Падна договор: Обамејанг во Кина за 72 милиони!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иднината на Пјер Емерик Обамејанг веќе подолго време беше главна тема, напаѓачот се поврзуваше со многу европски гиганти, но најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Кина.

Имено, германските медиуми пренесуваат дека трансферот е договорен и дека Обамејанг кариерата ќе ја продолжи во Кина, во дресот на Гуангжу Евергранде.

Кинескиот клуб веќе има договор со Борусија Дортмунд и за потписот на Обамејанг ќе искешира 72 милиони евра.

Напаѓачот наводно веќе прифатил да се пресели во Кина и имал разговор со тренерот Фабио Канаваро, кој минатото лето го сакаше во Тијанжин.

„Милионерите“ како замена за Обамејанг ќе тргнат по ѕвездата на Лајпциг, Тимо Вернер за кого се спремни да платат 50 милиони евра.