Овци во пелени за научни потреби


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со цел истражување за подобруваењ на земјоделско-сточарскиот профит, група бразилски научници им облекоа пелени на овците од едно стадо и ги опремија со микрофони.

Целта на овој експеримент е да помогнат во зголемување на профитот од земјоделството. Тимот истражувачи, од компанија за истражување и развој на земјоделството во јужниот дел на Бразил, се надеваат дека ќе ја утврдат идеалната должина на тревата за добиточна храна.

Тие се надеваат дека овие информации ќе обезбедат сигурна формула за подобрување на профитабилноста на земјоделската индустрија преку производство на поголемо количество млеко.