Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Иако Манчестер Јунајтед цело лето бата играч на неговата позиција и некој кој ќе донесе свежа крв во екипата, Мајкл Керик и натаму има голема доверба од страна на Жозе Мурињо.
Португалецот тоа го покажа најпрво со продолжувањето на договорот со искусниот играч за врска до јуни 2018. година, а денес и со одлуката Керик да биде новиот капитен на „Црвените ѓаволи“.
Ова е и логичен избор до некаде, со оглед на тоа дека Керик е играч со најдолг стаж во клубот од актуелните првотимци, но и претставува продолжена рака на тренерот на теренот.
Капитенската трака ја наследи од Вејн Руни кој ја носеше во изминатите три години. Пред Руни, капитен три години беше Немања Видиќ, а претходно и Гери Невил шест години, Рој Кин осум години, Ерик Кантона една година, Стив Брус две години.
Сега е редот на Керик да ја продолжи традицијата на Манчестер Јунајтед. Но, само на една сезона бидејќи верувале или не, многу е голема веројатноста тој да и стави крај на својата кариера следното лето.