Овошје коe ќе ви помогне да изгубите тежина

Овошје коe ќе ви помогне да изгубите тежина

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Можеби се прашувате зашто вклучувањето на овошје во диетата помага при губењето на килограми.

Кога сте гладни, вашиот организам се дехидрира и им недостигаат есенцијални нутриенти. Овошјето содржи голем процент на вода, како и витамини и минерали кои ќе му помогнат на вашиот организам да се почувствува сит. Најдоброто овошје за губење на килограми е тоа со малку калории и многу влакна.

Неколку видови овошје кои ќе помогнат во губењето на килограмите.

  • Грејпфрут

Грејпфрут е одлично, ниско калорично овошје, кое ќе ви помогне да го задоволите гладот. Ако појадувате барем пола грејпфрут пред оброк, сосема сигурно ќе ослабете. Грејпфрут содржи многу вода и влакна и исто така може да ви помогне да го смирите нервозниот стомак. Додадете грејпфрут во смути или салата за најдобри резултати. Грејпфрутот е познат како овошје што помага во забрзувањето на метаболизмот.

  • Боровинки

Боровинките се полни со антиоксиданси и се од голема помош при слабеење. Добри се за мозокот и содржат голема количина витамин C. Содржат многу нутриенти поради својата тамна боја. Боровинки се јадат свежи или замрзнати.

  • Лубеница

Лубеницата е одлична за хидратација, а истовремено е ниско калорична. Водата од овошјето, многу повеќе го хидрира телото од водата, бидејќи се наоѓа во облик на желе и не поминува низ телото со голема брзина, што ви помага да останете хидрирани подолго. Кога почувствувате потреба за нешто слатко, најдобро е да земете лубеница. Можете да направете и одличен сок или ја искористите за смути.

  • Киви

Кивито содржи повеќе витамин C отколку портокалот, а семето, кое е меко и лесно поминува низ телото, содржи влакна што помагаат при слабеење. Кивито е ниско калорично овошје, преполно со нутриенти, и затоа се класифицира како идеална храна. Земете киви како десерт, наместо торта или сладолед.

  • Јагоди

Јагодите содржат многу витамин C, а голема предност на јагодите е што ја стимулираат секрецијата на хормон кој е важен за слабеење. Внимавајте и секогаш конзумирајте органски јагоди, за да избегнете внесување на штетни пестициди кои некои видови овошје ги содржат. Можете да ги јадете нормално, да ги исечете за салата или да ги користите за приготвување на фантастичено зелено фрапе. Јагодите помагаат во регулирањето на крвниот притисок и нивото на инсулин по јадење, исто така.

  • Диња

Дињата исто така го хидрира телото и содржи витамини B, витамин C, цинк и уште многу други витамини кои се потребни. Ова овоше е ниско калорично и одлично за доручек. Искористете ја можноста кога почнува сезоната на дињи и кога може да ги купите по разумна цена, и искористете ја како замена за сите нездрави храни кои инаку ги користите за појадок.

  • Кокос

Кокосот ќе ви помогне да го забрзате метаболизмот, што ќе резултира со фантастични резултати кога станува збор за слабеење. Кокосовото масло содржи здрави масти, добри за мозокот. Кокосот исто така содржи калиум, кој е есенцијална материја, што помага во регулирање на депресијата кај жените. Кажано е дека кокосовото масло ја содржи најздрава форма на масти, која нема да ви додаде килограми. Не се измамувајте дека конзумирањето на пастеризирано кокосово млеко ќе ви даде било какви резултати. Ако сакате да слабеете, конзумирајте сиров кокос, кој најчесто е достапен во продавници со здрава храна. Од сиров кокос можете да пиете вода и да го јадете месо во внатрешноста на кокосовиот орев, кое е полно со влакна. Исто така, можете да го исушите месото од кокос и да го јадете како закуска, или да го сечете и да го ставите во фрапе.