Овој смартфон никој не сака да го купи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кон средината на минатата година на пазарот се појави Solarin, супер-безбеден паметен телефон од израелската компанија Sirin Labs. Тие преку crowdfunding модел собраа 72 милиони долари за наведениот проект, кој сега западна во големи проблеми.

Имено, Solarin чини 14.000 долари плус ДДВ, ако го нарачате, пример, од Македонија. Мобилните со толку висока цена не се ретка појава, но за возврат обично добивате куќиште опточено со злато, платина или дијаманти. Solarin, од друга страна, нуди безбедност без преседан, бидејќи по желба можете да го префрлите на безбеден режим на работа и така да овозможите само појдовни повици и шифрирани текстуални пораки.

Уште по премиерата на мобилниот, производот го дочекаа критики: Оперативниот систем му беше Android 5.1 Lollipop  тоа во време кога следната генерација на оперативен систем од Google веќе добро загази на пазарот. Ниту чипот не му беше нешто свеж, бидејќи имаше со години стар Qualcom Snapdragon 810. Камерата од 23 мегапиксели се покажа како бавна и резултираше со матни фотографии.

Се продадоа само 750 примероци

Како што пренесува Android Authority, Sirin Lab моментално се наоѓа во сериозни проблеми. Во рамки на реструктурирањето на компанијата, бројот на вработени е намален за третина, а во моментов работат на осмислување на нова производна линија.

Според зборовите на Моше Хогег, основач и сопственик на Sirin Labs, нивниот паметен телефон досега заработи околу 10 милиони долари. Тоа значи дека досега се продадени 750 парчиња, што е малку дури и за мобилен телефон кој чини толку пари. Секој производ генерира сопствена побарувачка, па дури и ваков хардверски примерок, но во поглед на безбедност имаме атрактивен уред.