Славни

Озил за расистичките навреди во германската репрезентација: „Таму ме нарекуваат турска свиња“

Германскиот фудбалер со турско потекло, Месут Озил, не ја добива посакуваната минутажа во Арсенал, а најави и крај на репрезентативните настапи во дресот на Германија поради страшни навреди кои ги доживувал во рамки на репрезентацијата.

Озил вели дека се нашол најпрвина на удар на германските медиуми, а потоа и на колегите од репрезентацијата по фотографијата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„После таа фотографија, се чувствував несигурно, добивав расистички навреди, дури и од политичари, и никој од националниот тим не излезе и не рече: ‘Запрете ги! Тој е нашиот играч и вие не можете да се однесувате така со него!’ Сите само молчеа. Од мене се очекуваше да се извинам за таа средба и да признаам дека не сум во право или повеќе да не сум добредојден во тимот. Никогаш нема да го сторам тоа.

Знаете, секогаш постоел расизам, а некои го користеле за да се ослободат. Исто како што имам право да се сликам со некого, така и секој има право некој да сака или не. Она што следуваше откри расизам. За жал, во Германија, расизмот веќе не е проблем на екстремната десница, тој е влезен подлабоко во општеството “, смета Озил во интервјуто за Атлетико, каде открива дека дури и соиграчите го нарекувале ,,турска свињо”.

Advertisements
To Top