Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еве кои овошни сокови се најздрави и за што кој е добар.
Сок од портокал: Го спречува воспалението
Пиењето на неколку чаши сок од портокал, го спречува воспалението во организмот и ги намалува евентуалните оштетени крвни садови, покажа истражувањето.
Овој ефект го има благодарение на флвонидите, билните пигменти кои имаат анти-воспалителни својства.
Лимонада: Го спречува создавањето на каменот во бубрег
Неколку студии покажаа дека лимондата помага во спречување и создавање на камен во бубрегот, инаку многу болен здравствен проблем.
Лицата кои имале камен во бубрегот, можат за 90% да го намалат ризикот од нивното повторно создавање.
Сок од грозје: Ги подобрува мозочните функции
Грозјето е добар извор на антоцијанин, антиоксиданси, кои ги подобруваат мозочните функции. Во една студија, возрасните кои пијат по една чаша од овој сок дневно, во траење од 12 недели, имаат значително подобри резултати на тестовите за меморија.
Сок од брусница: Оддржување на здрав уринарен тракт
Ако зборуваме за сок кој нема дополнителен шеќер, чашата сок од брусница има само 45 калории и ги спречува инфенциите на уринарниот тракт, а го подобрува и кардиоваскуларното здравје, благодарение на моќните антиоксиданси и флавонисите.
Сок од зеленчук: Го намалува ризикот од рак
Доматото содржи ликопен, кој го намалува ризикот од рак на простата и од другите негови облици. Сокот од зеленчук е богат со витамини и минераи, како и влакна кои ќе ве држат сити со часови. Затоа, изберете ваш омилен зеленчк и направете си сок по свој вкус.
Сок од слика: Помага при варењето на храната
Овој сок е богат со антиоксиданси, калиум и влакна. Покрај тоа, содржи природни лаксативи кои помагаат во регулирањето на системот за варење.