Паднала секирата во медот: За 10 долари си лапна 2,4 милиони


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Жена од Њу Џерси, чиј идентитет не е откриен, е прогласена за најсреќна личност во САД, откако после само едно вртење на апаратот во едно казино, за влог од 10 долари, беше добитник на премија од 2,4 милиони долари.

Неименуваната жена играла на „слот“ машина Wheel of Fortune Double Sapphire Gold Spin во Borgata Hotel Casino & Spa во Атлантик Сити.

„Каков крај на летото. Нешто после 15 часот жена од Њу Џерси го освои големиот џек-пот на „Тркалото на среќата“ и тоа уште при првото вртење. Освои 2.481.940 долари. Честитаме“, напишаа на Твитер од казиното.