Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Верувале или не, овој концепт промовиран во 2016 година влегува во сериско производство и тоа во веројатно не премногу модифицирано издание.
Моделот Escala од Cadillac беше презентиран во Монтро во рамки на Pebble Beach Concours d’Elegance, а автомобилот предизвика огромен интерес. Речиси 5,4 метри долгата лимузина со форма на купе многумина ја опишаа како американски одговор на Mercedes CLS и Audi A7.
Овој концепт го движи 4.2-литарски V8 мотор со околу 500 коњски сили и систем за деактивација на цилиндрите. Но, во Cadillac не се замараа многу со бројките, туку се обидоа да ги доловат реакциите на публиката на предлог на новите дизајнерски стремежи.
Време има, па се претпоставува дека Escala технолошката основа ќе ја има во моделот СТ6, а на патиштата би требало да стигне кон крајот на 2012 година.