Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека до крајот на преодниот рок Месут Озил би можел да го напушти Арсенал и Премиер лигата.
Озил во 2013 година го напушти Реал Мадрид и за 50 милиони евра се пресели во Арсенал, а сега за истата сума би можел да се врати во Бундес лигата.
Германскиот репрезентативец во Бундес лигата играше за Шалке и Ведер Бремен, а сега би можел да заигра за Борусија Дортмунд. Имено, „милионерите“ како замена за Дембеле сакаат да го донесат токму Озил.
Англиските медиуми пренесуваат дека Дортмунд доставил понуда од 50 милиони евра, а со оглед на фактот што Озил го нема продолжено договорот, голема е веројатноста „топџиите“ да прифатат.
Озил е спремен да ја напушти Премиер лигата и да се врати во татковината, па сега се е во рацете на Арсенал.