Овој татко е за во затвор – веднаш! (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


46-годишниот татко од Украина Артем беше снимен како бесчувствително ја фрлил малата ќеркичка по скали поради тоа што се расправала со својот брат.

Артем е уапсен и испитан во полиција откако шокирани граѓани објавиле вознемирувачко видео на социјалните мрежи.

Безбедносните камери го забележале целиот инцидент кој се случил во покраината Ривна во Украина, кога татко ја фрлил својата ќерка по скали само поради тоа што таа се расправала со својот брат околу тоа кој од нив ќе ја турка количката во еден маркет пренесува „Мирор“.

Таткото Артем кој има четири деца, својата ќерка Анжелика ја извлекол од маркетот и потоа ја турнал по скалите и ја остави надвор.

Малото девојченце паднало директно на бетонот шокирана од постапката на нејзиниот татко. Лутиот Артем пак од друга страна ноншалантно се вратил во маркетот.

Малото девојче во овој инцидент добила модринки, но по падот станала и се вратила во продавницата.

Артем во полиција тврдел дека неговата ќерка паднала сама откако ја извлекла својата рака од неговата, пренесе „Daily Mail“.

Портпаролката на полицијата Зориана Мелник изјавила дека видеото поставено на социјалните мрежи го привлекло вниманието на полицијата по што тие го испитале и уапсиле Артем.

Артем поради фрлањето на ќерката по скали е обвинет за родителско негрижа и сега се соочува со една година тешка работа ако се докаже дека е виновен за делото.