Овој „ѕвер“ е новиот крал на Нирбургринг (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Porsche 911 GT2 RS веќе не го држи рекордот за најдобро остварено време на стазата Нирбургринг (6:47,3) во категоријата продукциски автомобили, бидејќи најмоќниот Aventador досега изработен низ „зелениот пекол“ протатни за 6 минути и 44 секунди и 97 стотинки.

Ако се изземе апсолутниот рекорд на фамозната Nürburgring Nordschleife од 5 минути, 19 секунди и 55 стотинки, кој зад управувачот на модифициран прототип на 919 од Porsche LMP1 го постави германскиот возач Тимо Бернхард, во категоријата продукциски автомобили Porsche веќе не е на тронот од стазата.

Од тронот Porsche 911 GT2 RS го истисна Lamborghini Aventador SV Jota со кој фабричкиот возач Марко Памели 20,6 километри долгиот автодром го измина за 6:44,97, што е аз 2,33 секунди подобро време од претходниот рекорд на споменатиот модел.

Опремен со активна аеродинамика на каросеријата (ALA – Aerodinamica Lamborghini Attiva), додатно олеснет во однос на LP 750-4 SV, Aventador SVJ го движи централно сместен 6,5-литарски V12 мотор кој на двете осовини, неофицијално, испорачува 770 коњски сили. На една коњска сила, во овој случај, одат само 1,98 килограми.

Lamborghini уште ги нема симнато шарените камуфлажни фолии од најмоќниот Aventador досега, чија премиера пред публиката е планирана за втората половина на август.