Падна светскиот рекорд во мартон: Кениецот Кипчоге нов рекордер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мартонецот Елиуд Кичопге постави нов светски рекорд на денешниот маратон во Берлин откако патеката долга 42.195 километри ја истрча за време од 2.01.39.

Кипчоге со одличното време го собори рекордот на неговиот сонародник Денис Кимето.

Кимето во 2014 година на истиот маратон постави светски рекорд од 2.02.57 кој беше актуелен се до денес.

Колку Кениецот беше спремен да постави рекорд покажа и фактот што „зајаците“ (тркачите задолжени за подобрување на време) беа зад него после нешто повеќе од половина од делницата, односно после 25 километри.

Најдобриот резултат на овој маратонец до денес беше 2.03.05 часа кој го постави во Италија на маратонот во Монца.

Треба да се истакне и дека има резултат од 2.00.25, но ИААФ не го призна тој резултат како официјален.