Падот на лирата ги гасне социјалните мрежи во Турција


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Затворањето на социјалните мрежи Турција го смета за една од „неопходните правни мерки“ во ситуацијата кога лирата доживува вртоглав пад на вредноста, поради тоа тоа што таму се шират информации за падот на турската национална валута во однос на доларот.

Информациите за падот на лирата , создаваат негативна перцепција за турската економија , соопшти Министерството за внатрешни работи на Турција. Министерството не објаснува зошто правните мерки за заштита се однесуваат само на социјалните мрежи и колку и чии приватни профили ќе бидат затворени.

Од таму соопштуваат дека од 7 август биле идентификувани 346 профили на социјалните мрежи кои на провокативен начин објавувале коментари за слабеењето на турската лира.

Турската лира во однос на американскиот долар претрпе сериозен пад од околу 30 проценти .