Падна договор меѓу СОНК и МОН: Од 1 јануари 2020 10% покачување на платите за наставниците


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


СОНК и Министерството за образование денс постигнаа договор во врска со покачувањето на платите на наставниците од 10 проценти, од 1 јануари 2020 година.

Од МОН велат ова е историски договор.

– Се враќа дигнитетот на наставничката професија. Горди сме што интензивно преговаравме со СОНК за наставниците да имаат достоинствени плати, истакна министерот Арбер Адеми по средбата со претставниците на СОНК.

Од Синдикатот посочија дека преговорите тука не застануваат. Во следниот период ќе се разговара за воведување на К15, исплата на прекувремени часови и почитување на колективните договори.