Падна романската влада – изгласана недоверба на премиерката Данчила


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Парламентот на Романија изгласа недоверба на социјалдемократската влада на премиерката Виорика Данчила што значи пад на романската влада, пренесе Тасс.

На заедничката седница на двата дома на парламентот во Букурешт вкупно 238 пратеници и сенатори се изјаснија дека ја сакаат  оставката на владиниот кабинет, а седницата беше пренесувана во живо од главните романски телевизии. За изгласување недоверба на владата беа потребни минимум 233 гласа.

На овој начин опозициските партии ќе треба да формираат нов кабинет, на чело со премиер, кој ќе биде назначен од претседателот Клаус Јоханис.