Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Јубилејната 90-та свеченост посветена на доделувањето на филмските награди Оскар забележа пад на гледаноста во однос на минатите изданија.
Телевизискиот пренос на овогодинешното доделување на Оскарите го следеа само 26,5 милиони гледачи, што е најниска телевизиска гледност во историјата. Оскарите оваа година ги следеа 20 насто помалку гледачи, а прв пат таа бројка е под 30 милиони.
Претходниот рекорд на најслаба гледаност беше забележан во 2008 година, кога домаќин беше Џон Стјуарт, а Оскар за најдобар филм освои „No Country For Old Men“. Тој пренос го следеа скоро 32 милиони гледачи.
Падот на гледноста на доделувањето на Оскарите се припишува на четиричасовното траење на емисијата, но и номинациите во помалку популарните филмови како „Darkest Hour“ и „Call Me By Name“. Освен тоа, не е номиниран ни блокбастерот „Wonder Woman“, како ни Марвеловиот „Black Panther“ кој моментално е најголем кино хит.
Најгледана церемонија на доделување на Оскари досега е онаа во 1998 година, кога „Titanic“ растури во сите категории, освен за најдобра машка и женска главна улога.