Home Спорт ПАДНА ДОГОВОР: Се чека само потписот на Пјаниќ!

ПАДНА ДОГОВОР: Се чека само потписот на Пјаниќ!

Миралем Пјаниќ се поврзуваше со трансфер во неколку европски гиганти, а Јувентус за неговата слобода бараше 100 милиони евра.

Меѓутоа, италијанските медиуми пренесуваат дека Пјаниќ во наредните часови ќе стави потпис на нов договор со „старата дама“.

Двете страни постигнаа договор и Босанецот ќе добие покачување од 1,5 милиони евра, па со новиот договор ќе заработува 6 милиони евра по сезона. Се уште не е одлучено дали договорот ќе биде на четири или пет години.

Пјаниќ се етаблираше во еден од најважните фудбалери на Јувентус изминатите две сезони, па не чуди интересот од многу европски гиганти.

Меѓутоа, „бјанконерите“ не сакаат да се разделат со плејмејкерот, па поради тоа му понудија нов договор, кој ќе биде потпишан во наредните денови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…