Home Blog Page 4259

ФЕЈСБУК СТАТУС НА ДЕНОТ: Кодекс за користење на време!

1. Часовник е онаа направа со стрелки, која покажува часови, минути и секунди. Првенствено е измислена за да имаш ориентација за време, а не како аксесоар за рака.

2. Календар е систем со денови, месеци и години со кој се организира времето. Освен за родендените на твоите најблиски, служи и за забележување на твоите обврски.

3. Зборовите ”сега” и ”веднаш” значат сега и веднаш. Не ги употребувај доколку не можеш да одговориш на барањата. За тебе постојат други зборови како ”добро”, ”во ред”… Така ќе и олесниш на другата страна да не чека навремено да си ги завршиш работите.

4. Во 10 часот, значи во 10 часот. Утре, значи утре. На 15ти, значи на 15ти. Доцнењето е одлика на неорганизирани, безобразни и себични луѓе. Ако не почитуваш рокови, едноставно кажи ”ќе биде”.

5. Престанете со изговорите ”сè правам сам/а, затоа доцнам” со цел другата страна да има сожалување и разбирање за вашето доцнење. Ако немате организациски потенцијал, не се нафаќајте на обемни работи, распределете ги или елиминирајте ги обврските. Подоблесно е да кажеш ”не можам тоа да го завршам” отколку да даваш рокови до кои не држиш.

6. Доколку не можете да извршите нешто на време, јавете се, извинете се.

7. Доцнењето не е ”балкански феномен”, тоа е личен недостаток на обѕири и неспособност за организирање на сопственото време.

8. Доцнењето може да биде исклучок, а не секојдневна пракса.

9. Бидете искрени кога доцните. Не употребувајте ”во кола сум, доаѓам” доколку во тој момент само што сте излегле од под туш.

10. Не кажувај дека ќе бидеш на договорено место за 30 минути, кога планираш да дојдеш за 60.
(Овој статус е инспириран од мајсторот што рече дека колата ќе ја поправи за две недели, а еве веќе два и пол месеци вика ”утре” и од тетките што на 8.11. ми продадоа душек за спиење кој рекоа дека ќе ми го достават за 10 дена, ама откако душекот беше платен, на профактурата стоеше, датум за испорака: 02.12)

Извор

Грандиозно издание на шампионот: Вардар го декласираше Рајн Некар

Ракометарите на Вардар направија голем чекор кон освојување на првото место во Б групата во Лигата на шампионите, откако во Франкфурт со убедлива игра славеа над Рајн Некар Левен со 33:27.

Вардар го фрли на колена германскиот шампион, одигра во сите линији и предводен од Канељас, Циндриќ и Штербик стигна до шестата победа во седмиот натпревар во Лигата на шампионите.

Најефикасен во редовите на „црвено-црните“ беше Хуан Канељас кој постигна 10 годови, дедека Лука Циндриќ постигна 7, а Хорхе Македа беше стрелец на 4 гола.

„Јас сум горд сум што сите играчи го дадоа својот максимум. Ова беше важен натпревар за нас, знаевме колку ќе биде тешко да се игра против Левен на овој терен. Сега веќе се концетрираме на она што претстои, а тоа е следниот меч“, изјави Раул Гонзалес.

Вардар во наредното коло ќе му биде домаќин на Рајн Некар, натпреварот ќе се одигра на 26 ноемри во 17:30 часот.

СПОДЕЛИ МУЗИКА: Contrast Trio – “Visit of a friend”, разиграна џезија за другарот

Contrast Trio се џезерско трио од Германија, со постојана адреса во Франкфурт, а го чинат Јуриј Сих на клавијатури, Тимоти Рот на бас и звучни ефекти и Мартин Стандке на тапани и семплови.  Останатото што треба да го знаете и имаат да ви го кажат е во музички формат, како овој на пример, подолу, во живо.

Жителите од овој град живеат под постојана пареа

Добродојдовте во Бепу, јапонски град кој благодарение на трите илјади вулкански гејзери, константно е обвиткан во пареа.

За неговата геотермална атрактивност Бепу може да му заблагодари на активноста на најголемиот јапонски вулкан Асу, кој е оддалечен стотина километри од овој град на островот Кјушу.

42534683 - beppu hot springs of hope

Речиси трите илјади геотермални извори, секојдневно исфрлуваат повеќе од 130 илјади тони вода што врие.

Поголема активност од тој тип се случува единствно во Националниот парк „Јелоустон“ во САД, пишува „Дејли Мејл“.

Токму заради тоа, Бепу е најголем геотермален ресорт во светот, а името на секој извор го вклучува и зборот „пекол“. Најголеми геотермални извори се премногу врели за капење, а често ги нарекуваат и „осумте пеколи на Бепу“.

58672922 - beppu hot spring

Еден од нив е „Планинскиот пекол“, каде температурата на водата е 90 степени Целзиусови. Посетителите на тоа се предупредени и со знаци, а во ресортот можат да уживат во разни „деликатеси“, меѓу кои и варени јајца на пареа.

Секако, од ова не профитира само туризмот, туку полаза од оваа необична природна појава имаат и домаќинствата и индустријата.

Асу првпат по две децении еруптира минатиот месец и подрачјето во радиус од околу 150 километри беше прекриено со „дожд“ од сива пепел.

Претставен најмоќниот Vanquish S од Aston Martin – ќе чини 262.950 евра

Aston Martin на Саемот за автомобили во Лос Анџелес официјално го претстави Vanquish S, кој има шестлитарски атмосферски В12 мотор со 600 коњски сили.

18-11-astonmartin-vanquish-s1

Со еден од последните мотори од „старата школа”, Vanquish S претставува зајакната верзија на стандардниот Vanquish, а е последен модел од актуелната генерација, бидејќи Aston Martin на големо работи на развој на следната генерација на овој модел, кој на патиштата ќе се најде кон средина на 2018 година.

Во однос на стандардниот модел, Vanquish S има подобрена аеродинамика, зајакнат мотор, поцврста каросерија, капацитетни сопирачки и рекаблирана амортизација. Суштинските измени на каросеријата вклучуваат нов карбонски преден насочувач на воздухот и нов заден воздушен дифузер. Меѓу опциската опрема спаѓаат и неколку карбонски детали и зајакнати 20-инчни бандажи.

18-11-astonmartin-vanquish-s2

Атмосферскиот шестлитарски алуминиумски V12 мотор во ова издание нуди 600 коњски сили при 7.000 вртежи во минута и 630 Њутн/метри максимален вртлив момент при 5.500 вртежи во минута, кои се пренесуваат на задната осовина.

18-11-astonmartin-vanquish-s3
Aston Martin со зајакнатиот мотор подготви и рекалибриран осумстепен автоматски менувач, кој од еден во друг степен на пренос сега оди многу побрзо. Од нула до 100 километри на час моделот стигнува за 3,5 секунди, а неговата максимална брзина изнесува 323 километри на час.

18-11-astonmartin-vanquish-s4
Vanquish S во продажните салони стигнува во декември. Почетната цена во САД изнесува 312.950 долари, а во Германија 262.950 евра.

Мистериозна држава во која владеат дрога и пари: Ја нема на мапите, ретко кој знае за неа, а е сè побогата

Длабоко во прашумите на југоисточна Азија, на крајните делови од Мјанмар, неформално, но ефективно автономна, се наоѓа државата Ва која ја посети новинар од BBC.

Оваа држава ја нема на ниту една мапа од Google, за неа знаат само ретките, а речиси е невозможно и да влезете во неа, бидејќи ако побарате виза, огромни се шансите дека ќе бидете одбиени. Државата Ва е сместена на далечната источна страна од мјанмарскиот регион, а позната е и под името Дивата Ва. Таму сите се полни со пари, врие од дрога и див живот, вели новинарот од BBC.

18-11-wa1

„Мислевме дека сите кои сакаат да ја посетат нашата држава се шпиони“, вели службеник од една од најмистериозните и најавтономни држави на светот пред група новинари на кои, од уште нејасни и непознати причини, им беше овозможен влез во Ва.

Откако го поминале темелниот претрес од војниците на Мјанмар, новинарите беа топло пречекани од локалната телевизиска станица на Ва.

„Добредојдовте во државата Ва“, ги поздравија своите гости, не покажувајќи ниту трага од застрашувачката репутација по која ги паметат британските војници од колонијалниот период, кога тамошните жители биле познати под името Дивите Ва и биле прочуени по бестрашноста во борбите и отсекувањето на главите од своите непријатели, кои потоа ги изложувале набиени на високи стапови.

Ва се простира на 17.000 квадратни километри површина, на која живеат околу 550.000 жители. Сместена е на истокот од Мјанмар, на границата со Кина, и Ва таму ужива автономија уште од 1989 година, кога бунтовниците од Ва склучија мир со властите од тогашна Бурма.

18-11-wa2

Со склучување на мирот, добија земја со која можат самостојно да управуваат. Тогаш започнале со одгледување на најисплатливата култура во тие краишта – мак, од кој се произведува опиум, главна суровина за производство на хероин. Од заработката со опиумот државата наскоро почнала брзо да се богати, а во ’90-те беше една од водечките светски производители на опиум и хероин.

Но, со оглед на фактот дека продажбата на дрога е поврзана исклучиво со негативни конотоации, тие своите гости новинари ги прошетаа по полињата со чај, кафе и каучуково дрво, од кое се добива суровина за производство на гума.

Ва стана рај и за странските претприемачи, кои сето она кое го произведуваат во Ва, го извезуваат во соседна Кина, што е и логично, со оглед на фактот дека, како што забележува и новинарот од ВВС, жителите на Ва се поблиски со Кина отколку со Мјанмар. Платежно средство им се кинеските јуани, а главен јазик им е мандаринскиот. Клучната инфраструктура, како електричната и телекомуникациска мрежа, е во сопственост на кинески компании.

18-11-wa4

„Не знаеме што добиваме од тоа што сме дел од Мјанмар. Но, не сакаме независност, навистина сакаме да сме дел од оваа држава“, вели за новинарите министерот за градежништво Јенг Гар. Таквиот став на Ва овозможува тие да си ја задржат автономијата и да бидат слободна држава. Мјанмарската војска не помислува на интервенција на нивна територија, а поради блиските врски со Кина, изградбата на инфраструктурата во Ва буквално цвета.

Обединетите Нации и Стејт Департментот во своите извештаи ја обвинуваат Ва дека е еден од главните производители на метамфетамин, кај локалците познат и како yaba, за што министерот за правда, Ли Сан Лу, отворено разговараше со новинарите.

„Тоа е голем проблем во нашата држава, годишно запленуваме околу два тони пилули метамфетамин“, им откри тој.

Новинарите кои ја посетија Ва одлучиле една ноќ да се искрадат и да го обиколат главниот град Ва, со цел да видат за што на официјалната тура не станало муабет. Како што пишува новинарот од ВВС, на речиси секој чекор од градот се продаваат делови од загрозени животински видови, како заби од тигри и черепи од тигри, слонова коска и кожа од разни животни, доста популарни во традиционалната кинеска медицина, а најголем број купувачи доаѓаат токму од Кина. Новинарите го снимиле пазарот и сето она кое се продава таму.

18-11-wa3

„Тоа докажува дека постојат повеќе пазари отколку што мислевме и дека со овој проблем уште долго ќе се занимаваме. И понатаму постои огромна побарувачка, а луѓето кои ги купуваат тие производи имаат многу пари“, вели Ник Кокс од Фондот за заштита на диви животни, коментирајќи ги тајни снимените видео материјали.

18-11-wa5

„Овде станува збор за слободна трговија. Кај нас ги нема тие животни, ние нашите џунгли ги испосековме за да ослободиме место за плантажите со каучук“, изјави министерот за надворешни работи Жао Гуо Ан. Неограничени од државни и меѓународни прописи, тие всушност прават она што им е по волја и немаат намера да го променат тој став, заклучува новинарот од ВВС.

6 чекори до совршеното селфи со вашиот веренички прстен

Во денешното модерно време на разни интересни, а и бизарни интернет-трендови, свадбената организација започнува многу порано отколку порано, кога започнуваше во моментот кога идната невеста ќе ја започне потрагата по совршениот фустан или највкусната торта.

2

3

Денес, свадбата се најавува и започнува од моментот кога жената ќе го објави својот веренички прстен на социјалните мрежи. Сигурно знаете за што станува збор: фотографија на којашто може да се види женска дланка, со совршен маникир и прстен со блескав драгоцен камен, во комбинација со разни хаштази од типот: #weareengaged, #isaidyes, #engagementring #sparkling #happyday и сл.

4

Овој тренд е толку многу присутен на интернет, што во основа претставува еден модерен начин, со кој се најавува поканата за свадба на пријателите и роднините. Како и да е, селфито со вашиот прстен, ќе има вредност само доколку ја доловува вистинската убавина на вашиот нов аксесоар, со кој се гордеете и со кој сакате да се пофалите. Доколку мислите дека не се снаоѓате добро во правењето на вашата совршена фотографија со вереничкиот прстен, тогаш следете ги овие 5 чекори и прикажете ги неговите најубави карактеристики. 6

Совет за момците: Доколку планирате наскоро да ја изненадите вашата девојка со квалитетен и блескав веренички прстен, кој ќе ја симболизира вашата вечна љубов и страст, а немате идеја за изборот на моделот и каменот, тогаш добро би било да знаете дека моментално во светот, прстените од моисанит се огромен тренд. Тие имаат слични својства како дијамантот, а значително пониска пазарна цена. Повеќе информации во врска со т.н. moissanite engagement rings, можете да прочитате во обемната рецензија на веб-сајтот Lifestyle Updated.

7

8

9

1. Осветлувањето е најважен фактор

Како и со секоја друга фотографија, погрешното осветлување може тотално да ги уништи вашите обиди за креирање совршено селфи, со вашиот нов веренички прстен. Светлото е особено важно доколку правите фотографија со камерата на вашиот паметен телефон. Колку е послаба светлината, толку полош ќе биде квалитетот на сликата. Поради тоа, имајте на ум дека сонцето ви е најдобриот пријател, кога станува збор за правење на одлично селфи со прстен. Генерално кажано, природната светлина е далеку поефикасна за правење добри фотки, отколку вештачката светлина.  13

14

15

2. Позиционирајте го прстенот под кос агол

Важно е да се знае дека, исто како и ние луѓето, така и вашиот веренички прстен има своја „подобра страна“. Со цел да го прикажете во својот полн сјај, потребно е да го откриете аголот под кој тој изгледа најдобро. Косите агли се одличен избор доколку целта ви е да ги прикажете камчињата на обрачот, а фотографиите направени од птичја перспектива, без употреба на блиц, обично се најдобриот избор доколку сакате да го прикажете самиот облик на каменот.

Processed with VSCOcam with c1 preset

18

19

3. Пронајдете ја совршената позадина

Вашето селфи со веренички прстен ќе биде значително поинтересно, ако вложите малку креативност и енергија во селекцијата на позадина. Изборот е неограничен, а добри идеи би биле прекрасен пејзаж, елегантно парче ткаенина, свежи цвеќиња, па дури и кул шолја со вашето омилено кафе. Доколку вашиот партнер ве запроси во текот на летниот одмор, песочна плажа и азурно море се дефинитивно одличен избор за позиционирање за вашето селфи.

20

21

22

4. Немојте да зумирате

Доколку сметате дека вашиот прстен ќе изгледа поубаво ако ја употребите опцијата за зумирање на вашиот телефон, тогаш сте во голема заблуда. Напротив, резултатот ќе биде пикселизирана, наместо убаво дефинирана фотографија. Доколку решите да направите кадар одблизу, сторете го тоа на традиционалниот, старовремски начин: поставете ја камерата поблиску до вашиот прстен. Доколку вашите дланки се тресат, правењето на ваква фотографија може да резултира со матна и непрецизна фотографија. Во овој случај, можете да ја замолите вашата пријателка да дојде и ви помогне околу правењето на фотографијата.

17

24

5. Откријте ја совршената поза

Најверојатно никогаш не би дознале колку чудно ви изгледаат дланките одблизу, сè до моментот кога ќе почнете со вашите обиди за правење на совршената фотка со прстен. Доколку сакате да го избегнете тоа чувство, морате да експериментирате со позите и да ја одберете онаа која убаво го прикажува самиот прстен, а истовремено ги прикрива малите несовршености на дланката, кои не сте ги забележале досега, како што се порите, вените и ситните влакненца.

Бонус совет: Ништо нема да ја уништи фотографијата од несредени или грицкани нокти. Пред да притиснете на копчето, осигурете се дека вашиот маникир е на место. Соодветен избор на боја на лак за нокти е бледо розова или нијанси во боја на кожа, кои само дополнително ќе го истакнат прстенот.

12

5

6. Уредете ја фотографијата во Фотошоп

Откако ќе успеете да го направите селфито кое ве прави задоволни, не се плашете да употребите и малку Фотошоп корекции доколку има потреба од тоа. Апликациите за обработка на фотографии, можат да помогнат околу прикривањето на несовршеностите на кожата. Секако, обработете ја фотографијата само доколку знаете како да го направите тоа, бидејќи во спротивно таа може да изгледа многу вештачко или лошо и да постигне спротивен ефект, кога ќе ја објавите на социјалните мрежи.

Во продолжение, погледнете ја галеријата сочинета од креативни, слатки, паметни и забавни фотографии со веренички прстен и добијте инспирација за вашето совршено селфи.

Автор: Кристина Шумадиева

Лаванда против стрес и несоница – еве зошто, еве како

Лавандата вообичаено се користи во производството на парфеми и козметика, во фитотерапијата, како и во кулинарството. 

Сушените цветови од оваа ароматична билка создржат есенцијално масло богато со линалол и линалил ацетат.

Благодарение на нејзиното смирувачко дејство, лавандата често се користи кај лошиот сон, несоницата, нервозата, анксиозноста, па дури и депресијата.

Лавандата исто така има помага и за грчеви во цревата, дијареја, и некои други гастроинтестинални заболувања кои се јавуваат за време на стресот.

Оваа билка исто така ги намалува нападите на кашлица и помага за искашлување при бронхитис.

Лавандата се користи и за ублажување на мигрената и тензичните главоболки.

Вдишувањето на мирис од лаванда околу 10 до 15 минути ги намалува болките во главата.

„Се продава Passat – цена 450 марки“ – регионов паѓа од смеа на овој оглас

„А ако сакате замена, тогаш е 10.000 конвертабилни марки“ стои додадено во овој оглас, веројатно на шега, објавен во БиХ. „Дали и дрвата одат заедно со пасатот“, праша еден „заинтересиран“. Одговорот беше негативен, секако. Passat-от брзо си најде нов сопственик.

18-11-passat1

Во Скопје почнува All Web – петта конференција за дигитален маркетинг

Денеска се одржува AllWeb, петтата конференција за дигитален маркетинг која е комбинација на презентации и панел дискусии, одлични говорници и содржина.

Навиките и однесувањето на корисниците на паметни (мобилни) уреди, комуникацијата во движење, константното барање нови канали и целни групи за маркетинг комуникација ќе бидат носечките теми на конференцијата.

Добитничката на Еми награда за дигитален маркетинг и поранешен директор во Еделман, Моторола и Таргет Маркет, Благица Ботиљеро ќе биде првиот говорник што ќе застане на сцената на AllWeb, на 18 ноември оваа година. Позната е по нејзината способност да го мери повратот на инвестиции (ROI) во дигиталните медиуми, влијанието на социјалните медиуми и техниките за поддршка на купувачите.

Ја нарекуваат “дигитален гангстер“ затоа што е дел од генерацијата жени кои помогнале да се изгради вебот. Со кариера која трае повеќе од 20 години, Благица е во првите редови на постојано менување на World Wide Web.

Доаѓаат и експерти од Дојче Телеком, Соушлбејкерс, Дентсу, Агрокор и други врвни експерти и предавачи во своите области со долгогодишно искуство.