Овој трик кој може да го направите под тушот ќе го забрза вашиот метаболизам и ќе ви помогне да ослабнете?!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Доколку не можете да издржите ден без две или три шољи кафе, време е да најдете нов извор на енергија. Обидете се со овој утрински трик од 90 секунди, кој ќе стане неопходен дел од вашата секојдневна рутина.

Откако ќе го направите утринското туширање, пробајте го овој освежувачки хидротерапевтски трик поради кој ќе ви треба барем една шоља кафе помалку.

Наместето го тушот на што поладна вода (колку што можете да поднесете) и поливајте се така 30 секунди. На почетокот водата ќе ви биде речиси неподносливо ладна, но брзо ќе се навикнете. Не правете го ова нагло туку тргнете со поединечните делови од телото, а потоа опфатете го цело тело.

Потоа подесете го тушот на врела вода и поливајте се со неа во следните 30 секунди. Врелата вода ги проширува капиларите, ја зголемува циркулацијата, па го стимулира цело тело.

На крајот, ставете го повторно тушот на ладна вода и капете се така 30 секунди.

Не само што потполно ќе се разбудите и ќе бидете подготвени за нови предизвици, туку овој метод ќе ви помогне да бидете под помал стрес, го засилува имунитетот, ја зголемува способноста организмот да ги согорува маснотиите и ќе го подобри вашето општо расположение.