Овој викенд скратен полициски час од 19 часот до 5 часот наутро – препорака на Филипче


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На денешната прес-конференција за мерките кои ќе се преземаат за идно попуштање на рестриктивните мерки за движење заради коронавирусот, министерот за здравство, Венко Филипче рече дека утрово имале состанок на Комисијата за заразни болести и во однос на дел од дискусиите предложиле полицискиот час за викенд да почнува од 19 часот и таквиот предлог е предаден до Владата. Во однос на олабавувањето на мерките Филипче појасни дека останува да ја следат состојбата, па потоа да се даде предлог до Владата.

Министерот за здравство го осуди и собирот во Струга.

„Овој чин во Струга е непочитување на здравствените работници, како и на сите оние кои 2 и пол месеци работат пожртвувано, но и непочитување на граѓаните. Најостро ги осудувам сите кои не ги почитуваат мерките и очекувам темелна истрага за овој собир и институциите мораат да ги казнат оние кои учествуваат во вакви собири. Утрово разговарав со реисот на ИВЗ и со поглаварот на МПЦ и укажав дека нема да се толерираат собири. Верувајте дека секое неодговорно однесување може да не врати на почеток на епидемијата”, рече Филипче.

„Апсолутно повикувам институциите да расчистат кој ги прекршува правилата. Собир е собир и има причина зошто не може да се собираат повеќе од двајца. Секое непочитување на мерките може да не врати назад и да скокне бројот на заразени лица. Ако и утрешната бројка е ниска како денес, и да не биде како вчера ќе биде препорачано постепено да се отворат институциите кои вршат едукации. Но сите овие предлози ќе се кажат на утрешниот состанок”, појасни Филипче.