Падна цената на нафтата – дали тоа ќе ја поевтини и малопродажната цена?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Цената на суровата нафта на светските берзи доживеа пад. Со тоа се влева надеж дека при следната корекција на цените, Регулаторната комисија за енергетика ќе одлучи за понзачително поевтинување на нафтените деривати во малопродажба во Македонија.

Нафтата од типот „брент“ на берзата во Лондон денеска се продава за најниска цена од почетокто на оваа година. Имено, во моментов, барел нафта чини околу 64,3 долари, што е за над 5 долари помалку по барел во споредба со 69,6 колку што Регулаторна пресмета дека била просечната цена во изминатите 2 недели.

Трендот на намалување почна со крајот на минатата недела, кога во само еден ден, барелот поевтини за скоро 3 долари.

Регулаторната комисија последната корекција ја направи во понеделникот, што значи дека до следната корекција имаме уште 10 дена, период во кој доколку продолжи трендот на намалување на цените, извесно е дека литар гориво ќе поевтини за повеќе од 3 денари.