Падна директно на лице: Мирен „ја бакна“ улицата во Кан


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кан како да е малерозно место за британската актерска дива Хелен Мирен, која повторно имаше незгода во монденскиот град. Актерката доживеа непријатен и незгоден пад додека се шеташе по канските улици.

За британската глумица ова не е прв пат да ѝ се случи вакво нешто. Пред две години во Кан, таа падна на црвениот тепих, овој пат на сред улица во Кан.

71-годишната лумица пристигна во Кан за да присуствува на многубројните филмски премиери и забави кои се организираат по повод на 71 – от Меѓународен филмски фестивал.

Мирен опуштено се шетала низ градот во впечатлив виолетов капут, а после тоа доживеа непријатен пад на сред улица.

„Хелен падна директно на лице и сите истрчаа да ѝ помогнат”, рекоа очевидците и додале дека изгледала малку “потресено”.

Сепак, ова не е прв пат глумицата да падне на Канскиот фестивал. Имено на премиерата на филмот “The Unknown Girl” во 2016 година истото ѝ се случило на црвениот тепих.