Вебкафе

Оживувањето на фамозната Мона Лиза

Ликот на Мона Лиза од славната уметничка слика чиј автор е Леонардо ДаВинчи, почна да зборува и да мрда со главата на видеото направено со помош од московскиот истражувачки тим на Самсунг , каде се користи т.н. ‘deepfake’ технологија.

Со помош на оваа технологија може да се направи и лажно видео и приказ од секоја личност , така што научниците се плашат дека може да се злоупотреби ако се користи во погрешни цели освен за забава. Алгоритамот бил тестиран на јавната база на податоци од 7.000 познати лица, преземени од YouTube.

Системот ги мапира цртите на лицата и движењата, со цел да ја „оживее” фотографијата. Оваа технологија е искористена и да се покажат движењата на Салвадор Дали, Алберт Ајнштајн, Фјодор Достоевски и Мерилин Монро.

Advertisements
To Top