Падна договор: Наќе Чулев ќе биде министер за внатрешни во техничката влада


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Со образложение дека Наќе Чулев е долгогодишен професионалец вработен во Агенцијата за разузнавање, одличен познавач на безбедносните прашања и ново лице во политиката, опозициската ВМРО-ДПМНЕ го предложи ова име за технички министер за внатрешни работи во привремената техничка влада која треба да ги организира предвремените парламентарни избори во април. Предлогот беше прифатен од владејачката СДСМ, пренесува Телма.

Чулев е дипломиран криминалист со повеќе обуки и усовршувања во Германија, Велика Британија, Бугарија и во други европски земји. Работи во Директоратот за разузнавање на меѓународен тероризам и организиран криминал. Од 2013 до 2017 бил директор на Агенцијата за разузнавање а во наредните две години генерален помошник на директорот. Тој е редовен предавач на Дипломатската академија на МНР.

Владеачките партии немаат ништо против ваквиот предлог бидејќи со него е испочитуван Уставот.

СДСМ: Со овој предлог не се крши Уставот, не станува збор за воено или униформирано лице и не е под обвинение. Се исполнуваат условите предлогот да оди на гласање во Собранието заедно со целата преодна Влада.

ВМРО ДПМНЕ тврди дека и нивниот прв предлог – Драган Ковачки да биде технички министер, не е противуставен. Оспорувањето од СДСМ го сметаат за страв од избори.

СДСМ инсистира на почитување на Уставот. Откако опозицијата поднесе уставен предлог, велат, нема причина да не се пристапи кон гласање на техничката Влада.

Техничката Влада ќе ја предводи актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. По предлог на опозицијата, министер за труд и социјала ќе биде Рашела Мизрахи, а дополнителни заменици министри Гордана Димитриеска-Кочоска во финансии, Цветан Трипуновски во земјоделство и Невенка Стаменковска во информатичко општество. По предлог на СДСМ, дополнителни заменици ќе бидат Славјанка Петровска во МВР и Санела Шкријељ во труд и социјала.

СДСМ го прифати предлогот Чулев да биде министер.

Со овој предлог на ВМРО ДПМНЕ не се крши Уставот, не станува збор за воено или униформирано лице и не е под обвинение. Со тоа се исполнети условите предлогот да оди на гласање во Собранието заедно со целата преодна Влада која треба да ги спроведе изборите на 12-ти април.