Home Blog Page 4258

Барса го наjде наследникот на Луис Енрике

Како што пренесуваат каталонските медиуми Луис Енерике нема да го продолжи договорот со Барса, па Каталонците се приморани да размислуваат за негов наследник, исто како пред четири години кога клубот го напушти Пеп Гвардиола.

Медиумите тврдат дека Луис Енрике веќе донел конечна одлука и дека неуспешни биле сите обиди на раководството да го убедат да го продолжи договорот.

Во 2012 година кога Гвардиола го напушти „Камп Ноу“ него го замени неговиот помошник Тито Виланова, па истиот случај може да се повтори и сега. Имено, на местото на Луис Енрике да седне неговиот прв асистент Хуан Карлос Унзуе.

Хуан Карлос Унзуе е поранешен шпански голман кој во својата кариера две сезони помина во Барселна, но не остави голема трага бидејќи запиша само 5 настапи.

Откако се пензионираше во 2003 година наврзо се врати на „Камп Ноу“ во улога на тренер на голманите, кога прв тренер на Каталонците беше Франк Рајкард.

По заминувањето на Холанѓанецот Унзуе ја задржа својата позиција и кај Пеп Гвардиола, а подоцна му стана прв помошник на Луис Енрике во Селта, па потоа и во Барселона

Милан заинтересиран за англиски репрезентативец!

x-default

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е заинтересиран за напаѓачот на Ливерпул и англиски репрезентативец Даниел Стариџ.

Стариџ оваа сезона не добива голема минутажа кај Јирген Клоп и размислува да ја промени средината, а покрај неколкуте англиски клубови интерес за него покажува и Милан.

Тренерот на „росонерите“ смета дека Стариџ би бил идеална замена за Карлос Бака и дека подобро ќе се вклопи во неговиот стил на игра.

„Росонерите“ се спремни да платат 30 милиони евра за потписот на Англичанецот, но најпрво ќе треба да се ослободат од Бака бидејќи за двајцата нема да има место во нападот.

Покрај Милан интерес за Стариџ покажува и Тотенхем, па останува да видиме кој ќе победи во трката за неговиот потпис.

Студентка во Албанија ја потури министерката за образование со црвен сос

На Интернационалниот ден на студентите, активистката на Движењето за универзитетот ја потури со црвен сос министерската за образование, Линдита Никола. Движењето бара оставка од министерката и останатата влада поради лошите „реформи“ кои ги прават во образованието.

„Таргет“ – нова истрага на СЈО за случајот со незаконските прислушувања

Специјалното јавно обвинителство објави дека незаконското прислушување се спроведувало преку три различни системи. Со операцијата Таргет се осомничени десет лица, поранешни но и актуелни вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање.

Прво осомничениот кој бил на раководна позиција во Управата за безбедност и контраразунавање давал наредби за следење на политичката, бизнис и новинарската фела во Македонија.

Второосомничениот, во координација со првоосомничениот, но и самостојно го организирал процесот на прислушување.

Тој бил запознаен со сите имиња и лозинки за следење и освен што давал наредби и самиот внесувал телефонски броеви за кои немало судски наредби.

Постои основано сомнение дека третоосомничената, постапувајќи по наредби на второосомничениот, постапувајќи спротивно на законите и без судски наредби за одредени телефонски  броеви, проследувала телефонски броеви кои требало да бидат следени“ – изјави обвинителката Фатиме Фетаи.

Дополнително  вршено е транскриптирање на разговорите.

Интер спрема трансфер „бомба“ – доаѓа големо засилување!

Новите сопственици на Интер, кинеската компанија „Сунинг“ спремила голем буџет за засилувања, а медиумите се сигурно дека следното лето ќе пристигне голема ѕвезда на „Џузепе Меаца“.

Имено, прва трансфер цел на „нероаѕурите“ е Хамес Родригез од Реал Мадрид, а самиот фудбалер потврди дека миланскиот клуб го контактирал уште минатото лето.

Интер нема да има проблем да плати и 70 милиони евра за неговиот потопис, но проблем е тоа што Колумбиецот сака преселба во Премиер лигата и наводно веќе има договор со Манчестер Јунајтед.

Поради тоа „нероаѕурите“ веќе имаат алтернатива, а станува збор за ѕвездата на ПСЖ, Анхел ди Марија. Аргентинецот не е среќен во Париз и сака да ја промени средината, а „нероаѕурите“ наводно веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Медиумите тврдат дека потпретседателот Хавиер Занети веќе разговарал со својот сонародник и го убедил да се пресели во Милано, а „нероаѕурите“ се спремни да платат 60 милиони за евра.

Миланските гиганти го сакаат стоперот на Ливерпул!

Мамаду Сако оваа сезона не одигра ни една минути за Ливерпул, па јасно е дека во јануари Французинот ќе ја промени средината.

Според „Паризиен“ голем интерес за потписот на Сако покажуваат двата милански гигнати Интер и Милан кои сакаат да ја засилат одбраната во зимскиот преоден рок.

Договорот на Сако истекува во 2020 година, но, јасно е дека за него нема веќе место во Ливерпул, па тоа сакаат да го искористат италијанските клубови.

Весникот тврди дека двата клуба се спремни да платат 10 милиони евра за неговиот потпис, сума која ќе биде доволна за „црвените“ да му ја отворат излезната врата.

Ѓоковиќ на судијата: Ти немаш поим од судење!

Новак Ѓоковиќ ја забележа и третата победа на завршниот Мастерс во Лондон, но убедливиот триумф над Давид Гофан мина во сенка на неговата распртавија со судијата Фергус Марфи.

Во петтиот гем судијата го опомена Ѓоковиќ дека троши повеќе време од дозволеното во паузата меѓу првиот и вториот сервис. Србинот откако го освои гемот влезе во расправија со судијата.

„Колку долго судите? Она што се обидуваш да ми го направиш говори дека немаш поим од судење. Одигравме фантастичен поен, потоа го зедов пешкирот и можеби го надминав дозволеното време за прв пат и тоа за две-три секунди, а ти веднаш ме опоменуваш. Мислиш дека тоа е чесно“, му рече Ѓоковиќ на судијата Марфи.

Клоп порача: Кутињо останува во Ливерпул!

Ливерпул оваа сезона игра одлично во Премиер лигата, а најдобар поединец во тимот на Јирген Клоп е секако Филипе Кутињо.

Кутињо блеска во „црвениот“ дрес и е еден од најдобрите фудбалер во Премиер лигата, па веќе почнаа шпекулациите за негов интерес од страна на Барселона.

Медиумите тврдат дека Бразилецот е главна трансфер мета на Барселона и дека Каталонците се спремни да платат огромна сума на пари за да го донесат на „Камп Ноу“.

Сепак, менаџерот Клоп воопшто не е загрижен од ваквите шпекулации бидејќи е убеден во лојалноста на Бразилецот и порача дека Кутињо сигурно останува на „Енфилд“.

„Нема зошто да бидам загрижен, иднината на Кутињо е во Ливерпул. Фудбалерите сакаат да бидат овде, уживаат играјќи за овој клуб, а наша работа е овој тренд да остане и во иднина. Моето мислење е дека Кутињо се чувствува прекрасно овде, се гледа себе си уште долго време во Ливерпул“, истакна Клоп.

„Тој е извонреден фудбалер, но исто така е и уште млад, така што најмногу импресионира што кај него има и огромен простор за уште поголем напредок. Секако дека ако некој клуб дојде и му понуди двојно повеќе пари од нас, тој можеби нема да може да ги одбие, но не знам дали постои клуб што може да му даде толкава сума. На крајот се ќе се сведе на атмосферата што ја создаваме овде, на клуб од кој никој не сака да си замине“, заклучи Германецот.

Ве поздрави Ирина Иванова – кандидатка за најатрактивни гради на светот

Ирина Иванова е и тоа како позната по беспаќата на интернетот и социјалните мрежи, пред и над сè, поради нејзините прекрасни и бујни гради.

Обожава да ги покажува и да се фали со нив, а омилена дисциплина ѝ е underboob. Дефинитивно е кандидатка за сопственичка на најатрактивни гради на глобално ниво.

Барса го тужи Сантос поради трансферот на Габигол

Фудбалскиот клуб Барселона го пријави во ФИФА бразилскиот Сантос и побарала обештетување бидејќи Бразилците не го испочитувале договорот кој го имале во врска со продажбата на младиот Габриел Барбоса Алмеида, познат како Габигол.

Според пишувањето на „Мундо Депортиво“, Каталонците имале право да го откупат 20-годишниот Бразилец, благодарение на договорот со Сантос кога овој клуб на Барселона и го продаде Нејмар во 2013 година.

Барселона тврди дека без нивно знаење Сантос, играчот му го продал на Интер и бара да биде обештетена со 7,9 милиони евра.

Кога Нејмар во 2013 година потпиша за Барселона, во купопродажниот договор била вметната клаузула дека Барса има право да го купи младиот напаѓач, а во случај Каталонците да се откажат тогаш тој да им биде понуден на другите клубови.

Од друга страна преставниците на Сантос тврдат дека два дена пред истекот на летниот преоден рок доставиле документација со која ги известиле челниците на Барселона за трансферто на Габигол во Интер.

Габигол во последните денови од летниот преоден рок премина во Интер за 29 милиони евра, но до сега одигра само 15 минути за тимот од „Џезепе Меаца“.