и да го реализираме трансферот. Имаше многу скептици кога решивме да ја платиме бараната сума, бидејќи тој сепак беше играч во втората бразилска лига, но мислам дека на крајот завршивме одлична работа“, изјави Луц Фаненстил, скаут кој е најзаслужен за доаѓањето на Фирмино во Европа.

На крајот ризикот за Хофенхајм и тоа како се исплатеше, па Фирмино кој во 2011 година во клубот пристигна за четири милиони евра, во 2015 година беше продаден на Ливерпул за 42 милиони евра.

Ема Грин – ако не ја знаете, брзо ќе ја запознаете

Зрачи со сексапил, пука со заводливост во секоја поза пред објективот и камерата од мобилниот – таа и таква е Ема Грин. Останатото на фотографиите надолу.

A photo posted by ?? Emma Green (@egreen1206) on

A photo posted by ?? Emma Green (@egreen1206) on

A photo posted by ?? Emma Green (@egreen1206) on

A photo posted by ?? Emma Green (@egreen1206) on

A photo posted by ?? Emma Green (@egreen1206) on

A photo posted by ?? Emma Green (@egreen1206) on

A photo posted by ?? Emma Green (@egreen1206) on

A photo posted by ?? Emma Green (@egreen1206) on

Илчо Наумоски осуден на условна казна затвор!

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Македонија, Илчо Наумоски, за учество во два инциденти во Австрија, доби седуммесечна условна затворска казна.

Илчо Наумоски најголем дел од кариерата, од 2005 до 2013година ја мина во Матерзбург, тим за кој одиграл 227 натпревари и постигнал 51 гол.

Од овој период се и двата инциденти поради кои поранешниот македонски репрезентативец на Македонија заврши на суд и поради кои доби условна казна.

Како фудбалер на Матерзбург, пред шест години, на дуелот со Винер Нојштад, Наумоски удрил противнички играч, кој се здобил со потрес на мозокот и скршена јаболчница.

Вториот инцидент, во кој бил инволвиран Наумоски, се случил во ноќен клуб во Виена, во кој фудбалерот заедно со двајца пријатели учествувал во тепачка, во која било повредено 24-годишно момче.

Казната која ја доби Наумоски е условна, но тој може да заврши зад решетки доколку го повтори делото во наредните три години.

„Фудбалскиот Моцарт“ освои се што може да се освои, но жали само за…

Еден од најдобрите плејмејкери во поновата фудбалска историја, Андреа Пирло откри дека најмногу жали што во кариерата не заиграл за Реал Мадрид или Барселона, а имал прилика за тоа.

Пирло во својата богата кариера ги носеше дресовите на трите најголеми италијански клубови, Интер, Милан и Јувентус и освои се што може да се освои, сепак има една неостварена желба.

„Жалам само што немав можност да заиграм за Реал или Барселона, бидејќи секој фудбалер сонува да биде дел од овие два гиганти. Реал Мадрид силно ме посакуваше кога Капело беше таму, но Милан не сакаше да ме пушти и потпишав нов договор. Сепак, во Милан ги поминав најдобрите години и освоив се што може да се освои. Две титули во Лига на шампиони се сон за секој фудбалер, а можеа да бидат три ако не беше онаа црна ноќ во Истанбул“, истакна Пирло.

Покрај Реал Мадрид Пирло имал и конкретна понуда од Барселона, но сепак не дошло до реализација на тој трансфер.

„Игравме пријателски натпревар против Барса и Гвардиола ме викна во својата канцеларија, ми рече дека ме сака по секоја цена. Јас веднаш прифатив бидејќи мојот циклус во Милан беше при крај. Повторно Берлускони кажа НЕ и останав, а следното лето се преселив во Јувентус. Да се игра за трите најголеми клубови во Италија не е мала работа“, заклучи Италијанецот.

Мурињо и Венгер се „тепаат“ за италијански голгетер!

Андреа Белоти е најголемо откритие во Серија А оваа сезона и со своите фантастични партии го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Белоти постигна 8 гола на 10 натпревари во Серија А, а во италијанската репрезентација три пати се запиша во листата стрелци на исто толку натпревари.

Има 22 години и експертите му предводуваат блескава иднина, а за неговиот потпис силен интерес покажуваат англиските гигнати Манчестер Јунајтед и Арсенал.

„Газета дело Спорт“ тврди дека Торино веќе спрема нов договор за својата ѕвезда за да се заштити од нападите на гигантите, а во новиот договор ќе има откупна клаузула од 50 милиони евра.

Жозе Мурињо и Венгер го сакаат италијанскиот напаѓач уште во јануари и се спремни да платат 35 милиони евра, па сигурно дека Белоти ќе биде една од ѕвездите на преодниот рок.

Покрај англиските гигнати силен интерес за Белоти покажува и Милан, кој е спремен да го продаде Бака само за да го донесе италијанскиот голгетер во своите редови.